Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во Хаг, Холандија, каде пред повеќе големи холандски компании ќе ги презентира можностите за инвестирање и поволностите што ги нуди државата за водење бизнис. Во составот на македонската делегација се и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф и заменик директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Климент Шекеровски. Бизнис форумот се организира во соработка со холандскиот Совет за промоција на трговијата и Светскиот трговски центар на Холандија. Неколку холандски компании веќе имаат инвестирано во Македонија и…
повеќе...Tag: холандија
Македонија како земја на езера и квалитетно вино промовирана на саемот за туризам во Утрехт, Холандија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот според програмските активности за 2015 година од месец јануари започнува со промовирање на туристичките потенцијали на Македонија и привлекување на потенцијални туристи со учество на интернационалните саеми за туризам. Со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда, четврта година по ред Македонија учествува на саемот за туризам во Утрехт, Холандија од 13-18ти Јануари, 2015. Саемот за туризам во Утрехт, “Vakantiebeurs” е место за повеќе од 1.400 егзибитори од целиот свет и повеќе од 100.000 посетители за…
повеќе...Времена забрана за увоз на живина и живинско месо од Холандија, Германија и Велика Британија
Во насока на преземање на превентивни мерки за заштита од пренесување на болеста Птичји грип во Република Македонија, по добиено известување од Европската комисија за присуство на оваа болест, Агенцијата за храна и ветеринарство изрече мерка времена забрана за увоз на пратки од живина и производи од живинско месо ( вклучително и јајца) по потекло од Холандија, Германија и Велика Британија. Надзорот на појавата и присуството на оваа болест во Република Македонија се врши согласно позитивните законски решенија предвидени со Законот за ветеринарно здравство, Програмата за сузбивање и искоренување на…
повеќе...Холандска донација за охридската противпожарна единица
Во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески, денеска во Територијаната противпожарна единица, беше примопредадена донацијата од противпожарната единица од градот Лејден од Холандија во вредност од околу 120 илјади евра. Донацијата се состои од 83 заштитни одела,обувки, наочари и други шпмали делови од противпожарната опрема. „Се надевам дека ова е само почеток на тесната соработка меѓу двете противпожарни единици.Им изразувам благодарност на сите оние кои изминативе неколку месеци вложија напори, да се обезбеди оваа донација и да се транспортира до Охрид,“ рече градоначалникот Никола Бакрачески. Командирот на противпожарната единица од градот…
повеќе...