Охрид солидарен за Скопје: Естрадата пееше и донираше за поплавените

Дел од македонската естрада вчера настапи на Градскиот Плоштад во Охрид и здружено со граѓаните донираа за поплавените семејства во Скопје. Кутиите за донации за кратко време се наполнија, а донации стигнуваа и од странските туристи кои не ги криеа своите солзи. Анастасија Петреска, нејзиниот татко Наум, Боби Мојсовски, Ѓоко Таневски, Татјана Стефановска, Зуица Лазова и организаторката Елена Велевска се само дел од пејачите кои настапија на овој хуманитарен настан. Апелираат до сите колеги кои не беа во можност да настапат, да донираат за настраданите подрачја. Освен паричните донации, се…

повеќе...

Иванов: Неопходен е нов пристап за превенција и решавање на кризите

Неопходен е континуиран ангажман во мировните процеси, што ќе овозможи трајно решавање на конфликтите. Република Македонија е подготвена да биде вклучени во процесите на градењето мир во светот, истакна претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на отворањето на Светскиот хуманитарен самит, кој се одржува денеска во Истанбул, во организација на Обединетите Нации. „Агендата за хуманост има за цел ставање крај на страдањата со кои се соочуваат милиони. Република Македонија силно ја поддржува оваа агенда и повикува на храбро политичко лидерство”, порача македонскиот претседател. Претседателот Иванов истакна дека Конфликтите кои…

повеќе...

Претседателот Иванов ќе учествува на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Република Турција, каде ќе учествува на Светскиот хуманитарен самит што се одржува во Истанбул, во организација на Обединетите Нации. Во рамки на Светскиот хуманитарен самит, кој се одржува по прв пат, претседателот Иванов ќе има свое обраќање на пленарната сесија на тема „Политичкото лидерство во превенирање и решавање конфликти”, и ќе учествува на лидерскиот сегмент, заедно со останатите шефови на држави и влади. На Светскиот хуманитарен самит е најавено учество на околу 5.000 учесници, вклучувајќи…

повеќе...

Доделени хуманитарни пакети на семејства од социјален ризик

Општина Охрид во соработка со Црвен Крст – Охрид, денеска доделија 40 пакети со прехранбени и средства за хигиена на семејствата од социјален ризик во Охрид. На чинот на доделувањето на помошта беше заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. Денешниот настан е продолжување на хуманитарната акција што по повод неделата на солидарност и Велигденските празници на крајот од месец април ја организираа општина Охрид и Црвен Крст. Тогаш беа доделени хуманитарни пакети на 76 социјално загрозени семејства.

повеќе...

Основците од „Живко Чинго“ се вклучија во Неделата на солидарноста

ОУ „Живко Чинго“, Велгошти се вклучи во одбележувањето на Неделата на солидарноста од 18-24 април, под мотото „Вашиот прилог – Значајна помош“. „Учениците и вработените од нашето училиште организираа Хуманитарна акција, во која се собраа пакети со храна и облека, кои ќе бидат донирани на граѓани од Охрид и Дебрца на кои им е неопходна помош од ваков вид.“- велат од училиштето.

повеќе...

Хуманитарен натпревар Компас 2016 „Истражи го Охрид“

Црвен крст Охрид, во соработка со Извидничкиот одред Пионер од Охрид и во партнерство со основните училишта од Охрид, годинава повторно ќе го организира хуманитарниот натпревар КОМПАС 2016, за ориентација во урбана средина, под мотото ИСТРАЖИ ГО ОХРИД. Настанот ќе се одржи денес со почеток во 9 часот на Градски Плоштад „Св.Климент Охридски“. Хуманитарниот натпревар Компас 2016 е во организација на волонтерите на Црвен крст Охрид вклучени во програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности), во која околу 30 обучени волонтери на возраст помеѓу 13 до…

повеќе...

Хуманитарна акција „Готвачите и хуманоста“ во маркет „Тамаро 6“ Охрид

Овој вторник, на 22ри март, со почеток во 11:00 часот, „Гастромак“ и „Тамаро“ маркетите, поддржани од националната Алфа телевизија, како и од проектот „Вкусот на традицијата“ на Адријана Алачки ќе одржат хуманитарна акција „Готвачите и хуманоста“ во маркет „Тамаро 6“, кој се наоѓа на улицата „7 ноември“ во Охрид, во состав на фабриката „Братство“. „Популарната Алачки и уште двајца врвни кувари ќе готват вкусни специјалитети на посебно подготвена сцена, а целата акција ќе биде искористена и во хуманитарни цели за уште еднаш ќе подадеме рака за оние на кои им…

повеќе...

Средношколците од „Ванчо Питошески“ се вклучија во активностите за помош на малиот Кирил

На иницијатива на ученичката заедница и младинската организација, денес, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се организираа хуманитарна акција за прибирање средства за помош на малиот Кирил Митрески. Учениците од ова училиште подготвија пирошки кои им беа понудени на вработените и учениците. Средствата кои се собраа од оваа хуманитарна акција ќе бидат уплатени на сметката за донации. Учениците му посакаа побрзо оздравување и среќно детство.

повеќе...

Доделени хуманитарни пакети на семејства од социјален ризик

Во пресрет на Богојавленските празници, како изминатите две така и оваа година Општина Охрид во соработка со Црвен Крст денеска додели пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена на 50 социјално најзагрозени семејства од Охрид. На хуманитарниот настан присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој рече дека вакви акции и во иднина ќе организира или кон нив ќе се приклучува Општина Охрид. „Ние се трудиме во текот на целата година низ различни акции да има вакви настани, а оваа во пресрет на празникот Богојавление веќе прераснува во традиција. Со…

повеќе...

Хуманоста на дело „Предновогодишен хумантиран концерт“ на охридската Гимназија

На 29-ти декември во 20.00 часот ОСУ „Св. Климент Охридски” приредуваат спектакуларен Хуманитарен концерт во Центарот за култура „Григор Прличев” под мотото „Let’s get Loud – Хуманоста на дело” и порачуваат: „Ние не сме професионалци ние сме гимназијалци кои ќе го кренат својот глас во името на хуманоста. Дојдете да го видите најдоброто од Охрид !!!!! Ве очекуваме заедно да ја завршиме годината со најголемта журка во градот ..можеби и пошироко. LET’S GET LOUD AND PARTYYYYYYYYY!“

повеќе...