Вчера на стрелиштето во Штип се одржа првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кој учествуваа 40-тина стрелци од повеќе градови во Македонија, во дисциплина возд. пушка и пиштол, во јуниорска и сениорска категорија. Младата јуниорка, Мартина Петровска од СК „Охрид“, ги совлада двете потенцијални олимписки кадидатки Ана Иваноска и Нина Балабан со резултат од 387 ( цели кругови) и со тоа покажа дека наградата најперспективен млад спортист за 2015 год. на град Охрид, заслужено припадна во нејзини раце. „Нејзиниот стрелачки потенцијал, смиренст и посветеност на тренинзите ветува…
повеќе...Tag: штип
Почна изградбата на новата Клиничка болница во Штип
Во Штип денеска е поставен камен темелникот на новата Клиничка болница, инвестиција вредна околу 30 милиони евра и во која здравствени услуги ќе добиваат над 200.000 пациенти. На поставувањето на камен темелникот присуствуваа премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, министерот за здравство Никола Тодоров, двајцата директори на ФЗОМ, директорот на Бирото за лекови, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, двајцата пратеници во Собранието на РМ Никола Мицевски и Трајче Димков и градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев. Премиерот за спроведување на изборите Димитриев истакна дека му претставува големо задоволство што…
повеќе...Во Штип отворена првата универзитетска телевизија во земјава
На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип во присуство на заменик министерот за образование, Спиро Ристовски и на ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев денеска свечено беше отворена првата универзитетска телевизија во земјава „УГД-Телевизија“. Ристовски истакна дека отворањето на УГД-Телевизија е за потребите на студентите од сите факултети на штипскиот универзитет. „Телевизијата ќе емитува исклучиво едукативни, научно-истражувачки содржини, со цел информирање на сите студенти, не само во градот, туку секаде каде УГД има свои дисперзирани студии. Станува збор за најквалитетно опремено ТВ студио, во кое што ќе работат професионалци, а на мое лично…
повеќе...Нов експресен пат Штип-Радовиш, обезбедени 64 милиони евра од ЕБОР
Штип и Радовиш ќе се поврзат со експресен пат, чија изградба ќе почне на почетокот на следната година. Финсиските средства во износ од 64 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Договорот за обезбедените финансиски средства денеска го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот за транспорт на ЕБОР Сју Барет, директорот за Западен Балкан во ЕБОР Холгер Муент и директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов. „Изградбата на патот ќе претставува модернизација на патната инфраструктура во источниот дел на Македонија и југоисточниот…
повеќе...Ќе се гради експресен пат Штип-Кочани, обезбедени средства од ЕБОР
Македонија доби од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дополнителни 21 милион евра со кои се овозможува, наместо реконструкција на постоечкиот, изградба на нов експресен пат од Штип до Кочани. Договорот денеска во Лондон го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, првиот потпретседател на Банката Фил Бенет и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов. Експресниот пат ќе биде со должина од 28 километри и ќе има четири ленти. Ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, а ќе се влијае и на заштита на животната средина.…
повеќе...30 дена притвор за уличен крадец на златни ланчиња од Штип
СВР Штип до ОЈО поднесе кривична пријава против С.С.(19) од Штип поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела „разбојништво“ и пет кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин. Имено по преземени мерки и добиени оперативни сознанија од полициски службеници од СВР Штип за извршени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на подрачјето на град Штип каде жртви на напад се возрасни жени пријавениот е лишен од слобода и приведен во ПС Штип. Од извршениот разговор со сега веќе пријавениот било констатирано дека во…
повеќе...Груевски: Македонија е многу повеќе од конструирани прес-конференции на СДСМ, Македонија е народот
Трета недела по ред одиме на вакви собири, а во меѓувреме нашите партиски структури и истакнати личности ја крстосуваат Македонија, одат од врата на врата, од село во село, од град во град, одат со нашите аргументи, со нашите позиции, со нашите идеи и визии, со нашите дела, со нашата вистина, затоа што вистината не е монопол на еден залутан тип во политиката како што е тој од СДСМ, туку вистината се идеите, принципите, вредностите во кои веруваш и за кои се бориш. Ова го нагласи премиерот и лидер на…
повеќе...Голем народен собир на ВМРО – ДПМНЕ во Штип
ВМРО-ДПМНЕ утре во Штип одржува голем народен собир. Настанот е дел од на караванот на големи собири на низ целата држава. Досега ВМРО-ДПМНЕ организираше два големи народни собири во Скопје и Битола на кои присуствува голем број на граѓани. На собирот ќе се обрати претседателот на партијата Никола Груевски и останатите високи членови на партијата. Јавноста ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за актуелните прашања и предизвици со кои се соочува земјава.
повеќе...Инцидент во регионална дирекција Штип поради радиодифузната такса
Вчера, даночни службеници од Регионалната дирекција Штип при извршување на службените должности биле вербално нападнати од даночен обврзник. Имено, обврзникот кој заради неплатена радиодифузна такса добил решение за присилна наплата согласно законските процедури, ги нападнал вработените и употребил сила при што скршил врата од канцеларија во Регионалната дирекција Штип. Случајот е пријавен во СВР Штип. Во врска со Радиодифузна такса ова не е прв инцидент, во 2013-та година беше нападната даночена службеничка во Даночно одделение Куманово (види http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/403). Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од…
повеќе...Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Советите на млади од Охрид и Штип
Локалниот совет на млади при општина Охрид, викендов во Охруд“, потпиша меморандум за соработка со Советот на млади при општина Штип. Претседателите на двата совети се обврзаа во иднина да организираат заеднички активности за едукација на младите, како што се семинари, конференции, работилници и некои други проекти кои би биле во функција на двете институции.
повеќе...