Конкурсот „Млади поети“ за прв пат беше објавен на 09 октомври 2015 година со цел поттикнување на младите луѓе креативно да се изразат и да ги покажат своите поетски творби пред јавноста. Во досегашниот период до Агенцијата за млади и спорт пристигнаа поголем број на поетски творби, при што поради овозможување на учеството на поголем број на млади луѓе и нивно поттикнување да бидат дел од овој конкурс, Агенцијата за млади и спорт одлучи истиот да биде продолжен до 02 ноември 2015. Делата треба да се достават на следната адреса:…
повеќе...Tag: агенција
Означувањето на алергените во храната детално објаснето на угостителите
Унапредување на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти и новините во означувањето на храната беа тема на работилницата која во четвртокот, претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство ја одржаа со членките на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија. Работилницата е дел од Акциониот план на Агенцијата за храна и ветеринарство за унапредување на имплементацијата на HACCP угостителските објекти во Република Македонија. Како што беше истакнато, иако најголем дел од нив го имаат воспоставено системот за безбедноста на храна и предусловните програми, неминовно е истите постојано…
повеќе...Доделени ваучери за стипендиите „спортска надеж“
Агенцијата за млади и спорт осма година по ред доделува стипендии за млади талентирани спортисти. Ваучерите за популарно наречената стипендија „спортска надеж“ за годинава, денес во малата сала при СЦ „Борис Трајковски“ ги доделија директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински. „Велат победниците никогаш не се откажуваат, а откажувачите никогаш не победуваат. Како директор на институцијата која се грижи за развој на спортот, сакам да ви порачам упорно да тренирате, да бидете посветени, да ги слушате вашите тренери и верувајте…
повеќе...Дејан Недев на прием во Агенцијата за млади и спорт
Новиот светски шампион во карате, Дејан Недев и претседателот на македонската традиционална карате федерација Венцислав Недев остварија средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески. Неговото остварување е вистински мотив за младите во Македонија за занимавање со овој спорт. Агенцијата за млади и спорт ја продолжува поддршката која ја има кон Македонската традиционална карате федерација. „Покрај обезбедувањето на средства за стручниот семинар во Берлин, на кој Дејан Недев зема учество неодамна, а за кој Агенцијата обезбеди 200.000 денари, обезбедени се и десет стипендии „спортска надеж“ за најталентираните млади…
повеќе...Новините во означувањето презентирани и пред членките на Стопанската комора
Новите обврски за операторите со храна во однос на информациите поврзани со храната кои произлегуваат од Законот за безбедност на храната и неодамна донесениот Правилник за информациите поврзани со храната беа тема на работилницата за операторите со храна која вчера се одржа со претставници од членките на Стопанската комора на Македонија. На работилницата претставници од Агенцијата ја објаснија европската и националната правна рамка за означување на производите со ставање на акцент на означувањето на одредени категории производи кои се интерес за претставниците на членките на Комората. Објаснети беа основите на…
повеќе...Македонските граѓани јадат безбедна и здрава храна
Македонија произведува здрава храна и нејзината безбедност е на високо ниво, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м-р Зоран Поповски на промотивниот настан во Сити Мол по повод Светскиот ден на храната, 16 Октомври. Како што нагласи тој, на високо ниво е и системот за контрола, а имаме и мониторинг програми кои се усогласени со европските. На безбедноста на храната, според него, многу влијааат и хигиенските навики на потрошувачите. „Хигиенските навики на потрошувачите треба да се на многу високо ниво и треба да се знае дека сите…
повеќе...Основите на HACCP и новините во означувањето на храната презентирани и пред вработените во СОЗР
Во презентацијата, акцент беше ставен на процесот на контрола на приемот на суровините, одржување на опремата, хигиената и здравствената заштита на вработените во кујните, управувањето со отпад, како и контролата на можна физичка и хемиска контаминација на храната. Во рамки на презентацијата на Водичот за HACCP принципите за операторите со храна особено во угостителската дејност кој Агенцијата го подготви во соработка со Здружението на хотелиери на Македонија – ХОТАМ, истакнато беше дека за да се гарантира безбедност на храната, неопходна е соработка на сите вклучени чинители со системот за безбедност…
повеќе...Arkia Fly од Израел почнува со чартери кон Македонија
Тим предводен од Генералниот Директор на Arkia Itnernational, Дуду Макхлаб, денес на состанок со Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски, ја потврди својата намера за чартер летови кон Охрид почнувајќи од први јуни 2016 година. Планирани се два чартер летови неделно, а во моментов е во проверка на сместувачките капацитети низ Македонија, по што се очекува да се склучат договори за сместување на туристите од Израел во наредните три недели. Република Македонија со ова влегува во понудата на уште еден голем тур-оператор кој…
повеќе...Продолжуваат едукативните работилници за интензивирање на имплемнетацијата на HACCP во угостителството
Агенцијата за храна и ветеринарство ги продолжи активностите од Акциониот пан за интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти со одржување на едукативна работилница за операторите со храна од Кочанскиот регион. Пред повеќе од триесеттина претставници од операторите со храна од угостителскиот сектор, детски градински и училишни кујни од Кочани, берово, Виница и Делчево, презентирани беа основите на HACCP системот во угостителството и претставен беше Водичот за ХАСАП принципите за операторите со храна особено во угостителската дејност кој го подготви Здружението на хотелиери на Македонија – ХОТАМ во соработка…
повеќе...Македонија отсега на Google Street View
Од вчера можете виртуелно да го истражувате центарот на Скопје, да шетате низ Битола или да му се восхитувате на Охрид – градот на бисерите со лансирањето на новата Street View галерија во Македонија. Од живописните планински слики од Маврово и Ростуша, до прекрасното Охридско Езеро или Камениот мост во Скопје, 360 панорамските слики ги покажуваат некои од најважните туристички и историски локалитети и природна убавина на земјата. Македонците како и луѓето од целиот свет може да прават планови за патување, да ги проверат рестораните пред да пристигнат, да договорат…
повеќе...