Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе одлука за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД „Радио Охрид“ ДОО Охрид, откако беа исполнети законските услови, вели директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски. „Издавачот на медиум и во дополнителниот рок не ги изврши обврските предвидени со одредбите од Законот за медиуми“ – вели Трајчевски. Тој додава дека претходно на радиото, поради повеќекратно недоставување на податоци му биле доставувани опомени и решение за изрекување мерка, а му биле дадени неколку рокови за усогласување на работењето. Агенцијата за аудио и…
повеќе...Tag: агенција
Три здравствени установи добија сертификати од Агенцијата за квалитет и акредитации
Универзитетската клиника за кардиологија, Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле и Универзитетската клиника за детски болести се првите три здравствени установи кои денеска добија едногодишни сертификати од Агенцијата за квалитет и акредитации на здравствени установи во Македонија. Премиерот Емил Димитриев честитајќи им на првите три акредитирани здравствени установи упати порака дека здравјето на граѓаните и нивната здравствена заштита се врвен приоритет во сите владини програми и стратегии. „Болниците и здравствените служби се витални компоненти на секое добро организирано и хумано општество и затоа здравствениот сектор е тој кој…
повеќе...АМС ја почна постапката за избор на младински претставник во Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески заедно со претставниците на младинските здруженија Марија Матовска – претставник на Млади Инфо и Иван Јованов – претставник од Националниот младински совет на Македонија, денес на прес-конференција информираа дека е распишан јавен повик за проширување на Работната група која ќе треба да го избере младинскиот претставник. „Ги дефиниравме чекорите и процесите на избор на младинскиот претставник, кој ќе биде член на Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка. Се работи за отворен и транспарентен процес, кој ќе му даде можност…
повеќе...Николовски: Катастрофална негрижа за безбедноста на храната, не се испитува присуство на ГМО
Членот на Извршен одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Огромниот скандал што го откривме, за катастрофалната негрижа за безбедноста на храната во Македонија е потврден од самата Агенција за храна и ветеринарство во нејзиниот Годишен извештај за работа за 2015 година. Ова е извештајот. Извештајот констатира дека иако во програмата на Владата за мониторинг на безбедноста на храната во Македонија за 2015 година предвидено било да се земат 2.075 мостри за анализа, вкупно се анализирале само 1.194 мостри и тоа во рок од само три месеци…
повеќе...Борбата за нови работни места продолжува – Започна караванот „Македонија вработува 2“
Борбата за нови работни места продолжува. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денеска беа во посета на Куманово, каде го означија почетокот на караванот „Македонија вработува 2“. Борбата за нои работни места продолжува. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за врабвотување на Република Македонија Влатко Поповски денеска беа во посета на Куманово, каде го означија почетокот на караванот „Македонија вработува 2“. „Иако е лето напорно работиме и продолжуваме со реализација на…
повеќе...Во Брисел одржан првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со болеста јазлеста кожа
Македонија добро се справува со болеста Јазлеста кожа, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски за ТВ Канал 5 по првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со меѓугранични болести кај животните, организиран од страна на Светската здравствена организација, поддржана од Европската комисија кој во понеделникот и вторникот се одржа во Брисел. Состанокот беше посветен на регионалниот проблем за справување со болеста јазлеста кожа и на него беа присутни сите балкански земји. Претставниците на земјите каде е присутна болеста, ги презентираа преземените мерки и искуствата…
повеќе...Стручните кадри во спортот – потреба и обврска
Денес на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје се одржа тематска расправа која произлегува од рамките на заедничките програмски активности на Агенцијата за млади и спорт и Факултетот за физичко образование – Институт за научна поддршка на спортот, а се однесува на анализа на состојбите со стручните кадри во националните спортски федерации во Република Македонија. Основен акцент беше ставен на предлози за развојни компоненти на едукација, организирање и делување во спортот. „Агенцијата за млади и спорт во своите програмски определби и секојдневни комуникации постојано го нагласува ставот дека целосно…
повеќе...Директорот на АМС, Спасески во посета на Летниот училишен спортски камп во Охрид
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги посети учесниците на „Летниот училишен спортски камп – Охрид 2016 “. „Имавме прилика да се запознаеме со најдобрите ученици и да им посакаме успешна работа. Заедно со нас се спортистите каратистот Мартин Несторовски и кошаркарот Огнен Стојановски, кои имаа можност да поразговараат и да ги пренесат своите искуства на учесниците на спортскиот камп. Воедно во текот на училишниот спортски камп учество ќе земат и други врвни спортски имиња кои се дел од македонските спортски легенди, меѓу кои Пепи Манасков,…
повеќе...АХВ: Пристигнаа 250.000 вакцини против болеста чвореста кожа
Агенцијата за храна и ветеринарство ја информира јавноста дека 250 илјади дози од вакцината за превенција од болеста Чвореста Кожа кај говедата денеска пристигна во Република Македонија. Дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари е во тек. Според веќе изготвениот акциски план за превентивна вакцинација Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија за спречување на ширење на болеста Чвореста Кожа.
повеќе...Отворен комплексот „Македонско село“ – Македонската традиција и култура на едно место
Отворен комплексот „Македонско село“-Македонската традиција и култура на едно место. На отворањето беа присутни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и лица од јавниот и политичкиот живот. Со одлука на Владата, „Тинекс“ и хотел „Квинс“ – два субјекта кои се во сопственост на Владимир Тодоровиќ и неговото семејство, ќе стопанисуваат со комплексот „Македонско село“ во наредните 20 години. Постапката за избор на концесионерот ја спроведе владината Служба за општи и…
повеќе...