Денес беше извршено нивелирање на шахтите на улицата „АСНОМ“ во Охрид. Повеќе улици низ Охрид имаат потреба од нивелирање на шахтите, но и крпење и асфалтирање на ударни дупки и прекопи. По претходно направена проценка, надлежните најпрво ќе санираат онаму каде што е најпотребно. WebOhrid
повеќе...Tag: асфалт
Асфалтирани локални улици и санирани ударни дупки во општина Дебрца
Деновиве Општина Дебрца заврши со крпење и асфалтирање на ударните дупки и асфалтирање на локални улици во населените места. Крпењето започна во селото Мешеишта со крпење на прекопите од изградената канализациона мрежа како и крпење и тампонирање на ударните дупки. Понатака се изврши крпење и санирање на ударните дупки на локалниот пат до с.Мраморец, како и на регионалниот пат од с.Ботун до с.Белчишта. Беше извршено тампонирање и асфалтирање на локални улици во с.Мешеишта, с.Волино и с.Белчишта со вкупна должина од 700 метри. Покрај асфалтирањето и крпењето на ударните дупки се…
повеќе...Асфалтиран пристапниот пат до ЦОУ „Дебрца“
Денеска пред зградата на ОУ „Дебрца“ во с.Белчишта, во соработка со Локалната самоуправа и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски кој обезбеди парични средства, се асфалтираше пристапниот пат до училишната зграда. Овие активности се уште еден показател за одличната соработка меѓу училиштето и Локалната самоуправа, а во насока на обезбедување посигурна средина за учениците, кои секогаш се приоритет за сите во општина Дебрца, информираат од училиштето.
повеќе...Тампон-банкини на патот Елешец – Елшани
Откако по четириесет години се реконструира и на ново се асфалтира патот Елешец – Елшани, деновиве надлежните ги тампонираа и проширените банкини. Со овој дополнителен проект, патиот доби нов лик, а и видлива и корисна проширеност со што и безбедноста ќе биде значително поголема. Од извори во Елшани додаваат дека се задоволни со реализација на овој капитален проект, но предупредуваат дека тампонирањето може да попушти пред првиот пороен дожд и затоа со поголемо внимание треба да се пријде кон цврстината на тампонот за да не дојде до несакани последици! „Впрочем,…
повеќе...Се интензивира реконструкцијата на улицата „Питу Гули“
Градежните активности за реконструкција на улицата „Питу Гули“, продолжуваат со засилена динамика. Старите бехатонски плочки од тротоарите се отстрануваат и се врши подготовка на подлогата за поставување на тампонски материјал, по што ќе следува поставување на нови бехатонски плочки на тротоарскиот дел од улицата. Во текот на денешниот ден, стручните служби од општина Охрид заедно со надзорот и изведувачот излегоа на терен при што на изведувачот му се дадоа насоки со кои ќе може да започне со висинско поставување на ивичниците. Влезовите кон околните влезови веќе се дефинирани со што…
повеќе...Писмо: „Писта“ од Ботун до Белчишта, а во Мешеишта!?!
Помина навистина долго време откако Општината Дебрца ни подметна „легнати полицајци“ во Мешеишта. Не се навикнавме на нив, ниту се означени ниту пак изгледаат дека се плански направени: некаде пошироки, некаде потесни, некаде повисоки, а некаде пониски… со други зборови – дива лига. Згора на тоа – урааа канализација!!! Ископани се сите можни улички низ Мешеишта. Успеавме сами да си ги санираме (барем малку) оние неасфалтираните улички, а на асфалтираните – ровови… ОПАСНО!!! Не дај боже некој што не ги знае да налета со автомобилот на нив! Без ниту еден…
повеќе...Започна да се асфалтира патот до црквата „Св.Климент Охридски“ во Велгошти
Започна да се асфалтира патот до црквата „Свети Климент Охридски“ во Велгошти. Градежните машини веќе се на терен и работат на изградбата на овој пат. Секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески напомена дека конечно стартуваа работите на патот кои велгоштани ги чекале со децении. „Во текот на минатата седмица градежното претпријатие „Илинден“ на терен почна со работа и го реализира тоа наше ветување. Како што знаете во рамки на програмата за работа на градоначалникот при посетата на Велгошти беше констатирано дека тоа е најважен локален пат кој е потребен за…
повеќе...Асфалтирани охридски улици онаму каде тоа го дозволува забраната за градежни активности во лето
Согласно годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид и во тесна корелација со акциониот план за санација на улиците, економскиот оператор АД “Илинден“ по налог и надзор на секторот за комунални дејности продолжува со асфалтирање на дел од охридските улици .Во изминатите неколку дена целосно се реконструирани,тампонирани и асфалтирани вкупно четири краци на три охридски улици. На улицата “Јане Сандански“ асфалтиран е крак што води до новоизградени станбени објекти со вкупна површина од 157 м2. Активностите за асфалтирање на овој крак ниту по…
повеќе...Асфалтирани бројни улици во Охрид
За период од една година и три месеци откако на власт е градоначалникот Никола Бакрачески, асфалтирани се вкупно 30 400 метри квадратни улици во општина Охрид: – асфалтирани се делови од улицата „Карпош Војвода“ и „АСНОМ“. Ново асфалтираниот дел на ул. “АСНОМ“ е со површина од 1 800 м2. Во рамки на програмата за комунален развој се асфалтираше: – Дел од улицата „Јане Сандански” со површина од 1 950 м2, – улицата „Сирма Војвода“ на површина од 4 517 м2, – целосно е асфалтирана улицата „Богомилска со површина од 1…
повеќе...