Доделени плакети по повод 40 години од постоењето на Атлетски Клуб „Охрид“

По повод 40 години од постоењето на Атлетски Клуб „Охрид“, на свеченоста што се одржа денес, плакети им беа доделени на Атлетската федерација на Македонија, постхумно на проф. Влатко Димитров, на ветеранот Ристо Трајкоски, на актуелниот претседател на клубот Пецо Неданов, како и на градоначалникот Никола Бакрачески. „Почестен сум со ова признание бидејќи тоа ми го доделува најтрофејниот спортски клуб од Охрид. Импресивни се податоците дека во изминативе 40 години, членовите на Атлетскиот клуб на домашни и меѓународни натпревари имаат освоено 50 златни медали, собориле 100 рекорди, освоиле 3000 признанија, а…

повеќе...

На 8-ми септември ќе се одржи 31-от Меѓународен меморијален атлетски маратон „Влатко Димитров“

Иницијативниот одбор на здружение Охридски Атлетски Маратон 2012 и покрај најавата од минатата година дека ќе ја прекине 30-годишната традиција реши и оваа година да продолжи со традицијата Меѓународен Атлетски Маратон Св.наум-Охрид во должина од 30км. Имено, на иницијатива на Председателот на АФМ Крсте Среафимоски како и неколку маратонци кој патем помогнаа со спонзори за да се обезбеди еден дел од потребните средства за организација на оваа традиционална трка, на состанокот одржан на 31.07.2017 година Организациониот одбор одлучи Меѓународниот Атлетски Маратон да го носи името на покојниот проф. Влатко Димитров…

повеќе...

Македонските атлетичари ќе учествуваат на Европско во Србија

Нашите двајца најдобри натпреварувачи во атлетика ќе земат учество на престојниот европски шампионат во сала, кој од 03-05 Март ќе се одржи во Белград, Србија, а на кој ќе учествуваат 600 натпреварувачи од 51 држава членки на ЕАА. Атлетската федерација на Македонија ќе земе учество со своите 2 најдобри атлетичари по постигнати резултати за 2017 година и тоа Сашо Голубиќ- 1995 година, кој треба да настапи на 60 метри и Мартина Мироска-1998 година, која треба да настапи во скок во далечина. По тој повод се одржа прес конференција во Агенцијата…

повеќе...

Во четврток јубилеен 30-ти Меѓународен Атлтески маратон во Охрид

По повод денот на независноста на Република Македонија на 8ми септември (четврток), Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 организира Јубилеен 30-ти Меѓународен Атлетски Маратон од Свети Наум до Охрид во должина од 30 км. „За жал мораме да напоменеме дека ова веројатно ќе биде и последниот од така долгата традиција, имено од 15.08. имаме доставено барање до Општина Охрид да се изјасни дали конкретно ќе застане зад оваа манифестација односно дали има потреба од ваква манифестација на денот на независноста на Република Македонија или не и до денес немаме одговор. Поради…

повеќе...

Викендов во Охрид – Куп на Македонија во атлетика и ревијален фудбалски натпревар

Викендов во Охрид ќе се одржи Купот на Македонија во атлетика во повеќе дисциплини и тоа во фрлање на ѓуле, диск и копје, скок во далечина и висина, трчање на 100, 200, 400 метри и штафетно трчање 4х100. Натпреварите ќе се одржат во сабота од 14 до 17 часот и недела од 10 до 14 часот. Исто така во сабота во 18 часот на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“ ќе се одигра ревијален натпревар помеѓу екипите на ФК Охрид – ветерани и ФК Краков од Полска.

повеќе...

Интервју со младата охридска атлетичарка Стефанија Ристеска

Во Охрид отсекогаш постоеле таленти кои се занимаваат со атлетика. Таков е и примерот со младата 13-годишна атлетичарка од Охрид – Стефанија Ристеска, која е ученичка во VIII-4 одделение во ОУ „Христо Узунов“. Во интервјуто за WebOhrid, таа открива дека најголема желба и е да учествува на Олимписките игри. WebOhrid: Oд каде љубовта кон атлетиката и од кога почна да се занимаваш со овој спорт? Стефанија: Љубовта кон атлетиката ја добив од моите родители и моите предиспозиции уште од мали нозе за трчање. Со атлетика почнав да тренирам активно во…

повеќе...

Одржан „Кока Кола“ фудбалски Куп и државно првенство во атлетика за сениори

ЈП „Билјанини Извори“ и СРЦ „Билјанини Извори“ денес беа домаќини на уште два спортски настани, едниот во фудбал другиот во атлетика. Имено на помошното игралиште за фудбал со вештачка трева се одржа „Кока Кола“ Куп во кој учествуваа неколку основни и средни училишта од Охрид додека на атлетската патека на градскиот стадион се одржа државното првенство во атлетика за сениори. ЈП „Билјанини Извори“ од ден на ден се повеќе ги отвара вратите за спортските настани во сите спортови и за сите категории, како рефлексија од континуираното вложување во спортската инфраструктура…

повеќе...

Одржан изборен натпревар во атлетика на градскиот стадион „Билјанини Извори“

На атлетската патека на градскиот стадион „Билјанини Извори“ се одржа изборен натпревар во атлетика за седумте дисциплини кои се дел од натпреварите во атлетика на „Гимназијада Охрид 2014“. Притоа учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на општинскиот средношколски натпревар во атлетика за мажи и жени постигнаа забележителни резултати. Три први места во дисциплините: фрлање ѓуле во машка конкуренција, 100 метри машка конкуренција и 400 метри машка конкуренција. Три втори места во дисциплините: фрлање ѓуле во женска конкуренција, 400 метри женска конкуренција и штафетата 4х100 метри во женска конкуренција. Две трети места…

повеќе...

За прв пат Охрид ќе биде домаќин на спортската манифестација Гимназијада

Оваа година за прв пат градот Охрид ќе  биде домаќин на спортската манифестацијата Гимназијада, која ќе се одржи во месец мај. На неа директно ќе учествуваат околу 1000 средношколци поделени во 6 спортови (фудбал, кошарка, ракомет, атлетика, футсал и одбојка) и неколку промотивни спортови. „Свесни од фактот дека занимавањето на младите со спорт и спортската рекреација не влијае само на здравјето и правилниот телесен развој туку и на интелектуалниот, естетскиот и моралниот раст на целокупното општество ја имаме одговорната задача да им овозможиме на децата и младината што повеќе квалитетни…

повеќе...

27 Интернационален Атлетски Маратон – Охрид 2013

По повод 8-ми Септември Денот на државноста, годинава по 27 пат ќе се организара традиционалниот Интернационален Атлетски Маратон Охрид 2013. Охридскиот маратон започна да се организира од 1976 година и се организираше 18 (осумнаесет) години без прекин до 1993 година. Поради големата заинтересираност после првото одржување на маратонот од општински, републички прерасна и во меѓународен атлетски маратон. Од 1993 година до 2003 беше ставен во мурување па наредните години 2004, 2005, 2006, 2007 и 2008 повторно беше успешно организиран. Маратонот важи за еден од најтешките маратони и се трча должкрајбрежјето…

повеќе...