Склучен договор со фирма од Холандија за воспоставување на редовен авиопревозник во Република Македонија

Министерството за транспорт и врски склучи договор со фирмата „InterVISTAS Consulting B.V“ од Холандија како најповолен економски оператор за изработка на физибилити студија за можноста за формирање, односно воспоставување на национален (редовен) авиопревозник во Република Македонија. Предвидениот временски период за изработка на студијата е 4 месеци во кои избраниот економски оператор треба во рок од 60 дена да ја изработи и заврши I –та Фаза од Студијата. Доколку Студијата од I –та Фаза покаже физибилност, компанијата има обврска во рок од дополнителни 60 дена да ја изработи и заврши и…

повеќе...

Со директни авио – линии до поголем број странски туристи

Охрид станува дел од светската туристичка мапа. Воспоставувањето на двете редовни авио- лини Охрид- Базел и Охрид – Лондон и обратно кои стартуваат од 1-ви јули годинава, се доволна потврда дека вродија со плод заложбите на општина Охрид за туристички и локален економски раст и развој на градот. Наредните денови со потпишување на договор ќе се официјализира воспоставувањето на директната авио линија Охрид- Лондон и обратно. Компанијата „Виз Ер“ ќе оперира до лондонскиот аеродром и таа согласно условите во тендерот е обврзана да го промовира Охрид низ Светот и да…

повеќе...

Нова авио линија Охрид – Лондон

Охрид годинава очекува плодна летна туристичка сезона со поголем број странски туристи во однос на изминатите години. Од 1-ви јули годинава стартуваат дирекните авио линии Охрид- Базел и Охрид- Лондон а по поволни цени се очекува да се патува и до Истанбул. „Охрид од 1-ви јули доби директна авио -линија на релација Охрид -Базел и тоа два пати неделно. Вчера е избран најповолниот понудувач за воспоставување директна авиолинија Охрид -Лутон (Лондон) исто од 1-ви јули со фреквенција два пати неделно. Голема е веројатноста да успее лобирањето на парламентарците во турскиот…

повеќе...

Како и каде може да се управува со беспилотно летало на македонското небо?

Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 20.01.2015 година донесе Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор (Службен весник на Република Македонија бр13/2015), со која се пропишуваат условите кои е потребно да ги исполнуваат операторот на воздухоплов без екипаж, како и самиот воздухоплов без екипаж. Имено, беспилотните летала, повеќе не ќе можат да летаат на македонското небо без преходно добиена дозвола и да бидат пријавени во Агенцијата за цивилно воздухопловство и давателот на услуги за воздухопловна навигација. Познатите дронови, ќе можат…

повеќе...

Постапка за утврдување на листа на воздухопловни стручњаци за 2015 година

Согласно членот 137 од Законот за воздухопловство, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе спроведе постапка за утврдување на листата на воздухопловни стручњаци за 2015 година. Критериумите за исполнување на условите за впишување во листата на воздухопловни стручњаци се утврдени со Правилникот за критериумите за овластување на лица за испитувачи во листата на воздухопловни стручњаци (Службен Весник на Република Македонија бр. 44/2007). Потребно е заинтересираните лица кои ги исполнуваат потребните услови да достават апликација/барање за впишување во листата на воздухопловни стручњаци за 2015 година, најдоцна со 15.02.2015 година на адреса: Агенција за…

повеќе...

До пет нови дестинации во Европа за 20 до 30 евра

По цена од 1.799 денари (30 евра) од 30 јуни годинава нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ ќе лета од Скопје до Барселона секој вторник и сабота. По таа цена македонските граѓани од 29 јуни ќе може да патуваат и од Скопје за Осло. Покрај тие две дестинации, согласно договорот на македонската Влада за субвенционирање нискобуџетни летови, „Визер“ воведува дестинации од аеродромот „Александар Велики“ до Хамбург и до Нирнберг секоја среда и недела од 1 јули годинава по цена од 1.499, односно 1.199 денари. За Фридрихсхафен, исто така од крајот на јуни „Визер“…

повеќе...

Одбележана 7-годишнината од несреќата на армискиот хеликоптер

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со делегации од Министерството и Генералштабот на АРМ со положување венци со свежо цвеќе кај катлановско Блаце ја одбележаа седумгодишнината од хеликоптерската несреќа во која животот трагично го загубија 11 припадници на Армијата на Република Македонија. На спомен обележјето свежо цвеќе положија и делегации на Здружената оперативна команда и Воздухопловната бригада, претставници на локалната самоуправа како и членови на семејствата на загинатите припадници на АРМ. Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година во услови на магла на локација кај…

повеќе...

Јанакиески: „Виз ер“ избрана за нискобуџетен оператор за наредните три години

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ е избрана од Министерството за транспорт и врски во следните три години со субвенции од македонската Влада да воспостави 5 нови дестинации од Скопскиот аеродром и една редовна линија од Охридскиот аеродром. „Два дена пред истекот на 2014 година „Виз ер“ е избрана за нискобуџетен авиооператор за наредните три години. Има рок на жалба и очекувам до 15 јануари да го склучиме договорот. Понудени се нови линии од Скопје кон пет европски центри и директен лет од Охрид кон Базел“, информира денеска министерот за транспорт и…

повеќе...

Јавен повик за доставување на барање за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за периодот 2015 -2018 година

Министсерството за транспорт и врски денес распиша јавен повик за доставување на барање за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за периодот 2015 -2018 година. Финансиската поддршка ќе се доделува врз основа на следниве критериуми: · Барателот на финансиската поддршка е потребно да има остварено профит од најмалку 25.000.000 евра во 2013 година · Барателот на финансиската поддршка е потребно да има превезено, односно опслужено најмалку 10 милиони патници во 2013 година · Барателот на финансиската поддршк да ги реализира условите дадени во документацијата за барање. ·…

повеќе...

Со 36 милиони денари ќе се субвенционираат авио летови од Лондон кон Охрид

Советот на општина Охрид на денешната седница донесе едногласна одлука со која ќе бидат субвенционирани авио летови до охридскиот аеродром. Најпрво ќе се субвенционираат само сезонските летови, а веќе од 2016 година ќе се субвенционираат и редовни авио линии кои ќе бидат финансиски подржани од страна на општина Охрид. Авионските летови ќе се обраќаат меѓу Охрид и лондонскиот аеродром Лутон. „После ова следува изработка на квалитетна тендерска документација и претпоставувам дека овај пат ќе се јават заинтересирани страни односно авио компании кои што ќе ги прифатат условите за финансиска поддршка…

повеќе...