Нискобуџетната компанија „Визер“ од вчера воведе директна авиолинија Скопје-Париз. Компанијата на оваа релација ќе сообраќа два пати во неделата, во понеделник и во петок, од аеродромот „Александар Велики“, по цена за билет во еден правец од 30 до 70 евра. „Како што претходно беше ветено на македонските граѓани, во соработка со „Визер“ денеска ги промовираме новите дестинации кон Париз и Келн, но претходно сакам да истакнам дека започна да лета пред два дена за Брисел, исто така и за Франкфурт…
повеќе...Tag: авион
Груевски најави евтини авиолетови до Париз, Брисел и Франкфурт
Од почетокот на април наредната година македонските граѓани со „Визер“ ќе можат да летаат на уште три нови дестинации Париз, Брисел и Франкфурт, најави премиерот Никола Груевски. „Покрај веќе постоечките девет евтини авиолинии со „Визер“ договоривме уште три нови линии на кои граѓаните на Македонија ќе можат да летаат по цени почнувајќи од 1.500 денари“, рече премиерот Груевски. Тој истакна дека Владата е во преговори и со друга позната нискобуџетна авиокомпанија за отворање на уште три нови евтини авиолинии до други дестинации во Европа. Доколку преговорите успешно завршат, посочи Груевски,…
повеќе...Македонскиот систем за воздухопловна навигација ќе се надградува со опрема од 16 милиони евра
Македонскиот систем за воздухопловна навигација М-НАВ а.д Скопје ќе се надградува со нова опрема во вредност 16 милиони и 150 илјади евра. Од нив 11.150.000 евра за набавка на опремата се обезбедени со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а со 5 милиони евра сопствени средства учествува М-НАВ. За потребите на проектот ЕБОР ќе обезбеди и грант за техничка соработка во вкупен износ од 600.000 евра. Кредитот го потпишаа извршниот директор на М-НАВ Николет Тагaрински и Сју Барет, директор на транспортниот тим на ЕБОР, во присуство на…
повеќе...Охрид ќе се поврзе со светските метрополи
Од нова година на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе бидат воспоставени редовни авио линии со Словенија, Италија, Австрија и Швајцарија. На иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески локалната самоуправа Охрид веќе издвои 6 милиони денари за субвеницонирање на нискобуџетни авио комапнии за 2013 година. Исто толку средства се очекува да издвои и општина Струга. „Нашите планови се оваа сума да ја зголемиме за наредната година на 12 милиони денари за субвенционирање на редовни летови од Охридскиот аеродром. И јас се надевам дека градоначалникот на Струга ќе го следи овој наш…
повеќе...748 штеки цигари запленети на аеродромот во Скопје
Царинските службеници на Аеродоромот „Александар Велики“ – Скопје, утрово спречија обид за шверц на 748 штеки цигари. Околу 05:00 часот на скопскиот Аеродром Александар Велики царинските службеници во соработка со граничната полиција, при вршење на редовна контрола на стоки и патници за летот на релација Скопје – Лондон Лутон, кај четворица македонски државјани пријавени за излез од државата открија поголема количина цигари од различен бренд. На прашањето дали имаат нешто да пријават четворицата патници, сите со двојно државјанство и носители на бугарски пасоши, одговориле негативно. По барање на царинските службеници…
повеќе...Извршено второ авионско запрашување против комарци
Рано утрово беше извршено второто авионско запрашување против комарци. Запрашувањето се одвиваше на на 1.500 ha и тоа на крајбрежјето на потег од с. Подмоље до населбата Св. Наум и територијата на град Охрид. Ова беше второ авионско запрашување оваа година. Претходно беа извршени уште три терестички (од земја) запрашувања против комарци на територијата на општина Охрид. Надлежните известуваат дека препаратот со кој се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата. WebOhrid
повеќе...Во сабота второ авионско прскање против комарци
Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство, во сабота на 31 август ќе врши авионско запрашување против комарци. Запрашувањето, почнувајќи од 05 часот ќе се одвива на 1.500 ha и тоа на крајбрежието на потег од с. Подмоље до нас. Св. Наум и територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите на 31 август (сабота), да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за…
повеќе...Од Скопје за Брисел, Париз и Франкфурт со „Виз ер“ за 1.500 денари
Директни летови од Скопје до Брисел, Франкфурт и Париз ќе воведе нискотарифната авиокомпанија „Виз ер“ од април следната година со субвенции од македонската Влада. Авиокомпанијата, што веќе оперира кон десет европски дестинации со субвенции од македонската Влада, кон новите три дестинации ќе сообраќа двапати неделно, а цената на билетите ќе чини најмалку 1.500 денари. Плановите за развој денеска на прес-конференција ги објавија извршниот потпретседател на Виз Ер Џон Стивенсон со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски. Авиокомпанијата од април следната година…
повеќе...Извршено авионско запрашување против комарци
Рано утрово беше извршено авионското запрашување против комарци. Запрашувањето почнувајќи од 05 часот се одвиваше на на 1.500 ha и тоа на крајбрежјето на потег од с. Подмоље до населбата Св. Стефан и територијата на град Охрид. По претходните две терестички (од земја) запрашувања против комарци, ова е прво авионско запрашување оваа година на територијата на општина Охрид. Надлежните известуваат дека препаратот со кој се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата. WebOhrid
повеќе...Во сабота авионско запрашување против комарци
Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство, во сабота на 27 јули 2013 година ќе врши авионско запрашување против комарци. Запрашувањето, почнувајќи од 05 часот ќе се одвива на на 1.500 ha и тоа на крајбрежјето на потег од с. Подмоље до населбата Св. Стефан и територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите на 27 јули ( сабота ) 2013 година, да не ги пуштаат пчелите од кошниците,…
повеќе...