Завршени 64 проценти од автопатот Демир Капија-Смоквица

Од изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, дел од Коридорот 10, досега се завршени 64 проценти. Најголем напредок од 97 проценти има кај изградбата на подпатниците, реализацијата на изградбата на тунелите е 80,86 проценти, изградбата на шесте моста е завршена со 62,55 проценти, а кај петте надпатници градежните работи се завршени со 44 проценти. Градежните работи на оваа делница долга 28,18 километри се очекува да заврши во 2016 година, а денеска како се одвиваат градежните работи увид изврши премиерот Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски…

повеќе...

MOTORWEY – македонски автопат

Туристи добредојдовте! Ние знаеме многу странски јазици. Да да, знаеме и англиски! Знаеме и да читаме и да пишуваме, но тоа не го гарантираме и за оние кои ги прават сообраќајните знаци. MOTORWEY – тоа е еден нов збор кој ќе биде во центарот на вниманието на сите оние странски туристи кои возејќи ќе поминат покрај автопатот Кичево-Охрид кој е во фаза на изградба. Грешката не е фатална, поентата се сфаќа, но… важен е впечатокот на прв поглед, зарем не!?! WebOhrid

повеќе...

Јанакиески: Најдоцна до април ќе се распише концесија за автопат Гостивар – Кичево

Оваа година ќе биде распишана концесија за патниот правец од Гостивар до Кичево. Очекувам тоа да се случи во текот на март или најдоцна во април, со тоа ќе го затвориме целокупниот Коридор 8 од Скопје до Охрид на ниво на автопат. Ова го најави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на решенија за легализација на дивоградби во општина Кисела Вода. Тој рече дека ќе биде објавена концесија за делницата од Скопје до Блаце, која е многу значајна, бидејќи со тоа Република…

повеќе...

Едночасовен застој на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-Врбјани

Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има едночасовно сопирање на сообраќајот во двата правци. Застој на сообраќајот е предвиден во времето од 13:30 до 14:30 часот кога полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид – Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот во правец Кичево – Охрид. Застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-село…

повеќе...

Ставрески: Во моментов само на автопатиштата работат 1500 работници

Министерот за финансии Зоран Ставрески на гостувањето во вестите на Сител потенцираше дека дури повеќе од 25 индустриски гранки зависат од градежништвото. До сега Владата одвојуваше средства од буџетот за да се стимулира градежништвото, во период на светска економска криза, а со тоа да се отворат работни места и да се отвори пазарот. „Може да се очекува продолжување со ваквите политики. И понатаму ќе има многу пари од буџетот. Годишно преку 340-350 милиони евра наменети за капитални проекти, а плус на тоа има околу 200-250 милиони евра капитални проекти кои…

повеќе...

Пробиена речиси половина од делницата на автопатот Миладиновци-Штип

Четириесет и три проценти од автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип се веќе пробиени од почетокот на изградбата пред пет месеци. Градежните работи, според премиерот Никола Груевски, се одвиваат добро, а најголем дел засега ги изведуваат домашни компании. Очекувањата се реализацијата на инвестицијата од 208 милиони евра во изградбата на 47 километри автопат да обезбеди голем број домашни вработувања. „Ангажирани се околу 250 работници, на терен се 136 градежни машини. До крајот на август бројот на градежната механизација ќе се дуплира, што значи дека значително ќе се зголеми бројот…

повеќе...

Владата започнува со реализација на проектот за изградба на придружни објекти по автопатите

Владата на Република Македонија започна со реализација на проектот за изградба на 30 комерцијални инфраструктурни градби на автопатите, магистралните и регионални патишта. Овој проект е дел од програмата на Владата и предвидува во следниот 4 годишен период да се воспостават нови придружни содржини на патните делници од типот на бензински пумпи, мотели и слично, кои се во функција на зголемување на квалитетот и на транспортот, но и на економскиот развој, рече на денешната прес-конференција портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев.      Ѓорѓиев истакна дека на минатата седница Владата…

повеќе...