Ревидираната прогноза од Европската банка за обнова и развој за раст на македонската економија, од 2,7 проценти на 3 проценти, според премиерот Никола Груевски е резултат на реформите што ги спроведува Владата, инвестициите и структуираниот буџет во таа насока. „Тоа е добро. Имаме зголемување на проекцијата од страна на ЕБРД, што кажува дека ЕБРД следејќи ги реформите и инвестициите што доаѓаат како што е Амфенол, новата фабрика на Џонсон Контролс и други најавени или веќе во градба или пуштени во употреба фабрики, ја придвижува својата прогноза за Македонија дека растот…
повеќе...Tag: банка
Ставрески очекува поголема поддршка од банките за стопанството
Банките треба поинтензивно да учествуваат во растот на економијата и да нудат повеќе кредити за стопанството, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Со оглед на тоа дека резултатите на македонската економија оваа година се добри, меѓу најдобрите во Европа, ризикот за банките е намален и очекувам и во 2014 година да продолжат со поинтензивна кредитна поддршка на стопанството“, рече вицепремиерот Ставрески. Тој посочи дека е добро што во претходниот месец има мало заживување на кредитниот раст. „Околу 5 проценти е меѓугодишната стапка на кредитен раст што покажува дека…
повеќе...Ќе се подигнува финансиската писменост на населението
Граѓаните ќе се едуцираат за користење на финансиските услуги и ризиците кои произлегуваат од нив. Народната банка, Министерството за финансии заедно со другите институции кои имаат надлежности во регулирањето на финансиските услуги почнуваат координирани активности со цел да ги едуцираат граѓаните за услугите што се нудат во финансискиот сектор и ризиците што произлегуваат од нив. „Народната банка на Република Македонија веќе една година спроведува активности за едукација на населението. Досега беше опфатена најмалата популација, а сега активностите се насочени кон повозрасните ученици, а понатаму таргет ќе биде и возрасната популација“, беше…
повеќе...Ставрески: Банките да даваат повеќе кредити на фирмите
Банките во Македонија да го зголемат кредитирањето на компаниите и со тоа да го поддржат и растот на економијата. Ова е пораката од денешниот Регионален форум на гувернери и министри за финансии од регионот. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, има услови за зголемување на кредитирањето на фирмите од страна на банките. „Ликвидноста на банките е на историски највисоко ниво. Адекватноста на капиталот е 17,1 процент, а нефункционалните кредити се 11,9 проценти и се со најниска стапка во регионот. Банките имаат простор да го зголемат кредитирањето на фирмите.…
повеќе...Министерот Димовски се сретна со претставници од Светска банка и Европа Ре
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски одржа состанок со претставници од Светската банка и од специјализираната компанија за реосигурување ризици од катастрофа Европа Ре. Целта на состанокот, во рамки на Проектот за развој на осигурителен пазар од катастрофални ризици (SEEC CRIF), во кој се вклучени Македонија, Србија и Албанија, е да се добијат дополнителни информации за македонскиот осигурителен пазар и да се зајакне соработката со релевантните институции за нормално одвивање на натамошните проектни активности. Претставниците од Светска банка, соопшти по состанокот Министерството за земјоделство, го информираа министерот Димовски…
повеќе...Светската банка: Македонија добро ги спроведува реформите
Заменик претседателот на Владата Зоран Ставрески, по средбите во Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, изјави дека состојбата со реформите во Македонија е оценета позитивно, како поповолна од земјите во регионот, а се очекува и подобрување на состојбата во земјите на ЕУ што ќе се одрази позитивно и на Македонија. „Охрабрувачки за Македонија е што оценките за нашата земја од страна на ММФ и Светската Банка се поповолни во однос на кој било друга земја во регионот. Се поздравува тоа што се оствари како економски раст, како и намалувањето на…
повеќе...Одржана деветтата седница на Советот на Народна Банка на Република Македонија
Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата деветта седница. На денешната седница, Советот ја донесе Одлуката за методологијата за утврдување исправка на вредноста, односно за издвојување посебна резерва од страна на Македонската банка за поддршка на развојот. Раководејќи се од специфичниот статус и задачите на Македонската банка за поддршка на развојот, утврдени со Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, Советот на Народната банка пропишува посебна методологија за исправката на вредноста, односно за издвојување посебна резерва од страна на Банката. Со оваа одлука всушност се…
повеќе...Продлабочување на соработката на Македонија и Светска банка
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и новиот извршен директор на Холандска хонституенца на Светската Банка, Франк Химскерк денеска на средба во Владата разговараа за можностите за соработка на идни проекти помеѓу СБ и Република Македонија. Двајцата соговорници изразија задоволство за досегашната плодна соработка и подготвеност за нејзино продлабочување и зголемување на бројот на заеднички активности и проекти во Република Македонија, соопшти по средбата кабинетот на вицепремиерот. Пред претставникот на СБ, Пешевски ги претставил актуелната политичка и економска состојба, активностите и мерките кои ги презема Владата за подобрување на животниот…
повеќе...Евросистемот и Народната банка на Македонија го завршија Проектот за соработка финансиран од ЕУ
Европската централна банка (ЕЦБ) и Народната банка на Република Македонија (НБРМ) го завршија Проектот за соработка чијашто цел беше да се помогне на НБРМ да ги унапреди подготовките за приклучување кон Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), откако земјата ќе пристапи кон Европската Унија. Со средства во износ од 405.000 евра од ЕУ и 45.000 евра од НБРМ, деветмесечниот проект за анализа на потребите, којшто започна во октомври 2012 година, беше координиран од страна на ЕЦБ и спроведен во соработка со централните банки на Австрија, Бугарија, Естонија, Германија, Ирска, Италија,…
повеќе...