Пренесување знаења и искуства од земјите -членки на ЕУ, особено од Италија, подобрување на условите за спроведување на европските политики и системи, обезбедување функционална пазарна економија, зајакнување на механизмите за рамноправно учество на европскиот пазар и промоција на извозот. Ова се дел од целите кои треба да се постигнат со Твининг проектот „Институционално зајакнување на капацитетите на надлежните служби за спроведување на законодавството на ЕУ од областа на безбедноста на храна, ветеринарната и фитосанитарната политика“. Проектот, кој денеска беше презентиран, е финансиран од ЕУ, ИПА 2010 компонента 1 (помош при…
повеќе...Tag: безбедност
Велосипедско дефиле за подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид активно ќе се вклучи во Републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“ што со низа манифестации се реализира секоја година. Кампањата е во рамките на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата-почитувај го животот“. Целта на оваа кампања е промоција на велосипедизмот, подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај, подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и подигнување на јавната свест за поголема безбедност…
повеќе...СВР Охрид: Задолжително носење заштитен шлем-кацига при управување на моторцикл
Огромна поддршка од охридските клубови на моторциклисти доби Секторот за внатрешни работи Охрид во доследната примена на законската одредба за задолжително носење заштитен шлем-кацига при управување на моторцикл. На вчерашниот координативен состанок со претставниците на охридските мото и велосипедски клубови како ранлива категорија учесници во сообраќајот, беше нагласено дека СВР Охрид во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот треба да манифестира пред се превентивни активности за афирмација на законската обврска за задолжително носење заштитен шлем при управување на моторцикл на патот. Беше речено дека придржувањето кон оваа законска обврска…
повеќе...Потребна е позитивна кампања за да нема откажување на туристичките аранжмани
На иницијатива на Секторот за туризам и локален економски развој, денеска се одржа средба со дел од туристичките работници од Охрид, на која се разговараше за актуелната сосотојба во Република Македонија и нејзиното влијание врз туризмот. На средбата беше константирано дека безбедноста е на највисоко ниво, засега има само неколку откажувања на аранжмани, но потребно е позитивна кампања за превентивно да се влијае за намалување на овој негативен тренд. „На средбата заклучивме дека ќе испратиме официјални покани до амбасадите на земјите од кои има најголем број туристи, да дојдат во…
повеќе...Одржан координативен состанок за успешна туристичка сезона
На денешниот координативен состанок, на кој присуствуваа претставници од општина Охрид, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, Секторот за внатрешни работи, ЈП „Билјанини извори“, претставници од туроператори и туристички агенции како и претставник од Здружението на туристички водичи се расправаше за координирање на активностите во текот на туристичката сезона, по што беа усвоени и заеднички заклучоци. Беше оценето дека безбедноста во Охрид е на беспрекорно ниво. Ова посебно беше потенцирано од претставниците на СВР Охрид кои нагласија дека вообичаено се преземаат сите мерки пред почетокот на туристичката сезона да…
повеќе...Следното коло од Прва и Втора МФЛ ќе се игра без публика
Согласно безбедносните препораки од Министерството на внатрешни работи на Македонија, ФФМ информира дека сите закажани натпревари во Прва МФЛ (31 коло) и Втора МФЛ (26 коло) ќе се играат без присуство на гледачи во закажаните термини на 16-ти мај и на 18-ти мај 2015.
повеќе...СВР: Пешаците недоволно ја почитуваат хоризонталната и вертикална сигнализација и не го користат пешачкиот премин
Пешаците учесници во сообраќајот сеуште недоволно ја почитуваат хоризонталната и вертикална сигнализација и не го користат пешачкиот премин за префрлање преку коловозните ленти. Ова е констатација на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај-Охрид по вчерашната акциска контрола насочена кон оваа категорија учесници во сообраќајот и евидентирање на прекршоците што тие ги манифестираат. При контролата извршена и кон возачите на моторни возила, забележано е нивно повремено непочитување на сообраќајните светлосни знаци и на знаците кои ги даваат овластените службени лица. Пет од вкупно 11 евидентирани прекршоци, се однесуваат на пешаците кои…
повеќе...„Родољуби Свети Илија“ од Елшани апелира максимално да се прошират трите опасни кривини
Здружението на граѓани „Родољуби Свети Илија“ од Елшани ја изразува нескриената поддршка и благодарност до Локалната самоуправа на Охрид за Проектот реконструкција и асфалтирање на патот Елешец – Елшани кој конечно по речиси 40 години за првпат се случува. Истовремено, „Родољуби Свети Илија“ упатува апел до градоначалникот и до изведувачите да обратат поголемо внимание на трите опасни кривини на патот до Елшани, односно истите максимално да ги прошират во функција на безбедноста на патниците и на возилата. „Имено, се работи за трите многу опасни кривини: Осојник, Кај Спира и Долна…
повеќе...Политички активизам кој преминува во насилство и екстремизам
Во денешниот свет на модерни безбедносни ризици, феноменот на радикализација е сè повеќе присутен во секое општество во кое делови од младата популација ги прифаќа екстремните позиции и идеи, го менува своето однесување, од политички активизам преминува во употреба на насилни средства и методи. Ова меѓудругото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето вчерашно обраќање во рамки на четвртата сесија од Самитот што посветен на насилниот екстремизам се одржува во Вашингтон во организација на американскиот Стејт Департмент а на кој учествуваат претставници од шеесетина земји од…
повеќе...Состанок на ФФМ со Комесарите за безбедност на клубовите од Прва и Втора МФЛ
Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа работен состанок меѓу претставници на Комисијата за безбедност во федерацијата и комесари и заменици-комесари за безбедност на клубовите од Прва и Втора лига. Главна тема на состанокот беше почетокот на пролетниот дел од натпреварувачка сезона 2015, а се дискутираше и на актуелни теми кои можат да придонесат за развој на натпреварувањето. Претседателот на комисијата за безбедност на ФФМ, Зоран Саздов во воведниот дел од состанокот даде осврт на извештајот за безбедносната состојба на одиграните натпревари во есенскиот дел од натпреварувачката 2014/15…
повеќе...