Во организација на Националната установа „Стоби, а во соработка со Фондацијата Балканско наследство од Стара Загора, Бугарија, во текот на јуни и јули на археолошкиот локалитет „Стоби“ се одржуваат четири меѓународни летни работилници и школи. Во јуни успешно беа реализирани работилницата за конзервација и документација на римска и доцноантичка керамика и работилницата за мозаици на кои учествуваа единаесет студенти и волонтери од САД, Австралија, Канада, Англија и Јапонија. Учесниците на работилницата за конзервација на керамика со помош на стручните лица од НУ Стоби, ги поминаа сите процеси на конзерваторско-реставраторските работи…
повеќе...Tag: битола
Груевски: Во јули почнува изградбата на патот Битола-Ресен до превојот Буково
Патот Битола-Ресен до превојот Буково е во завршна фаза на подготовки за негова реализација. Се прибраат понудите и се врши евалуација. Некаде за две до три недели од сега би требало да биде потпишан договорот за негова изградба, а потоа, во втората половина на јули ќе почне изведување на градежните работи. Тоа е наше ветување и ние се придвижуваме кон реализација на тоа ветување, истакна премиерот Никола Груевски. Претседателот на Владата на Република Македонија Груевски го појасни и процесот на изградба на социјални станови за лица приматели на социјална помош…
повеќе...СДСМ: Докази за насилствата на Талески и власта на Груевски врз битолчани
Претседателот на ОО СДСМ Битола и пратеник , денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Проектот Вистината за Македонија продолжува. И Битола се вклучува во враќањето на слободата, демократијата и правдата во нашата држава. Јавноста слушна што мислат Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска за Градоначалникот на Битола, Владимир Талески. За Ставревски, Талески бил „тежок криминалец“ и „перфиден актер“ а Јанкуловска го дополнува дека тоа му било „професија“. На почеток ќе се потсетиме на еден веќе објавен разговор. Не поради погрдните зборови од Јанкуловска и Ставрески за Градоначалникот Талески. Тие нам не ни…
повеќе...На локалитетот Скупи откриена статуа од 2 век
Археолозите кои го истражуваат скопскиот локалитет Скупи вчера откриле редок артефакт од 2 век наша ера – статуа во облик на обезглавена женска фигура, со која е покриен гроб за кој се претпоставува дека е од доцната антика, 4-5 век. Статуата веројатно е донесена од друг локалитет, извадена како предмет од некој постар објект (сполија), подоцна реупотребена како покривен елемент – капак на саркофаг на гроб вкопан во оркестрата во Скупи. Таму е во тек трета фаза од истражувањето, кое треба да резултира со реконструкција на театарот и гледалиштето со…
повеќе...СДСМ поднесе кривична пријава против градоначалникот на Битола
Денес СДСМ до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, изјави пратеникот и претседател на ОО СДСМ Битола, Васко Ковачевски. „Кривичната пријава произлегува од тврдењата во јавно објавените разговори на министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Во своето признание, Ставрески го нарекува Талески „тежок криминалец“ кој потпишал, цитирам: „коруптивен до даска договор“. Станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени се дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени. Очекуваме…
повеќе...Светиот маченик Агатангел Битолски
Овој македонски светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој денес во Бигорскиот манастир се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното петвековно владеење со македонските краишта Агарјаните имале необичен и свиреп обичај за време на тридневното празнување на Бајрам насилно да го преведат во својата исламска вера секој христијанин што ќе го нашле. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев незаштитените и угнетени христијани се сокривале кој како умеел и можел. Раката на друговерните гонители пак, секогаш успевала да докачи…
повеќе...Комеморативна церемонија на француските гробишта во Битола
Денес на француските гробишта во Битола, се одржа комеморативна церемонија на која делегации од Министерствата за одбрана на Република Македонија и на Француската Република, предводени од министерот за одбрана Зоран Јолевски и државниот секретар за поранешни борци и историски настани, Жан-Марк Тодешини положија венци со свежо цвеќе. Комеморативната церемонија се одржа во чест на паднатите француски војници во Првата светска војна, а се организираше во рамките на дводневната посета на државниот секретар Тодешини на Република Македонија. Воедно, денеска во Музејот на општина Битола беше отворена и изложба на фотографии за…
повеќе...Kонзерваторско-реставраторски активности во битолската Јени џамија
Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј – Битола годинава ќе ја реализираат третата фаза од проектот за адаптација на ентериерот на Јени џамија во галериски простор, еден од највредните културно-историски споменици кој со векови го краси центарот на Битола. Третата етапа од реализацијата подразбира препокривање на објектот и покривање и презентација на археолошките остатоци околу него. Во 2016 година е планирана конзервација и реставрација на фасадата и на дрвенаријата на објектот, а за 2017 година се очекува целосна реализација на проектот со конзервација и реставрација на…
повеќе...Нови спортски надежи од охридските стрелачки клубови
Викендов на стрелиштето во Битола се одржа првиот Куп со воздушно оружје во национална програма, на кое учествуваа повеќе од 30-тина стрелци од државава, а на кој свој дебитантски настап имаа новите надежи од стрелачките клубови СК „Охрид“ и ЖСК „Лихнидос“ кои успешно ја започнаа сезоната. Во екипен пласман, првото место со резултат од 469 кругови им припадна на пионерките од СК „Охрид“ во состав на Симеона Милеска, Стефани Ефтимоска и Марија Магдалена Шишкоска. Второто место пак во екипен пласман им припадна на пионерките од ЖСК „Лихнидос“ во состав наЛуана Попоски, Мила Василеска…
повеќе...Промовиран реконструираниот мозаик во Старата епископска базилика вo Стоби
Реконструираниот и вратен мозаик во Старата епископска базилика на археолошкиот локалитет Стоби денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. Мозаикот се наоѓа на површина од 150 метри квадратни, генерално со геометриски флорална декорација која е типична за тоа време, за 4 век. Неговата конзервација почнала 1991 година од страна на Националниот конзервациски центар, а археолозите од НУ „Стоби“ почнале со доработка во 2012 година и сега е поставен во целиот свој сјај и раскош. Министерката за култура појасни дека мозаикот е вратен на челична подлога, што е…
повеќе...