Бизнисмените да аплицираат за кредитите со субвенционирана камата од МБПР, апелира Сарачини

Министерот за економија Ваљон Сарачини апелира бизнисмените да аплицираат за кредитите со субвенционирана камата од Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). „И во време кога комерцијалните банки се соочуваат со криза во кредитирањето, Владата преку кредити со субвенционирани камати преку МБПР постојано ги поддржува и им помага на малите и средните претпријатија“, изјави Сарачини по посетата на хотелот „Њу Стар“ во индустриската зона Визбегово. Според последните информации, додаде, компаниите досега искористиле 61 милион евра од последната кредитна линија од Европската инвестициска банка од 100 милиони евра со што се…

повеќе...

Груевски за аргентински „Ла Насион“: Нудиме најниски трошоци за водење бизнис

Две недели по завршувањето на посетата на македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски на Аргентина најтиражниот и нејреномиран аргентински дневен весник „Ла Насион“ во своето викенд издание објавува статија посветена на можностите кои ги нуди Македонија за аргентинските компании, во која премиерот Груевски ги истакнува ниските трошоци за водење бизнис и најнискиот даночен пакет во Европа, стабилното макроекономско опкружување и можностите за интензивирање на економската соработка помеѓу македонската и аргентинската страна. – Премиерот Никола Груевски дојде во земјата за да оствари бизнис релации. Тој е нетрпелив да ги опише…

повеќе...

Нови владини мерки за подобрување на бизнис климата и деловното опкружување

На денешната прес-конференција, портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата на Република Македонија е константно фокусирана на реализација на мерки и реформи кои значат подобрување на бизнис климата и деловното опкружување. На минатата седница Владата разгледуваше и усвои нова реформа чија цел е поедноставување на постапките и процесите за основање на фирма во Централниот регистар на Република Македонија, и намалување односно укинување на трошоците на субјектите за регистрација на фирма доколку се изведе на начинот кој се пропишува со оваа нова реформа. Досега фирма се основаше односно…

повеќе...

Ставрески очекува турски компании да почнат бизнис во Македонија

Турција и Македонија немаат отворени парашања. Тие се две пријателски земји кои и во иднина ќе имаат исклучително добри стратешки политички и економски односи, оценува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој престојува во Турција каде учествува на пролетните средби на Европската банка за обнова и развој. Смета дека има добри можности за зголемување на инвестициите од Турција. „Република Турција и Република Македонија имаат долгодишни пријателски односи на политички и на економски план. Тоа се две земји кои имаат добра соработка би рекол повеќе на политички, отколку на економски…

повеќе...

Кинеска бизнис делегација на средба со министерот Сарачини

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска се сретна со делегација од кинеската компанија  China Construction Firs Group Corporation, предводена од генералниот менаџер Шхи Куинг, што престојува во Македонија со цел непосредно да се запознае со деловните и инвестициските услови во земјава. На средбата, информираат од Министерството за економија, министерот Сарачини ги презентираше потенцијалите и карактеристиките на Република Македонија во делот на бизнис-климата, позитивната даночна политика, како и поволните услови и можности што државата им ги дава на странските инвеститори. Зборуваше и за поедноставувањето на регулативата со Регулаторната гилотина, подобрувањето на…

повеќе...

Груевски ги повика агрентинските компании да ја посетат Македонија

Економски тим на Владата на Република Македонија предводен од премиерот Никола Груевски, заменикот на претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување на странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, присуствуваа и се обратија на бизнис форум во Буенос Аирес на кој ги презентираа поволностите кои Република Македонија ги нуди на странските инвеститори. Пред почетокот на бизнис форумот премиерот Груевски оствари средба со раководниот менаџмент на Индустриската унија на Аргентина, која што беше и…

повеќе...

Бразилските компании преку Македонија до Европа

Бразилски компании со кои владиниот тим предводен од премиерот Никола Груевски синоќа во Сао Паоло имал одделни состаноци, покажале интерес по презентираните можности за правење бизнис во Македонија и за отворање нивни фабрики. „Имавме неколку средби со компании од различни индустрии –  од автомобилската, авиоиндустријата, прехранбената и од медицината. Со некои сме во понапредна фаза, односно некој чекор или контакт е веќе направен, со некои сме во првична, мотивациска фаза, кога се обидуваме да им ги објасниме основните услови за правење бизнис, така што се надевам дека дел од нив…

повеќе...

Инвестициските можности презентирани пред бразилски стопанственици

Економски тим на Владата на Република Македонија, предводен од премиерот Никола Груевски, како и заменикот на претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување на странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, вчера (понеделник, 22.04.2013 година) на бизнис форум во Бразилија, во соработка со Конфедерацијата на национални индустрии на Бразил, на кој присуствуваа претставници на бразилски трговски и индустриски комори и приватни компании, ги презентираа економските потенцијали на нашата земја и поволностите кои Република…

повеќе...

Македонија и Азербејџан потпишаа договори за одбегнување на двојното оданочување и заемна заштита на инвестиции

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (петок, 19.04.2013 година), во рамките на својата посета на Република Азербејџан, оствари средба со својот колега претседателот на Владата на Република Азербејџан, г-дин Артур Раси-заде. Она што беше главен фокус на средбата со премиерот Артур Раси-заде е продлабочувањето на економските односи, преку презентирање на можностите за инвестиции, како и олеснување на процедурите за економската соработка меѓу заинтересираните субјекти од двете држави. Токму затоа двајцата соговорници ја констатираа потребата од правно регулирање на билатералните односи во областите од взаемен интерес, со…

повеќе...

Премиерот Груевски со економски владин тим во посета на Азербејџан

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, кој ја предводи владината делегација во чиј состав се заменикот на претседателот на Владата, г-дин Владимир Пешевски, министерот за привлекување на странски инвестиции, г-дин Бил Павлески, и заменикот министер за економија, г-дин Христијан Делев, денеска (петок, 19 април 2013 година)  ќе престојува во политичко-економска посета на Република Азербејџан. Во рамки на работната посета, премиерот Никола Груевски ќе оствари средба со претседателот на Република Азербејџан г-дин  Илхам Алиев. Премиерот Никола Груевски ќе оствари средба и со премиерот на Република Азербејџан, г-дин Артур…

повеќе...