Во Македонија од почетокот на сезоната 2013/2014, 585 лица се заболени од грип

Во текот на 50-тата недела од 2013 година (од 09.12-15.12.2013 година), во Република Македонија, на групните пријави за грип се пријавени 153 лица со симптоми на грип.  Во споредба со бројот на заболени за 50-тата недела од минатата сезона (88), се бележи зголемување за 73,9%, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период (32), се регистрираат 4,8 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 50-та недела, изнесува 585 лица. Во овој период…

повеќе...

Состојба со грип во Република Македонија, сезона 2013/2014

Во текот на 49-тата недела од 2013 година (од 02.12-08.12.2013 година), во Република Македонија, на групните пријави за грип се пријавени 61 лица со симптоми на грип. Во споредба со бројот на заболени за 49-тата недела од минатата сезона (80), се бележи намалување за 31,1%, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период (21), се регистрираат 2,9 пати повеќе заболени лица од грип. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 49-тата недела, изнесува 432 лица. Во…

повеќе...

Од 16 декември СМС потсетување за пациентите за закажан термин за преглед

На 16 декември официјално стартува проектот за СМС известување на пациентите за датумот и часот на нивниот закажан термин за преглед во јавните здравствени установи. Станува збор за уште еден нов модул или нова функциналност на системот за електронски евиденции во здравството и електронско упатување „Мој термин“. Првите СМС пораки за закажани прегледи беа испратени на 1 декември. Дневно ќе бидат испраќани над 5.000 СМС пораки во кои граѓаните ќе се потсетуваат за тоа кога им е закажан терминот во определена здравствена установа, рече министерот за здравство Никола Тодоров најавувајќи…

повеќе...

Хуманитарна помош за Заводот за нефрологија во Струга

Социјалното друштво „Браќа Миладиновци“ во соработка со Ахам – хуманитарна организација, двете од Мелбурн Австралија, денеска по втор пат донираа инвалидски колички и два пакети чаршафи за потребите на пациентите од Заводот за нефрологија од Струга. Од Заводот за нефрологија во Струга истакнаа дека се постојано во комуникација со хуманитарните организации од Австралија. „Првата ваква хуманитарна помош се оствари во 2006 година. Ваквите акции треба да бидат се почести во иднина“, велат од Заводот. Претставникот за Македонија на Ахам-Хуманитарната организација од Австралија, Аце Петкоски вели дека стои на располагање за…

повеќе...

„Домашна визита“, нов проект на Министерството за здравство

„Домашна визита“ е новиот проект на Министерството за здравство, кој почнува од денес. Проектот се состои од превентивни здравствени прегледи на повеќе од девет илијади стари лица во нивните домови, за што се ангажирани 340 патронажни сестри, кои работат во здравствените домови. Проектот, како што информира на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров, ќе се одвива низ цела Македонија, во 652 населени места распределени во 84 општини. Симболично ќе почне пред Неделата на грижа за стари лица, од 18 до 24 ноември. „Ова е моќна јавно – здравствена мерка, препорачана…

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски на работен состанок со директорот и началникот на Општа болница Охрид

Денес во просториите на Општина Дебарца се одржа работен состанок на градоначалникот Игор Трајкоски, директорот на  Општа болница – Охрид Љубен Арнаудов и Сашо Василески началник на интерното одделение во Општа болница. На состанокот беше договорено во амбулантата во с.Белчишта да доаѓа еднаш неделно лекар интернист кој ќе врши прегледи во рамките на проектот дисперзирана клиника.  Целта на овој проект е да им се овозможи на жителите од овој крај да ги добиваат во местото на живеење, а не да патуваат до Охрид. Исто така беше отворена можноста овој проект…

повеќе...

Од утре започнува вакцинацијата против сезонски грип

Во рамки на својата програма за превентивна здравствена заштита на населението, Центарот за јавно здравје Охрид ќе започне со имунизација-вакцинација против сезонски грип, која ќе се врши секој работен ден почнувајќи од утре, 17-ти октомври (четврток) од 8:30 до 15:00 часот во амбулантата на Епидемиолошката служба при Центар за јавно здравје Охрид. Вакцината против сезонски грип е од производителот GlaxoSmithKline од Велика Британија, а цената чини 400 денари.

повеќе...

Министерот Тодоров потпиша заеднички Меморандум со Флоренс Најтингел од Турција

Министерот за здравство, Никола Тодоров, потпиша заеднички меморандум за разбирање и соработка во областа на здравството со д-р Хакан Таракчиоглу, интернационален маркет менаџер на реномираната турска клиничка болница Флоренс Најтингел. Целта е допрецизирање на активностите за организирање едукација на докторите и другите здравствени работници во оваа реномирана здравствена установа, што се реализира во рамки на Програмата за професионална едукација на докторите од Република Македонија. Со овој Меморандурандум се дефинира континуираната медицинска едукација во следните 5 години, со акцент на доедукација на кадар и организирање стручни обуки за доктори и останат…

повеќе...

Тим детски кардиохирурзи повторно ќе престојуваат во Македонија

Од почетокот на идната недела во Македонија, по вторпат годинава ќе престојува тим кардиохирурзи предводени од професорите Вилјам Новик и Али Доџ Катали кои ќе направат нова серија кардиохируршки операции на деца со срцеви проблеми кои се лекуваат на Клиниката за детски болести на одделот за кардиологија. Во тимот од дваесетина странски експерти ќе бидат вклучени  познатиот кардиолог Томас Дисеса, анестезиологот Вишња Иванчан, интензивистот Џенифер Тули и уште десетина познати лекари. На списокот за операција се десетина деца со комплексни вродени срцеви маани. Операциите ќе бидат изведени на Клиниката за…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески во посета на првото бебе родено во новата болница

Утрово, Градоначалникот Бакрачески ја посети охриѓанката Марија Арнаудова, која вчера се породи на новото гинеколошко одделение при општата болница во Охрид, после повеќе од 2 и пол години неработење на овој оддел, заради изградба на новата болница. Во својата честитка, Градоначалникот Бакрачески на среќните родители и нивната принова им посака многу здравје, брзо опоравување и многу успех понатаму во животот. Притоа од името на општина Охрид им беа врачени пригодни подароци. При средбата со медицинскиот персонал, порача дека во новите современи услови  за работа треба да го вложат својот максимум,…

повеќе...