Тодоров: Јавното здравство има перспектива

Министерот за здравство Никола Тодоров вчера ја посети Болницата за белодробни заболувања во Јасеново која е реновирана со средства од Владата. Покрај реконструкцијата во која се вложени 2,2 милиони евра, набавен е и агрегат за струја и изведен е систем за сончево затоплување. При посетата на болницата министерот Тодоров потенцираше дека за разлика од порано кога годишно имало по 50-тина специјализации на доктори, сега бројот е во постојан пораст. Тој потсети дека во јавното здравство се извршени нови 400 вработувања и оти 112 лекари се вратиле од приватните во јавните…

повеќе...

Зголемен бројот на заболени од грип

Во текот на 7-мата недела од 2014 година (од 10.02.2014 – 16.02.2014 година), во Република Македонија се пријавени 3.975 (МБ 19,3/10.000) новозаболени од грип, што во однос на минатата недела претставува зголемување на бројот на регистрирани случаи за 26% . Во споредба со бројот на заболени во 7-мата недела од минатата сезона, се бележи зголемување за 51,1%, а во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, се регистрира зголемување за 55,9%. Во сезоната 2013/2014 (од 40 недела, 2013 заклучно со 7-мата недела, 2014…

повеќе...

Договорена соработка со Државната универзитетска клиника во Минхен

Премиерот Никола Груевски во рамки на работниот престој на Сојузна Република Германија попладнево ја посети Државната универзитетска клиника во Минхен каде што имаше средба со директорот Карл Валтер Јаук и неговиот менаџерски тим. На средбата договорена е конкретна соработка во определени области. „Во рамките на нашите напори и програма за едукација на што поголем број лекари, договоривме да прифатат наши лекари да дојдат тука на обука за различни медицински методи кои кај нас или воопшто ги нема или се во некоја по лимитирана, а овде се во многу понапредна форма“,…

повеќе...

По 25 години направена е првата кадаверична трансплантација

На Универзитетската клиника за урологија ноќеска по подолг период направена е првата кадаверична трансплатација. Трансплантирани се бубрези кај двајца пациенти од починат донатор. Министерот за здравство Никола Тодоров и тимот лекари што работеле на трансплантацијата денеска му се заблагодарија на семејството на донаторот, кое, како што рекоа, ја почуствува големината на тоа да се овозможи да се спасат други два животи.  „Тоа е голем чекор и мислам дека сите во Македонија треба да го следиме овој пример на едно семејство, кое во состојба на голема тага одлучи да помогне на…

повеќе...

Во Македонија зголемен бројот на заболени од грип

Во текот на 5-тата недела од 2014 година (од 27.01.2014 – 02.02.2014 година), во Република Македонија се пријавени 2.350 (МБ 11,4/10.000) новозаболени на групни пријави за заболени од грип, што во однос на минатата недела претставува згголемување на бројот на регистрирани случаи за 12,4%. Заболените се пријавени од  28 извештајни единици (од вкупно 31). Во споредба со бројот на заболени во 5-тата недела од минатата сезона (2.190), се бележи зголемување за 7,3%, а во однос на епидемискиот праг (просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период,…

повеќе...

ЖЦ „Бисера“ со поддршка за потпишаниот Меморандум меѓу Општина Охрид и Општата болница

Женскиот Центар „Бисера“ денес испрати допис со кој ја поздравува и поддржува иницијативата на Општина Охрид и неодамнешното потпишување на Меморандум со кој Локалната самоуправа се обврза на еднократна парична помош од по 5000 денари за секое прво и второ родено бебе во семејството, чии што родители имаат постојано жителство во општина Охрид. Оваа стимулација е во насока на зголемување на наталитетот во општината и државата. „Женскиот центар „Бисера“ ја поздравува иницијативата на Локалната и потпишувањето на меморандум за паричниот надоместок на секое новородено бебе, како стимулација за зголемување на…

повеќе...

Во четвртата недела од 2014 година – 2.090 болни од грип

Во текот на 4-тата недела од 2014 година (од 20.01.2014 – 26.01.2014 година), 27 од 31 извештајна единица во Република Македонија испратија групни пријави со заболени од грип, со вкупен број на заболени од 2.090 (МБ 10,2/10.000). Во споредба со бројот на заболени во 4-тата недела од минатата сезона (1.715), се бележи зголемување за 21,9%, а во однос на епидемискиот праг (просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, кој изнесува 1.079), се регистрира зголемување за 93,7%. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од…

повеќе...

Општина Охрид ќе го стимулира развојот на наталитетот со еднократна парична помош од 5000 денари за секое новороденче

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорот на Општата Болница д-р Љубен Арнаудов денес потпишаа Меморандум за  меѓусебна соработка. Со овој акт општината самоиницијативно се обврзува  финансиски да го помага секое прво и второ родено дете во семејствата во градов со еднократна парична помош од 5 000 денари. Со ова Општина Охрид и официјално ја дава својата поддршка кон заложбите на Владата на Република  Македонија во насока на зголемувањето  на наталитетот во земјава. „Еднократната парична помош ќе се одвива во две фази. Во првата фаза со оваа ставка ќе бидат…

повеќе...

Македонија ќе добие Државна кардиохирургија

Владата на последната седница донесе одлука за основање Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за државна кардиохирургија. Во наредниот месец и пол, два, можеби два и пол месеци се планира да се направат сите подготвителни работи за отпочнување со работа на Државната кардиохирургија и изведување на првата кардиохирушка интервенција во новооснованата ЈЗУ. Ова на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој рече дека првпат по 50 години Владата основа  Државна кардиохирургија, со што се решава повеќедецениски проблем кој претставува еден од националните медицински приоритети. Тој рече дека Државната кардиохирургија…

повеќе...

Ротари клуб Охрид ќе донира медицинска опрема за одделот Педијатрија при општата болница

Како резултат на многу успешната меѓусебна соработака со Ротари клуб Охрид, во ЈЗУ Општа болница ќе се реализира уште една нивна донација во висина од 45.519,00 евра, информираат од општата болница. Донацијата ќе биде во вид на медицинска опрема за одделот Педијатрија и ќе се состои од: 1.ЕХО апарат со две сонди (кариолошка и педијатриска) 2.ЕКГ 3.Микроскоп 4.Пулсоксиметар (2 бр.) 5.Спирометар (4 бр.) 6.Инфузомати (4 бр.) 7.Оксигенометар (2 бр.) 8.Инхалатор (4 бр.) Во тек се сите законски постапки за набавување на опремата. Со добивањето на ова како што велат од ЈЗУ…

повеќе...