Отслужена литургија во храмот „Пресвета Богородица – Челница“ во Охрид

Вчера на празникот Собор на Пресвета Богородица, во храмот „Пресвета Богородица – Челница“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј ги поздрави присутните со пригодно слово.

повеќе...

Божик за најмладите

Родениот ден на Спасителот и Заштитникот на најмладите, го прославија и му се израдуваа и дечињата од Дебарско-кичевската Епархија, кои беа топло пречекани од Дедо Владика. Имено, на 7ми јануари во просториите на Дебарско-кичевската епархија, Митрополитот Тимотеј приреди прием за свештенството од нашата Епархија, а најмногу се израдуваа дечињата, кои со радост му го честитаа Божик на Митрополитот Тимотеј, а Дедо Владика им подари пакетчиња, возвраќајќи им на радосниот поздрав: Христос се роди!

повеќе...

Божикни концерти на Филхармонијата и на хорот „Злата Мегленска“

Македонската филхармонија во Македонскиот народен театар изведе Божикен концерт, под диригентство на Саша Николовски ­Ѓумар. Оркестарот отсвири дел од најубавите композиции на руската класична музика ­ свитата „Оревокршачка“ од Чајковски, „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Бородин, Интермецо од балетот „Рајмонда“ од Глазунов, „Валс ­ фантазија“ од Глинка и „Големата порта на Киев“ од „Слики од изложба“ од Мусоргски. Филхармонијата најави дека по концертот за Божик ќе ја продолжи концертната сезона со атрактивна програма. Божикен концерт „10 години Божик ­ слава“ синоќа традиционално одржа и Женскиот камерен хор „Св.…

повеќе...

Многу верници присуствуваа на литургијата во храмот „Св.вмч.Ѓорѓи“ во Охрид

Денес на  Рождеството на Господ Исус Христос – Божик, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата присуствуваа многу верници, кој во најголем дел пристапија да се причестат со Телото и Крвта Христови. По завршувањето на Литургијата, протоерјот Никола Христоски го прочита Божикното послание, испратено од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески присуствуваше на литургија за Божик

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески присуствуваше на света литургија што утрово се одржа во црквата „Св. Георгиja“ во населбата Горна влашка мала, а по повод големиот христијански празник, Рождеството Христово- Божиќ. Заедно со своите сограѓани, православни христијани, градоначалникот Бакрачески се помоли за добро здравје на своите ближни но и на сите граѓани. Тој посака Божјата милост да ги прати сите луѓе на патот кон успехот, меѓусебното разбирање и толеранцијата а оние кои слават празникот да го минат во добро расположение заедно со семејството и ближните полни со љубов, добра мисла…

повеќе...

Божикна литургија во Соборниот храм во Скопје

Претседателот Иванов заедно со сопругата, Маја Иванова, денеска присуствуваа на централното одбележување на Рождеството Христово – Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски”, во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан чиноначалствуваше Архиерејска Златоустова литургија. „На сите верници кои денеска го слават Рождеството Христово – Божик им го честитам овој голем христијански празник со традиционалниот поздрав „Христос се роди- Навистина се роди”. Сето она што го посакувам за себе и за своето семејство им го посакувам и на сите граѓани на Република Македонија – многу радост, многу среќа, многу љубов.…

повеќе...

Божикна честитка од премиерот Груевски

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски упатува божикна честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,  Архиепископ Охридски и Македонски Господин Господин Стефан. „Ваше Блаженство, Со голема радост и задоволство од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, би сакал да Ви го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божиќ. Божиќ е празник на семејството, празник на среќата, празник на желбите, празник кога…

повеќе...

Света литургија за празникот Собор на Пресвета Богородица

Утре, на празникот Собор на Пресвета Богородица – Втор ден Божик ќе се служи света архиерејска златоустова литургија во црквата „Света Богородица“ – Челница, со почеток во 8:45 часот. Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот.

повеќе...

Божиќна честитка од градоначалникот Бакрачески

По повод големиот христијански празник, Рождество Христово- Божиќ, градоначалникот Никола Бакрачески, до верниците од православната вероисповед упати честитка, со желби за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет во семејствата. „Великиот празник на Христовото раѓање- Божиќ, поминете го во радосен амбиент, во топлината на домот, заедно со семејството и ближните, полни со љубов, добра мисла и меѓусебно разбирање. Божиќ е празник кој поттикнува на човекољубие, почит кон другите и помош на немоќните. Христовото раѓање е величествен ден за човештвото, ден кога се здогледа големиот сјај и се означи зачетокот на…

повеќе...

Божикна честитка од премиерот Груевски до Евангелско-Методистичката црква во Македонија

Премиерот Никола Груевски упати честитка до верниците и до претседателот на Евангелско-Методистичката црква Емил Заев, по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ. „Почитуван г-дин Заев, Дозволете ми Вам лично, на Вашето ценето свештенство и на сите верници на Евангелско-Mетодистичката црква во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот Христијански празник – Божиќ. Божиќ е празник на Божјата љубов, празник кој треба да нè потсети дека Бог во својата намера да го доближи човекот до себе, одлучи…

повеќе...