Одржан редовен состанок на Советодавното тело

На 24.12.2015 година се одржа редовен состанок на Советодавното тело на кој се разгледаа повеќе актуелни прашања од областа на царинското работење и барања на деловната заедница. На состанокот, на претставниците на деловната заедница им беа презентирани најновите упатства кои ги донесува Царинската управа во насока на понатамошно олеснување на царинските постапки и забрзување на нивното спроведување. Во Царинската управа во постапка на донесување се нови Упатства за овластен примач и овластен испраќач, Упатство за увоз за облагородување и Упатство за начинот на потврдување дека стоката е изнесена од царинското…

повеќе...

Пристапување на Србија кон конвенцијата за заедничка транзитна постапка

Oд 1 февруари 2016, година Република Србија ќе стане полноправна членка на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка со што значително ќе се забрза и поедностави спроведувањето на транзитната постапка и ќе се намалат трошоците за транзитните движења кои поминуваат низ Република Србија. Со пристапувањето на Република Србија кон Конвенцијата се овозможува непрекинато извршување на транзитните операции помеѓу договорните страни на Конвенцијата, без прекинување на истите при влез во Република Србија. Со цел од 1 февруари целосно да се искористат можностите за поедноставување и забрзување на транзитните формалности и намалување на…

повеќе...

Запленети девизи, икони, техничка стока, додатоци на исхраната, фунгициди, инсектициди и фалсификати

Mинатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, икони, нови и употeрбувани технички производи и алати, облека, додатоци на исхраната, парфеми, креми, фунгициди, инсектициди и фалсификати. Покрај тоа откриен е и еден обид за влез на илегални патници во државата. Задржана е следната стока: Девизи – 2.000 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи автомобил со македонски регистарски таблички, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Во преден џеб од панталоните на возачот се пронајдени 4.000…

повеќе...

Реактивирање на кампањата – Пријавете пари

Потсетување на патниците за нивните права и обврски при пренос на пари од царински аспект Царинската управа ја реактивира кампањата за информирање на патниците кои влегуваат, излегуваат или транзитираат низ Република Македонија за нивните права и обврски поврзани со внесувањето/изнесувањето на пари, која ја започнавме во август минатата година. Во рамки на кампањата изработени се брошури на македонски, англиски, албански и турски јазик со информации за патниците кои се делат на сите гранични премини за важечката царинска регулатива поврзана со пријавување пари и информативен видеоклип кој се емитува на екраните…

повеќе...

Во специјално изработен бункер во српски мерцедес пронајдени 152 илјади евра

На 16.12.2015 година, царинските службеници од Одделението за оперативни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, при контрола на патничко моторно возило со српски регистарски ознаки во специјално направен бункер пронајдоа 152.395 евра. Дента, околу 20:00 часот на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија беше запрено патничко моторно возило марка MERCEDES E220 со српски регистарски ознаки управувано од српски државјанин од Прешево. При детална царинска контрола на патничко моторно возило во долниот делот зад предната регистарска табличка, пронајден е специјално направен бункер од каде се извадени 152.395…

повеќе...

Запленети девизи, фалсификати, автоделови и часовници

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, делови за товарни возила, регистарски таблички, пенкала, рачни часовници, пластични продолжетоци и фалсификати. Девизи – 30.000 евра, откриени при личен претрес на грчки државјанин, кој како патник во грчки автомобил, управуван од грчки државјанин се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во преден џеб од фармерките на патникот се пронајдени 40.000 евра за кои не поседувал потврда за внесени девизни средства, издадена од царинските органи на Република Македонија.…

повеќе...

Признание од USAID за Царинската управа за континуирана поддршка и партнерство

Денес на промоцијата на резултатите од активностите по повод завршувањето на Проектот за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS), финансиран од страна на Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID), на Царинската управа ѝ беше врачена плакета како признание за континуираната поддршка и партнерство со IDEAS. Плакетата ја прими Наташа Радеска Крстевска, директор на Царинската управа. Преку активностите на проектот, насочени кон унапредување на економскиот развој на Македонија преку зајакнување на капацитетите на владиниот и деловниот сектор, Царинската управа доби поддршка во напорите за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата…

повеќе...

Потврда за успешна примена на барањата на стандардот ISO 9001:2008 за менаџмент со квалитет

Во периодоt 9-10 декември 2015 година, меѓународното сертификационо тело TÜV NORD Бугарија спроведе редовен годишен надзор на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2008 во Царинската управа. Царинската управа беше оценета со највисока оценка и беа забележани значајни промени и подобрувања во воспоставените деловни процеси. Сертификатот за стандардот за Систем за менаџмент со квалитет, Царинската управа го доби на 13 декември 2013 година. Поседувањето на сертификат за стандардот за Систем за менаџмент со квалитет значи признавање дека сите процеси и постапки кои се спроведуваат во Царинската управа, како и…

повеќе...

Запленети девизи, акцизни производи, автоделови, лекови, облека, техничка стока, фалсификати и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, вино, моторцикл, автоделови, лекови, компресор, парфеми, тоалетни води, балони, облека, преносни компјутери, тапи за риболов, чаеви и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 4.500 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на македонски државјани, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во џебовите од јакната и фармерките на патникот се пронајдени вкупно 4.800 евра и 2.000 швајцарски франци за…

повеќе...

Поднесени кривични пријави од Царинска управа во ноември 2015 година

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец ноември 2015 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 10 кривични пријави против 12 физички лица и едно правно лице. Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Криумчарење“, „Фалсификување исправа“ и „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Криумчарење Пет кривични пријави се поднесени против 5 физички лица за сторено кривично дело „криумчарење“. Една кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје е поднесена против македонски државјанин, за…

повеќе...