Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) на Амбасадата на САД во Република Македонија на Царинската управа ѝ врачи опрема во вредност од 8.918 американски долари – 7 пејџери за откривање на радијација, наменетa за спречување на незаконско тргување со стоки. Опремата што официјално беше предадена денес и што царинските службеници ќе ја користат во нивната секојдневна работа, ќе придонесе за поефикасна и поефективна борба против прекуграничниот криминал и за подобри резултати во откривањето и спречувањето на недозволената трговија и заштита на границите. Во изминатите десетина години, Aмбасадата…
повеќе...Tag: царина
Откриена измама и запленети рачни часовници, акцизна стока, автоделови, техничка стока, фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, алкохолни пијалоци, цигари, тутун, автоделови, мобилни телефони, телевизор, облека, козметички средства, опрема за алпинизам и фалсификати. Задржана е следната стока: Рачни часовници – 1 нов рачен часовник марка CARTIER chronograph и еден употребуван рачен часовник марка Breguet-Horloger de la Marine, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес и контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Цирих. Првично, во патниот куфер на…
повеќе...Откриени мигранти и запленети девизи, цигари, автоделови, рачни часовници, техничка стока, облека
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија мигранти и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, автоделови, рачни часовници, техничка стока, облека, фалсификати и друго. Мигранти Во текот на минатата недела, на царинската испостава Железничка станица Гевгелија, во четири одвоени случаи, откриени се вкупно 50 мигранти. Во првиот случај, прифизички преглед на 23 празни вагони од товарен воз, кој патувал на релација од Грција за Унгарија, а бил пријавен за влез во државата, биле пронајдени 2 мигранти со потекло од Пакистан и Алжир. Во вториот…
повеќе...Откриени измами, мигранти и запленети алкохолни пијалоци, лекови, автоделови, дрон, фалсификати и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија пет случаи на царински измами, мигранти и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани алкохолни пијалоци, лекови за потенција, автоделови, регистарски таблички, летечка камера, фалсификати и друго. Задржана е следната стока: Алкохолни пијалоци – 294 шишиња виски JIM BEAM BLACK (по 700 ml), откриени при контрола на стока од извозник од Србија, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 1. Непријавените шишиња виски се со вредност од 103.606 денари со што е направен обид…
повеќе...Царинската управа оствари работни средби со бизнис заедницата
Во насока на продлабочување на соработката со бизнис заедницата, Царинската управа на Република Македонија организираше работни состаноци во сите подрачни царинарници: Битола, Скопје, Куманово, Штип и Гевгелија, како и на централно ниво во просториите на Царинската управа во Скопје. На состаноците присуствуваа околу 100 претставници на компании и тоа: компании од областа на текстилното производство, т.н. „лон“ производство, производители и увозници на акцизни добра, транспортни и шпедитерски компании, претставници на компании – странски инвеститори, како и претставници на странски компании кои имаат намера да започнат со работа во Република Македонија.…
повеќе...Запленет златен накит со вредност од 1 милион денари
На 23 јули 2016 година за излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце се пријави патничко моторно возило со швајцарски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин. При преглед на возилото, во багажниот простор од возилото во мала шарена кесичка за накит и тоалетен несесер сместени во црно пластично ќесе во просторот наменет за чување на помошен прибор, пронајден е златен накит (женски алки, прстени, ѓердани и брошови) со тежина од 440 грама и 8 употребувани рачни часовници (машки и женски). На ваков начин пријавениот се обидел да пренесе стока…
повеќе...Цариниците запленија 34 килограми марихуана
Вчера (24.07.2016 година) царинските службеници запленија 34 килограми марихуана на ГП Дојран. Имено, на 24 јули 2016 година околу 16:30 часот на излез во Република Македонија на граничниот премин Дојран се пријави товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од лице македонски државјанин. При контрола на товарот во полуприколката од страна на царинските службеници пронајдени се две црни патни торби со вкупно 35 пакетчиња (20 пакетчиња во едната и 15 во другата торба) наполнети со непозната материја од растително потекло со зеленкаста боја и карактеристична миризба, завиткани со стреч…
повеќе...Запленети дрон, фалсификати, семки од cannabis, муниција, облека и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани семки од cannabis, куршум за автоматска пушка, боја, зацврстувач за боја, лепак, употребувана машина за гравирање, делови за огради, метални стеги, пестициди, облека, обувки, мобилни телефони, дрон, девизи, цигари и фалсификати. Задржана е следната стока: Цигари – 33 штеки цигари RODEO и BOSS со македонски акцизни маркички откриени при контрола на македонски автобус, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Цигарите пронајдени во багажниот простор, во патни торби сопственост на…
повеќе...Директорката на Царинската Управа на седница на Советот на Светската царинска организација
Директорката на Царинската управа на Република Македонија присуствуваше на 127-та/128-та седница на Советот за царинска соработка што се одржа од 14 до 16 јули 2016 година во Брисел. Годинава приоритет беше ставен на безбедноста. Усвојувајќи ја Пунта Кана резолуцијата за безбедност и Програмата за нејзина имплементација, Светската царинска организација ја потенцираше клучната улога на царината во борбата против недозволената трговија и тероризмот. Светската царинска организација ја поддржува интензивната соработка помеѓу царинската служба и меѓународните организации на полето на безбедноста, но воедно се залага и за олеснување и забрзување на трговијата…
повеќе...Запленети 22 златници на скопскиот аеродром
При контрола на патник на Аеродром Александар Велики во Скопје, мобилен царински тим откри 22 златници со вредност од околу 12 илјади долари. Имено, на 13 јули 2016 година околу 17:00 часот на аеродромот во Скопје, за влез во Република Македонија со лет од Рим се пријави лице со иницијали Н.Р., македонски државјанин од Кичево. И покрај тоа што лицето се упатило кон зелен канал каде одат патници кои немаат ништо за пријавување, селектирано е за царинска контрола. При контрола на личниот багаж, во патна торба помеѓу личните предмети завиткани…
повеќе...