Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на народното востание „11 Октомври“, ден кога Македонија се крена против фашистичкиот окупатор и застана на страната на правдата и прогресот. „Слободата и мирот се нераскинлив дел од македонското битие. Нашите граѓани, нашите борци за слобода, увидоа дека Европа и светот се наоѓаат пред едно од најголемите зла на човештвото и цврсто и непоколебливо застанаа да се борат против него. И денес, македонските граѓани и македонската Армија исто толку цврсто и непоколебливо се борат за…
повеќе...Tag: честитка
Честитка на СДСМ по повод 11-ти Октомври
Социјалдемократскиот сојуз на сите граѓани на Република Македонија им го честита 11-ти Октомври, Денот на народното востание. „Овој голем државен празник е вечен потсетник за непоколебливоста на народот во Македонија, во битката за својот идентитет, за своја држава, за слобода. Пред 73 години, на денешен ден, во Прилеп и Куманово започна борбата за слободна Македонија. Многу жртви на знајни и незнајни херои паднаа во Народно-ослободителната борба, но сонот на нашите дедовци или татковци се оствари. Света обврска на сегашните генерации е овој аманет, за слободна, независна, просперитетна и економски стабилна…
повеќе...Честитка од претседателот Иванов по повод 11 Октомври, Денот на народното востание
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание во Република Македонија упати честитка до граѓаните на Република Македонија во која стои: „Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание. На овој историски ден во 1941 со нападите на прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев” врз полициската станица и затворот во Прилеп започна востанието против фашистичката окупација и беше најавена организираната народно ослободителна борба. Преку оваа борба нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба…
повеќе...Честитка на Здружението на поддржувачи на ликот и делото на Јосип Броз – Тито, Охрид по повод 11-ти Октомври
По повод 11-ти Октомври, Здружението на поддржувачи на ликот и делото на Јосип Броз – Тито, Охрид упати честитка, во која стои: „Македонија во аналите на својата историја, најсилно го запечатува името на еден од најзначајните датуми во борбата за своја слобода и своја држава, 11-ти Октомври. На овој ден, ехото од Прилеп и Куманово, одекна силно во сите краишта на нашата земја, и сите нејзини синови застанаа силно и обединето под татковинското знаме, под кое подоцна беше извојувана и најголемата од сите победи, онаа за сопствениот идентитет и интегритет, за…
повеќе...Честитка од НВО Коалицијата на Египќаните по повод Курбан Бајрам
НВО Коаликцијата на Египќаните, на сите припадници на исламската вероисповед,му го честита големиот верски празник Курбан Бајрам. Во честитката, мегу другото се вели: „Нека овој ден ги сплоти срцата на сите луге, нека донесе срека, спокој, хармонија, берикет , љубов и разбирање помегу лугето, како и да се воскреснат универзалните вредности на солидарноста и спокојството, како инвестиција кон заедничкиот соживот и поквалитетен живот.“– стои во честитката.
повеќе...Честитка на градоначалникот Бакрачески по повод Курбан Бајрам
По повод верскиот празник Курбан Бајрам, градоначалникот Никола Бакрачески, упати честитка до верниците од исламска вероисповед, во која им посакува многу здравје, среќа и бериќет во нивните семејства. „Празнувањето на Курбан Бајрам поминете го во кругот на семејството, роднините и пријателите, во хармонична и весела атмосфера и во духот на спокојството и меѓусебната солидарност. Вашите мисли и срца нека бидат свртени кон мирот, радоста и заедништвото, како основни вредности за меѓусебно почитување и квалитетен соживот“ – се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески по повод празнувањето на Курбан Бајрам.
повеќе...Честитка од премиерот Груевски по повод Курбан Бајрам
Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски упати честитка до верниците од исламска вероисповед, како и до претседателот на Исламската заедница во Република Македонија Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи. Во честитката стои: „Почитуван Претседател на Исламската заедница во Република Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, Ми претставува особена чест, Вам лично, на членовите на Ријасетот, како и на сите верници од исламска вероисповед, од името на Владата на Република Македонија, како и од мое лично име, да Ви го честитам големиот верски празник – Курбан Бајрам.…
повеќе...Честитка од претседателот Иванов за празникот Курбан-бајрам
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод верскиот празник Курбан-бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема ефенди, Сулејман Реџепи, во која нему и на сите граѓани со исламска вероисповед во земјава им го честита големиот празник Курбан-бајрам. „Прославувањето на овој празник нека Ви донесе мир, радост и благосостојба, но и нека ја пренесе пораката за големината на овој празник, а тоа е споделувањето со ближните и сиромашните. Вредностите како милосрдието и простувањето се симболи на човечноста, почитувањето и толеранцијата, кои можеме заеднички да ги градиме преку…
повеќе...Претседателот Иванов со честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитка до припадниците на Бошњачката етничка заедница во Република Македонија. „Почитувани сограѓани, Во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Македонија, би сакал најсрдечно да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, и да ви посакам празникот да го минете во убаво расположение и добро здравје. Нашата заедничка татковина Република Македонија, како врвен приоритет го има поставено негувањето на различните културни специфики и традиции и во неа има…
повеќе...СДСМ со честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на сите граѓани на Република Македонија им го честита 8-ми Септември, Денот на државноста. „Копнежот за слобода, економски просперитет и демократски напредок на државата бил вековна борба на македонскиот народ. Тој предизвик и денес е исправен пред граѓаните на Македонија. Oвој историски датум, 8-ми септември, кога граѓаните го кажа судбоносното и референдумско “ДА“ за остварување на вековниот сон, Независна Република Македонија е обврска за сите нас, да ја сочуваме и развиваме земјата во духот на слободата и демократските вредности. СДСМ како државотворна партија и понатаму ќе…
повеќе...