Градоначалникот Трајкоски го посети Песочан

Во рамките на активностите за подобрување на секојдневното живеење на жителите од општина Дебарца во село Песочан се врши реконструкција на јаз (бразда). Имено се работи за инвестиција на Локалната самоуправа од општина Дебарца предводена од градоначалникот Игор Трајкоски. Вредноста за изградба на овој зафат е 260.000,00 денари обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа. Браздата е со должина од 200 метри и претставува значаен зафат за жителите на с.Песочан особено во летниот период кога е од исклучително значење за наводнување на земјоделските површини. Градоначалникот Трајкоски денес на лице место ги…

повеќе...

Општина Дебарца ги известува жителите дека организира јавен линиски превоз на патници

Врз основа на член 22 став 1 точка 4 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), општина Дебарца ги известува сите жители на населените места на општина Дебарца дека организира јавен линиски превоз на патници. Поради тоа Ве повикуваме да дадете мислење за организирање на број на линии како и време на поаѓање до секое населено место, најдоцна до 2 декември 2013, со што би можеле да се вклопат во мрежата на линии во меѓуопштинскиот превоз, заради подобро и пофункционално организирање на линискиот превоз низ населените…

повеќе...

Ќе се урбанизира општина Дебарца

Од Општина Дебарца известуваат дека во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година Општина Дебрца изготви барање за финансиска поддршка за обнова и развој на селата Волино, Слатино, Велмеј, Злести, Издеглавје, Лактиње, Песочан, Црвена Вода, Горно Средоречие и Долно Средоречие. Во состав на Програмата, по претходно барање од страна на Општина Дебрца застапувана од Градоначалникот Игор Трајкоски до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се ОДОБРЕНИ 17.318.400.00 денари. Со одобрените средства ќе се реализираат проектите во сферата на финансиска поддршка за мерка…

повеќе...

СДСМ Дебарца: Седниците на Советот на Општина Дебарца се свикуваат неделовнички

Советничката група на СДСМ Дебарца, реагира за работата на Советот на Општина Дебарца, како што истакнуваат, седниците се свикуваат неделовнички. „Денес советот на општината Дебарца ја одржа десеттата седница. И оваа седница како и сите други се свикуваат нестатутарно и неделовнички. Стана практика на  претседателот  и мнозинството во советот на општината седниците да се свикуваат со грубо кршење на одредбите на  Деловникот на советот на општината Дебарца. Согласно член 46 од Деловникот на советот решението за свикување на седницата на советот со предлог дневен ред и материјалите по прашањата што…

повеќе...

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски на работна посета во Италија и Словенија

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски остварува работна посета на Република Италија и Република Словенија. Целта на работната посета е размена на искуства во погранична соработка за искористување на ИПА средствата. За таа цел беа одржани неколку работни средби во градовите Трст и Копар на кои беа разгледувани можностите за погранична соработка. Покрај градоначалникот Трајковски на работните средби присуствува  министерот за локална самоуправа Тахир Хани и градоначалници од други Општини во Република Македонија. Градоначалникот Трајковски се надева дека стекнатите искуства при посетата и работните состаноците ќе допринесат за побрза имплементација…

повеќе...

Конституиран новиот состав на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебарца

На синоќешниот состанок  во  просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Дебарца беше одржана Првата Конститутивна седница, со седницата раководеше новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ  Дебарца Ѓорѓи Скепароски  Професор по спорт и спортски активности кој воедно и го соопшти  новиот состав на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Дебарца. Потпретседал: Василески Стојан –Угостителски техничар и Целески Александар-Машински техничар Секретар: Билјана Суклоска м-р по Правни науки Членови на ОК Дебарца: Игор Трајкоски – Биотехнолог Илија Бутески – Дипломиран цариник Мајстороска Јагода – Текстилен техничар Јолакоски Богоја – Пензионер Николоски Сашо – Електротехничар Кожески Маријан…

повеќе...

Општинската организација на СДСМ Дебарца со нов Извршен одбор

Општинската организација на СДСМ –Дебарца, синоќа на изборна Конференција, по предлог на Претседателот на ОО на СДСМ, Зоран Ногачески, избра нов Извршен и Надзорен Одбор на општинската организација. Како гостин на Конференцијата беше присутен членот на Извршниот одбор на СДСМ,  Ѓоко Танаскоски. Во своето обраќање до присутните Претседателот  на ОО на СДСМ Дебарца  во кратки црти ја презентира програмата на ОО СДСМ Дебарца, чија основна цел ќе биде  Општинската организација  да се врати на победничките патеки, со што ќе се даде придонес во создавањето на новиот победнички СДСМ. Тимот со…

повеќе...

Издадена еколошка дозвола за живинарската фарма „Бастум“ во с.Мешеишта

Согласно Законот за животна средина и Уредбата за инсталациите кои подлежат на обврската за поседување на Б-интегрирана еколошка дозвола, Општина Дебарца ја издаде третата Б-интегрирана еколошка дозвола, односно Б-Дозвола за усогласување со оперативен план на живинарската фарма „Бастум“ од с.Мешеишта. Дозволата ја обврзува инсталацијата да ги намали емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната средина и предвидува мониторинг на емисиите на штетни материи, во смисла на интегрирано спречување и контрола на загадувањето.  ОПШТИНА ДЕБАРЦА  Градоначалникот на Општина Дебарца  ОБЈАВУВА Издавање на  Б-интегрирана еколошка дозвола за усогласување со оперативен…

повеќе...

Свечено одбележан патронатот на ЦОУ „Дебрца“

Општина Дебарца како носител на настанот, Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и ЦОУ „Дебрца“ од с.Белчишта, по повод јубилејот 70-годишнината од формирањето на првата МКНОУПБ во селото Сливово и патронатот на ЦОУ „Дебрца“ од село Белчишта денес организираа свечена прослава. Патрониот празник се одбележа во просториите на ЦОУ „Дебрца“ со културно-уметничка програма изведена од учениците од училиштето. На прославата пред присутните се обрати директорот на ЦОУ „Дебрца“ Иван Димоски. „Денот на Основното училиште „Дебрца“…

повеќе...

Со полагање на свежо цвеќе одбележана 70-годишнината од формирањето на првата МКНОУПБ

Со полагање на свежо цвеќе, делегација на Општина Дебарца, делегација на главниот и градскиот одбор на СБМ, претставници на АРМ гарнизон Кичево, Општинска Организација на Сојуз на борци од Струга и претставници од ЦОУ „Дебрца“ започнаа активностите за одбележување на 70 годишнината од формирање на првата МКНОУПБ. Пред присутните во с.Сливово за значењето на настанот се обрати професорот по историја Наце Иваноски, а ги поздрави претседателот на секцијата на бригадата Тодор Коцевски. Активностите продолжија во текот на денот со посета на спомен собата на НОБ во с.Белчишта и Ликовната колонија. Потоа…

повеќе...