Упокоение на Св. Методиј Солунски – Св. Евтихиј патријарх Цариградски

Роден е во Фригија од благочестиви родители. Татко му беше офицер. Еднаш момчето Евтихиј се забавуваше со своите врсници, а нивната игра се состоеше во тоа што секој го запишуваше своето име на карпата и покрај името оној чин којшто според насетувањето ќе го добијат во животот. Кога дојде на ред Евтихиј, тој напиша: „Евтихиј патријархот“. Во неговата триесетта година стана игумен на еден амасиски манастир. А кога имаше четириесет години, амасискиот митрополит го испрати наместо себеси на Петтиот Вселенски Собор. На Соборот тој заблеска како пресветла ѕвезда меѓу отците…

повеќе...

Трет ден Велигден, завршува најголемиот христијански празник

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите…

повеќе...

Отслужена света архиерејска Литургија во црквата Св. вмч. Ѓорѓи во Струга

Денес, во Понеделник од Светла седмица – Втор ден Велигден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Темелко Донески, свештениците Васко Голабоски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот струшки народ со пригодна беседа.

повеќе...

Воскресение Христово – Втор ден

Православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово во саботата на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, по што, вчера и денеска, се одржуваат воскресенски литургиии. Велигден е спој на верата и традицијата негувана од памтивек. Почнува на Велики четврток пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол…

повеќе...

Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

По повод најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден, редакцијата на WebOhrid упатува честитки до сите православни христијани, со желба за многу здравје, среќа, љубов, успех, благостојба и спокој во секој дом. Нека ни е честит големиот христијански празник Христово Воскресение – Велигден и За многу години. Христос Воскресе – Навистина Воскресе! WebOhrid

повеќе...

Велигденска честитка на ОО СДСМ Охрид

ОО на СДСМ Охрид упатува искрена честитка до сите граѓани на Охрид кои го чествуваат големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден. „Светлината на Христовото Воскрение е симбол на откровението на вистината – спасителка на светот и на човекот. Ова е период кога можеби повеќе од било кога сме исправени пред најголемите предизвици како граѓани на овој наш старозамански град – да покажеме здрав разум, храброст и зрелост и цврсто и непоколебливо да застанеме на страната на животот, вистината, правдата, почитта кон различностите, на страната на човековото достоинство што ја…

повеќе...

СВР Охрид со честитка за Велигден

По повод големиот Христијански празник Велигден, до сите православни и католички верници од СВР Охрид упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото Воскресение. „Посакуваме достоинствено и величествено велигденско празнување, нека столбот на нашата вера Велигден ги исполни нашите домови и семејства со здравје, љубов, среќа, со чиста мисла, почит, солидарност и толеранција кон сите наши сограѓани. Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови…

повеќе...

Велигденска честитка од градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод големиот верски празник „Воскресение Христово- Велигден“, упати честитка до сите граѓани од христијанска вероисповед, во која искрено посакува добро здравје, благосостојба и духовна радост. „На овој голем христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта, на верниците од христијанска вероисповед им посакувам радост и верба во срцата, надеж, разбирање, меѓусебно почитување, солидарност и взаемно помагање- универзални вредности кои на секој човек му помагаат да ги надминува предизвиците и да ја гледа светлината на иднината. Во миговите на чествувањето на најсветите и најдлабоките традиционални…

повеќе...

Велика Сабота

Велика Сабота, е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посцедочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј симбол е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото…

повеќе...

Отслужени Царски часови и Вечерна богослужба во црквата Каменско

Денес, на Велики Петок утрово, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беа отслужени Царските часови и Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. За време на Вечерната богослужба, беше изнесена светата плаштаница, на која верните се поклонуваат на положениот во гроб Христос.

повеќе...