Одржани Деновите на доживотно учење

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, денеска присуствуваше на одбележување на Деновите на доживотно учење кое се одржа во Кичево. Лутфиу потенцираше дека Деновите на доживотно учење се одржуваат под покровителство на Министерството за образование и наука уште од 2002 година. „Би сакал да искажам голема благодарност до домаќинот – Центар за развој на заедницата од Кичево и до главните организатори на манифестацијата – Центар за доживотно учење и ЈУ Центар за образование на возрасните, до партнерските организации кои се приклучуваат на оваа кампања со настани во Тетово, Струмица,…

повеќе...

Почнаа отворените денови на АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, денес од Ресен го почна новиот циклус на непосредни средби со операторите со храна и граѓаните од овој регион, во рамки на Отворените денови на Агенцијата за храна и ветеринарство. Почнувајќи од денес до средината на ноември, првите луѓе на Агенцијата средби со компаниите и граѓаните ќе одржат и во Битола, Охрид и Струга, во Прилеп, Велес и во Скопје. Преку отворените денови за компаниите и граѓаните кои Агенцијата за храна и ветеринарство почна да ги реализира минатата година, покрај запознавањето со…

повеќе...

Честитка од Груевски по повод празникот 11 Октомври – Денот на народното востание

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски до сите граѓани упатува честитка по повод празникот 11 Октомври – Денот на народното востание . Почитувани граѓани на Република Македонија, Mи претставува особена чест и задоволство од името на ВМРО-ДПМНЕ и од мое лично име да Ви го честитам 11-ти Октомври – Денот на Народното Востание. Денес, Република Македонија ја слави Народноослободителната борба и нејзиното значење во остварувањето на вековниот сон на нашите предци за сопствена државност. 11-ти Октомври e историскиот континуитет на вековната идеја на нашиот народ за борба за слободна и самостојна…

повеќе...

Положено свежо цвеќе пред спомен обележјата на НОБ

Во Градскиот парк пред спомен обележјата на Андон Дуков, Спас Банџов, Петре Пирузе – Мајски и Мите Богоески, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание во Р. Македонија, делегација на општина Охрид положи свежо цвеќе. Пред спомен обележјата се поклонија и свежо цвеќе положија и претставници од ОО на Сојузот на Борци на НОАВМ од Охрид и Дебрца и останати претставници на јавниот живот од Охрид.

повеќе...

СВР Охрид со честитка по повод 11ти Октомври

По повод 11ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, од СВР Охрид до сите граѓани упатуваат искрени честитки за среќен и долговечен празник. „Почитувајки ги слободарските традиции на македонскиот народ и оддавајќи почит на македонските борници за слобода и мир, како демократска институција, доследно продолжуваме кон законско, етичкото и професионално решавање на безбедносни предизвици. Неуморно ја продолжуваме нашата мисија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи, бескомпромисно се бориме со сите видови и форми на криминалитет. Применуваме современи стандарди за проактивен и транспарентен концепт за соработка со…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. „Почитувани граѓани на Република Македонија, Ако постои една идеја што како светилник нè водела низ бурите на историјата, тоа е идејата за слобода на Македонија. Благодарение на таа идеја, ние сме наоѓале сила да се помириме и да ги надминеме поделбите. Минаа 75 години од 11 Октомври 1941-та, од денот кога македонскиот народ се дигна на востание за ослободување на Македонија од нацистичкиот и фашистичкиот окупатор. Следуваа…

повеќе...

Здружението „Титоисти” со честитка по повод 11-ти Октомври

Здружението „Титоисти” од Охрид упати честитка по повод 11-ти Октомври, во која стои: „Почитувани сограѓани, Во овие тешки времиња кога се забораваат основните вредности и постулати на слободата на Македонското тло и споменот на нејзините творци се повеќе избледува, дозволете да се потсетиме, а истовремено и младите генерации да ги потсетиме на значењето и на истрајната симболика на денешниот датум, 11-ти Октомври! Денес е мигот на мало приспомнување на најхрабрите во својата генерација, вградени во колективната Македонска историја, посебно од периодот на Втората Светска Војна, денес толку склона на прекројување,…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод 11ти ктомври – Денот на народното востание

По повод одбележувањето на 75- годишнината од 11 Октомври- Денот на народното востание, градоначалникот Никола Бакрачески, до граѓаните на општина Охрид, упати празничка честитка. „Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ.Благодарение на пожртвуваноста на храбрите борци во Народноослободителната антифашистичка борба, на темелите на историските традиции на македонскиот народ низ вековите, на илинденците и АСНОМ- ците, ние ја живееме слободата. Живееме во слободна и независна Република Македонија, сон на многу генерации слободољупци, кои оставиле аманет да ја чуваме со…

повеќе...

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца со честитка по повод 11ти Октомври

ОО на СБ-Охрид и Дебрца упати честитка до граѓаните по повод 11ти Октомври, во која се вели: „11 Октомври 1941 година претставува врвен израз и логичен продолжеток на револуционерните и слободарски традиции на македонскиот народ, изразени на сите претходни востанија во минатите векови и децении. Македонскиот народ во тие судбоносни моменти се определи за борба против ропството, против фашизмот – заедно со светската антифашистичка коалиција, борба за остварувањето на вековниот сон за национална слобода и своја држава. Учеството во вооруженото востание во Народноослободителната борба беше револуционерен и патриотски долг на…

повеќе...

11-ти октомври – Денот на народното востание на Република Македонија

Ден на востанието на Република Македонија или Ден на народното востание на Македонскиот народ познат како 11 Октомври е државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за национално ослободување на македонскиот народ. Тоа е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствена државност. Со овој историски чин, македонскиот народ покажал дека на никој нема да му дозволи да го турне на страната на…

повеќе...