Свеченост по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Општина Охрид и организацијата на Сојузот на борци од НОАВМ и нивните следбеници, денеска свечено го одбележаа 11 Октомври – Денот на народното востание. На свеченоста, што се организира по повод 75- годишнината од Народното востание, пред присутните се обрати градоначалникот Никола Бакрачески. „Почитувани учесници во Народноослободителната и антифашистичка војна, дами и господа, нека ни е честит и вековит 11 Октомври- Денот на востанието на македонскиот народ, великиот празник на Македонскиот слободарски дух и непокор. Денес, одбележуваме 75 години од почетокот на народното востание во 1941 година и со почит…

повеќе...

Меѓународен ден на бездомништвото – Секој седумдесетти жител во светот е бездомник

Секоја година на 10. ден од 10. месец во годината се одбележува Меѓународниот ден на бездомништвото со цел да се сврти вниманието кон овој брзорастечки проблем. Според проценките на Обединетите нации, ширум светот има над 100 милиони бездомни лица, а над една милијарда луѓе живеат во несоодветни живеалишта. Овој екстремен вид на сиромаштија континуирано е во пораст поради со­ци­јал­ни­те не­ед­на­кво­сти, ви­со­ки­те стап­ки на не­вра­бо­те­ност и со­ци­јал­на­та иск­лу­че­ност, а акту­ел­на­та кри­за со еми­гран­ти­те, бе­гал­ци­те и со вна­треш­но рас­е­ле­ни­те ли­ца се до­пол­ни­те­лен ри­зик за зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на без­дом­ни­ци. Меѓу бездомниците во…

повеќе...

Со низа активности ќе се одбележи 11ти октомври – Денот на Народното востание

Општина Охрид и организацијата на Сојузот на борци од НОАВМ и нивните следбеници, организираат свечено одбележување на 11ти Октомври – Денот на народното востание. Утре (понеделник), во големата сала на општина Охрид, со почеток во 10 часот ќе има свечена програма по повод јубилејот- 75 години од народното востание, а вечерта во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи музичката група „Билјана- Јуниор“ . На 11ти октомври, кај спомен обележјето од НОБ во Градскиот парк, во 11 часот ќе биде положено свежо цвеќе.

повеќе...

Свети Јован Богослов, апостол и евангелист

Денес е празник посветен на Светиот Јован Богослов, апостолот и евангелист . Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ,…

повеќе...

Ќе се одбележи 11 октомври – Денот на Народното востание

Општина Охрид и организацијата на Сојузот на борци од НОАВМ и нивните следбеници, организираат свечено одбележување на 11ти Октомври – Денот на народното востание. Во понеделник на 10 октомври, во големата сала на општина Охрид, со почеток во 10 часот ќе има свечена програма по повод јубилејот- 75 години од народното востание, а вечерта во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи музичката група „Билјана- Јуниор“ . На 11ти октомври, кај спомен обележјето од НОБ во Градскиот парк, во 11 часот ќе биде положено свежо…

повеќе...

Зачнувањето на Св. Јован Крстител

Зачнувањето на Св. Јован Крстител Овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на Св. Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, коишто целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената уторба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со Свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господ Исус Христос. Преку Своите ангели Бог го објави раѓањето на Исак од бездетната Сара и…

повеќе...

11ти октомври – вторник неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2016 година (вторник), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.

повеќе...

Отворени денови на ФЗОМ

Од утре, четврток, 6 октомври, во сите 30 подрачни служби на ФЗОМ, продолжува со практиката на отворени денови за осигурениците. На овој начин осигурениците дирeктно од одговорните лица од Фондот ќе се информираат за своите права, ќе претстават некој проблем со добивање на право од здравствено осигурување, а воедно и ќе имаат можност да дадат свои идеи, предлози, кои се однесуваат за унапредување на работата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Oтворените денови се дел од заложбите на Фондот за информирани осигуреници, кои претставуваат вреден ресурс на повратни информации…

повеќе...

Утре Отворен ден во ОУ „Братство – Единство“

Утре (вторник), основните училишта Братство Единство, Климент Охридски, Григор Прличев, Христо Узунов и Наум Охридски од Охрид, кои учествуваа во Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, организираат ОТВОРЕН ДЕН, работилничка презентација на проектните активности. Настанот ќе се одржи во централната училишна зграда на ОУ „Братство Единство“ со почеток во 11 часот. Настанот е дел од серија на Денови за меѓуетничка интеграција кои ќе се одржат во повеќе општини и ќе ги опфатат типични активности кои што се организирале во училиштата во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден на срцето

Заводот за кардиоваскуларни заболувања, со поддршка на општина Охрид, вчера со пригодна акција го одбележа 29. Септември- Светскиот ден на срцето. Претседателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска истакна дека превенцијата на кардиоваскуларните заболувања е посебно важна во намалување на ризик факторите. Таа нагласи дека на тоа посебно треба да обрне внимание , бидејќи оние кои веќе имаат кардиоваскуларни проблеми треба редовно да се во директен контакт со здравствените работници. „Оние кои што се условно здрави се тие кои остануваат недоволно информирани за можноста да откријат одредени ризик фактори…

повеќе...