Собор на сите македонски Светители

Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет. Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата. Доколку некој упати поглед кон минатото со сигурност ќе види дека на територијата на Македонија во текот на вековите се раѓале и дејствувале голем број на Христови војници кои…

повеќе...

Отслужена литургија во „Св.Софија“ за празникот Светите маченички Вера, Надеж и Љубов, и мајка им Софија

Денес, на празникот посветен на Светите маченички Вера, Надеж и Љубов, и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Зоран Ставрески. Овој свечен ден стана уште поторжествен, со ракополагањето на ѓаконот Зоран Ставрески во презвитерски чин од раката на Митрополтиот Тимотеј. По…

повеќе...

Во Лагадин традиционално одбележан празникот Св. Софија, Вера, Надеж и Љубов

Традиционално верниците денес го одбележаа празникот посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија во истомената црквичка во Лагадин. На големиот црковно народен собир присуствуваа голем број на верници, палеа свеќи, се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Црквата во Лагадин пред 15 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките. WebOhrid

повеќе...

Ташевска-Ременски: Обезбедувањето на достоинствена старост е наша заедничка грижа

По повод 1 октомври-Меѓународниот ден на стари лица, министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети одделот „Мајка Тереза” при ЈЗУ Геронтолошки завод ,,13 Ноември”, Скопје притоа упатувајќи повик до сите. „По повод Меѓународниот ден на стари лица 1 Октомври, кој оваа година се одбележува во целиот свет под мотот на ОН „Заземи став спрема предрасудите поврзани со стареењето и старите лица“, денеска сме во посета на нашите сограѓани, комшии, баби и дедовци во Домот за стари лица Мајка Тереза. Оттука сакаме да ја испратиме пораката кон…

повеќе...

Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Денес е празник посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија. Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но…

повеќе...

29ти септември – Светски ден на срцето

Светскиот ден на срцето е востановен во 2000-та година од страна на Светската федерација за срце ( World Heart Federation). Се одбележува ширум светот а има за цел да ја зголеми информираноста на населението дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот со над 17 милиони смртни исходи годишно. Секоја година денот 29-ти септември огромен број здравствени работници, граѓански здруженија, државни иституции стручни асоцијации и многу други го посветуваат на подигнување на свеста за можноста голем број од факторите на ризик за овие заболувања да…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитка до припадниците на Бошњачката заедница во Република Македонија. „Почитувани сограѓани, Честитајќи го Меѓународниот ден на припадниците на Бошњачката заедница во земјава, ви посакувам добро празнично расположение, среќа и успешно да продолжиме заеднички да ја градиме иднината која ја посакуваме за нас и за нашите деца. Одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците во земјава е знак за афирмирање на јазикот, идентитетот, културата и културните особености на богатата бошњачка традиција. Почитувајќи ги етничките и религиските…

повеќе...

Свети литургии за празниците Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија и Собор на сите македонски светители

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30ти септември (петок), во катедралниот храм „Св.Софија“ – Охрид, со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско кичевски г.Тимотеј (Едноцрквие). На 2ри октомври (недела), во катедралниот храм „Света Софија“- Охрид, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови…

повеќе...

Осветувањето на храмот на Христовото Воскресение

Денес се слави празникот посветен на Осветувањето на храмот на Христовото Воскресение. Кога Светата царица Елена го најде Господовиот Крст во Ерусалим, во таа прилика се задржа подолго во овој Свет град и изгради цркви во Гетсиманија, во Витлеем, на Елеонската Гора, како и на други прославени места од овоземниот живот и подвиг на Исус Христос. А на Голгота, каде што и го пронајде Чесниот Крст, започна да гради огромна црква под чијшто покрив се наоѓаше и самата Черепница каде што беше распнат Господ, како и местото каде што Го…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Автоном

Се оддалечи во времето на гонењето на Диоклецијан од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на Светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабожци. Свети Автоном отиде во тоа место и набргу многумина ги просвети со Христовото Евангелие. Тоа ги озлоби незнабожците и тие еден ден јурнаа во црквата на…

повеќе...