Продолжува традицијата за празникот Голема Богородица во Скребатно

Во кругот на црквата Св. Богородица во село Скребатно, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, се одржува голем црковно народен собир. Секоја година повеќе од 5 000 луѓе, присуствуваат на ручекот кој што го организира Црковниот одбор. По тој повод, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со министерот за одбрана, Зоран Јолевски и пратеникот Сашо Василевски како и илјадниците верници присуствуваа на празнувањето на овој голем христијански празник. Празнувањето на овај празник во селото Скребатно е збогатено и со богата културно – забавна програма.

повеќе...

Отслужена литургија за празникот Голема Богородица во црквата Каменско

Денес на празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Љупчо Симиџиески, Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон нбеизбројниот верен народ со пригодна…

повеќе...

Претседателот Иванов со честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед. „Ваше Блаженство, Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архиjерејски синод и на целото свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Одбележувајќи го овој празник ги чествуваме и љубовта, мудроста и скромноста. Овој…

повеќе...

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на 15-от ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, како и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење. Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи…

повеќе...

Голема Богородица неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 28 август 2016 година (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им ја честита Голема Богородица.

повеќе...

Преподобната царица Ирина

Преподобната царица Ирина Монашкото име ѝ е Ксенија. Жена на царот Кало-Јован (1118 г. – 1143 г.). Освен по нејзините монашки подвизи и многубројни добри дела, прочуена е и како основоположничка на манастирот Пантократор во Цариград, еден од најславните и најубавите цариградски манастири.

повеќе...

Светиот свештеномаченик Александар, епископ Комански

Светиот свештеномаченик Александар, епископ Комански Живееше како прост ќумурџија во близина на градот Коман, близу Неокесарија. Кога умре команскиот епископ, го повикаа Св. Григориј Неокесариски Чудотворец (17 ноември) да претседава со соборот за избор на нов епископ. Во соборот имаше и клирици и мирјани. И избирачите никако не можеа да се согласат за иста личност. При оцената на кандидатите сите главно се задржуваа на нивната надворешност, на надворешното достоинство во однесувањето. Тогаш Свети Григориј рече дека не би требало толку да се гледа на надворешните одлики колку на духот и…

повеќе...

Празнична богослужба и света литургија за празникот Успение на Пресвета Богородица

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 ми август (сабота), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, со почеток во 17.00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело, по повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото  Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 28. август 2016 година (недела), со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Успение…

повеќе...

Преподобните Василиј и Теодор Печерски

Преподобните Василиј и Теодор Печерски Обајцата свршија заради насилството на среброљубивиот кнез Истислав, во 1098 година. Житието на Свети Теодор е особено поучно за среброљубивите. Беше многу богат, но го раздаде богатството на сиромасите и се замонаши. Потоа се премисли и зажали за богатството и беше многу искушуван од злиот дух на среброљубието, од којшто го ослободи Свети Василиј.

повеќе...

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана Му беше целата предадена на Господ Христос и не сакаше воопшто ни да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера, нив…

повеќе...