Собор на Светите славни и сефални апостоли (Павловден)

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина: Петар – 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; Матеј евангелистот на 16 ноември; Јаков Алфеев на…

повеќе...

Светите апостоли Петар и Павле (Петровден)

Денес е празник посветен на Светите апостоли Петар и Павле (Петровден). Светиот апостол Петар, син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него,…

повеќе...

Света литургија по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14ти Јули 2016 година (четврток), во манастирот „Св. Козма и Дамјан“ село Опеница – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Пренос на моштите на Светите маченици Кир и Јован

Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх Св. Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во Манутин, кај што имаше идолски храм и владееше демонска сила. Тогаш на патријархот му се јави ангел Божји и му рече дека Манутин ќе биде очистен од нечестието ако тој ги пренесе таму моштите на Светите Кир и Јован. Патријархот веднаш…

повеќе...

Свети Сампсон Странопримец и Света Јоана Мироносица

Свети Сампсон Странопримец Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ѝ се посвети на лекарската наука. Како лекар беше милосрден и бесребрен, а на болните им даваше лекови за телото и за душата, советувајќи ги да ги извршуваат заповедите на христијанската вера. Потоа се пресели во Цариград, таму живееше во еден малечок дом од којшто растураше на сите страни, како сонцето зраците на светлината – милостиња, утеха, совети, надеж, лек и воопшто помош…

повеќе...

Преподобен Давид

Родум солунјанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога. Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката. Кога го виде ова, царот му се поклони до земја. Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето. Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.

повеќе...

Раѓање на Свети Јован Крстител – Иванден

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност празник посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител. Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел Свети Јован додека го…

повеќе...

Министерот Јолевски со честитка за празникот Рамазан Бајрам

Министерот за одбрана Зоран Јолевски со честитка за празникот Рамазан Бајрам. „Дозволете ми на Вам, вработените во Министерството за одбрана, припадниците на АРМ и граѓаните на Република Македонија од исламска вероисповед да Ви го честитам празникот Рамазан Бајрам и завршувањето на рамазанските пости, со желба заедно со Вашите најблиски и најмили, празничните денови да ги минете во добро здравје, љубов и среќа“, истакнува министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во честитката по повод празникот Рамазан Бајрам. Меѓусебното почитување, љубовта и пријателството, додава министерот, се водилка и вистинска вредност…

повеќе...

СВР Охрид со честитка за празникот Рамазан Бајрам

По повод празникот Рамазан Бајрам, до сите верници од исламска вероисповед од СВР Охрид упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на големиот празник. „Посакуваме светиот муслимански празник да донесе здравје, среќа, чиста мисла, почит и толеранција, личен и семеен просперитет и благосостојба. Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи и на вистинските вредности во општеството. Блискоста со сите граѓани, законитоста, неселективната…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев со честитка по повод празникот Рамазан Бајрам

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за големиот празник Рамазан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот. „Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и на сите кои го празнуваат, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз. Светите празници, како што е и Рамазан Бајам, преку духовната сила што ја носат и љубовта, трпението, разбирањето, мудроста што ја поттикнуваат, помагаат…

повеќе...