Спасовски: „Наша примарна цел е изградба на институција што во секој поглед ќе биде безбедносен гарант и сервис на сите граѓани на РМ

Интегрално обраќање на министерот Спасовски по повод 7-ми мај Денот на македонската полиција „Голема е честа, но и одговорноста, да се говори пред вас. Од оваа говорница денес ќе чуете поинакво обраќање од она што досега сте го слушале. Нема да Ви одржам обичен, стандарден говор, полн со многу зборови кои ништо не кажуваат, со вообичаени флоскули и веќе чуени пораки. Нема да Ви ги споменувам ни уставот ни законите. Tие мора да се почитуваат, а не само да се споменуваат. Ова не се обични времиња, ова не се обични…

повеќе...

Источен Петок Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен петок Балаклија. Тој спаѓа во светлата недела, поради што некои го викаат и „светол“ петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, тој празник се вика и како благ петок. Со овој празник посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на мајката божја, затоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати…

повеќе...

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден

Ѓурѓовден се празнува на 6ти мај. Тој се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Житието вели дека Св. Ѓорѓи е роден во Кападокија, во Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште во детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде што била родена. Таму го минал детството посетувајќи…

повеќе...

Ќе се одбележи 7ми Мај – Денот на македонската полиција

Во рамки на одбележувањето на 7ми Мај – Денот на македонската полиција, утре  во 12:00 часот во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи централната свеченост, по повод празникот на која што ќе говорат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на БЈБ Горанче Савовски и командантот на Единицата за специјални задачи „Тигри“ Славчо Петрушевски која воедно одбележува 35 години јубилеј од нејзиното формирање. Инаку покрај централната свеченост предвидени се и низа други активности по повод Денот на македонската полиција. Така утре во 10:00 часот во Министерството за внатрешни работи…

повеќе...

Ден на ДРИМ: Сме создавале и создаваме – проклетството да се биде чекор пред времето

Прогласувањето на 5. Мај за Ден на реката Дрим е идеја и одлука на Дрим Кор Групата која како симболика ги има петте земји кои го делат Дримскиот Басен, но и петте прсти на една рака кои симболизираат заедништво и еден организам и координација. Овогодинешното одбележување се одржува во сите пет држави во ист ден како порака за цврста решеност за обезбедување на заштитата на водените ресурси и квалитетното управување со целокупниот слив. Сливот на реката Дрим е еден од најкомплексните организми и неговото заедничко управување е еден од најголемите…

повеќе...

Светли четврток

Православните христијани денеска го одбележуваат Светли Четврток. По тој повод, со почеток во 9:00 часот ќе се служи Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео, едноцрквие за Охрид.

повеќе...

Светиот маченик Леонид

Денес е празник посветен на Светиот маченик Леонид. Таткото на Ориген. Пострада за Христа во Александрија во 202 година. Најпрво со царски указ му го одзедоа сиот имот, а потоа го осудија на смрт. Ориген му пишуваше на својот татко во затворот: „Не грижи се за нас и не го одбегнувај мачеништвото заради нас“ (т.е. заради децата).

повеќе...

Владина делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

По повод 113 годишнината од смртта на македонскиот великан и водач на македонската револуционерна борба за самостојност, Гоце Делчев, владина делегација предводена од претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска положи цвеќе во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети…

повеќе...

Одбележување на 113 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, партиска делегација на СДСМ, во состав: Максим Димитриевски, член на Извршниот одбор на СДСМ, Татјана Прентовиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, Цветанка Ласкова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, оддаде признание и почит на великанот на македонската борба за слобода, самостојност и државност.

повеќе...

Утрена со Златоустова литургија за Источен петок – Балаклија и Ѓурѓовден

На 6ти мај (петок) на  Источен петок – Балаклија и на празникот посветен на Св.вмч. Ѓорѓи – Ѓурѓовден ќе се служи утрена со Златоустова литургија во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид со почеток во 7:30 часот.

повеќе...