Света архиерејска литургија за Томина недела

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 8ми мај(недела), во црквата „Св.Никола – долна влашка маала – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Томина недела“ со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има и во останатите парохиски цркви. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Архиерејска литургија за Светли Четврток

На 5-ти мај (четврток), на Светли Четврток ќе се служи Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9:00 часот.

повеќе...

Трет ден Велигден, завршува најголемиот христијански празник

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите…

повеќе...

Отслужена свечена Вечерна богослужба во катедралниот храм „Св.Софија“

Според одамна востановената традиција во Охрид, на први мај, во вечерните часови на светата и Велика Недела на Пасха, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски, Владо Недески, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Вечерната богослужба беше прочитано и дел од Евангелието според Јован на повеќе јазици (црковнословенски, грчки, латински, француски,…

повеќе...

Во Охрид најавена радосната вест за Воскресението Христово

Православните христијани од целиот свет го слават Христовото Воскресение, ден кој што е еден од најголемите христијански празници. Илјадници граѓани, гости и туристи вечерва во сите цркви во Охрид дојдоа да ги слушнат звуците на камбаните кои на полноќ го означија Христовото Вокресение – Велигден. Така беше и во Црквата Св.Никола Долна Влашка Маала и во црквата Црквата Свети Ѓорѓија, каде што река од православни верници, го дочекаа Христовото Воскресение и со запалени свеќи во рацете, со молитви за здравје и благосостојба, со кршење на велигденските јајца и секако со…

повеќе...

СВР Охрид со честитка за Велигден

По повод големиот Христијански празник Велигден, од СВР Охрид до сите православни верници упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото Воскресение. „Посакуваме достоинствено и величествено велигденско празнување, нека столбот на нашата вера Велигден ги исполни нашите домови и семејства со здравје, среќа, со чиста мисла, почит, солидарност и толеранција кон сите наши сограѓани. Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија: „Дозволете ми на сите верници од православна вероисповед и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија да упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На овој голем христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта се присетуваме дека токму почитувањето на христијанските вредности и верата…

повеќе...

Воскресение Христово – Велигден

Велигден или Ден на Воскресението Христово е најзначајниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела после Велики петок. Православните христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“. Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист…

повеќе...

Воскресна богослужба во сите градски цркви по повод Воскресение Христово

На празникот Воскресение Христово ќе има воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23:30 часот. Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“- Плаошник, со почеток во 23:30 часот. Утрото на први мај ќе се служи втора литургија во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид со почеток во 8:00 часот. Исто така ќе се служи вечерна Архиерејска богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие во црквата „Св.Софија“- Охрид, со почеток во 17:00 часот.

повеќе...

Велика Сабота

Велика Сабота, е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посцедочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј симбол е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото…

повеќе...