Во февруари претежно дождлив период

Од денес па во текот на целата недела се очекуваат врнежливи денови и облачно време. Исто така се очекува и пад на температурите. Дневната температура ќе се движи над нулата, додека ноќната ќе се спушти најмногу до четири степени под нулата. Затоа пак, првата недела од месец февруари претежно ќе имаме сончево време, додека веднаш потоа речиси десетина дена ќе врне дожд и снег на повисоките места. Последната недела од месецот ќе биде врнежлива, а за 23-ти февруари се очекува невреме проследено со грмотевици. Извор: Нет Прес

повеќе...

Внимавајте, влажни коловози!

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози. На цела територија на Македонија се бележат слаби врнежи од дожд. На осојничавите места има остатоци од снег на коловозот. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. Интензитетот на сообраќај на патните правци…

повеќе...

Следува период на студено време со повремен снег

Од Управа за хидрометеоролошки работи известуваат дека утре попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на студена воздушна маса која брзо ќе се спушта од север со умерен повремено засилен северен ветер, при што ќе има значителна промена на времето со нагло опаѓање на температурата. Врнежите од дожд и снег ќе започнат од запад и северозапад и кон крајот на денот на повеќето пониски места, ќе преминуваат во снег и ќе се формира тенка снежна покривка. На планините врнежите ќе бидат само од снег. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта,…

повеќе...

Од понеделник не очекуваат обилни врнежи

Во Македонија во наредните денови се очекува нов влажен бран кој може да придонесе за благ пораст на водотеците без опасност од посериозни излевања, информираат од УХМР. Оттаму велат дека од понеделник попладне се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд кога локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен кој може да придонесе до забрзано покачување на водостоите на сите водотеци во Македонија и можност за појава на местимични излевања. Во изминатите денови стабилното време придонесе за намалување на водостоите на сите водотеци во…

повеќе...

Облачно време со врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 13 до 17 степени. Утре се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд, повеќе во јужните делови од земјава и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат пониски и ќе се движат од 11 до 17 степени. Потоа повторно ќе преовладува стабилно време со појава на магла и ниска облачност по…

повеќе...

Водена маса ќе ја зафати Македонија

Поради продор на постудена воздушна маса од северозапад денес попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен, на повисоките места и силен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина над 80 км/час. Утре претпладне сеуште ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарето, а ќе има и повремен локален дожд. Дневната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а поради намалувањето на облачноста…

повеќе...

Врнежи, грмежи и посвежо време во текот на целата недела

Во текот на неделата, во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а овие процеси ќе продолжат и во ноќните часови. Локално ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, изолирана појава на град, а се очекува да наврнат и поголеми количини на воден талог (над 30л/м2). Во текот денешниот  ден ќе се задржи облачно, свежо и врнежливо време, со ретки грмежи и умерен југоисточен ветер, а на места повторно ќе наврнат над 30л/м2 воден талог. Температурата…

повеќе...

И денес поројни дождови

Продолжува нестабилното време во Македонија. Денес не очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд кои попладне на повеќе места ќе бидат поројни. Ќе дува северен ветер кој повремено ќе се засилува. Можна е и изолирана појава на невреме со град. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени.   Во наредните денови во попладневните часови се уште ќе има локализирана појава на пороен дожд и грмежи, но претпладне ќе биде претежно сончево, а температурата повторно ќе биде во пораст. Извор: Нет Прес

повеќе...

Врнежите ги одложија алергиите

Долгите врнежи го одолжија периодот во кој „владеат“ алергиите, особено оние на полен, липа и трева. Тие може да се јават во кој било период од животот, а само поленските мачат околу 30 проценти од граѓаните. Најчесто се јавуваат кај деца и млади, а бројот на болните се зголемува од година на година. Полен, особено липа и трева се најчестите алергени што во овој период предизвикуваат проблеми кај здравјето на многу од граѓаните. Долгите врнежи, велат професорите на медицина, го одолжија периодот во кој „владеат“ алергиите, кои може да предизвикаат…

повеќе...

Претпладне топло, попладне се очекува дожд

Времето денес во Македонија  претпладне ќе биде сончево и топло со темератури до 34 целузиусови степени. Попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со локален дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, кон крајот на денот во западните делови и засилен ветер од западен и југозападен правец. Во Охрид претпладне ќе имаме сончево и топло време, а попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 16  до 24 степени.

повеќе...