По поројниот дожд ЈП „Нискоградба“ со интервенции на терен

По поројниот дожд кој денес го зафати Охрид ЈП „Нискоградба“ мораше со работници и опрема да интервенира на места каде заради запушена фекална канализација се појавија проблеми. Се интервенираше на улицата „Никола Карев“ каде со големи напори успешно се прочисти запушената фекална канализациона цевка во која работниците на „Нискоградба“ со сајли скоро еден час се обидуваа да ја извлечат топката која несовесни граѓани ја фрлиле во шахтите. Покрај топката несовесните луѓе канализацијата ја наполниле и со крпи, хигиенски влошки, а како најголем проблем од ЈП „Нискоградба“ ги посочуваат влажните марамчиња…

повеќе...

Силно невреме го зафати Охрид

Невреме го зафати Охрид попладнево, проследено со врнежи од дожд помешани со град и засилен ветер грмежи. Олуците и шахтите не можеа да го прифатат огромното количество вода кое наврна за само неколку минути, при што беа поплавени голем дел од улиците низ Охрид. Слично време ќе имаме и утре (четврток) и во петок, во попладневните часови. Веќе, од сабота ќе имаме постабилно време, освен во западниот дел на Македонија каде не очекува локален дожд. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени. WebOhrid

повеќе...

До сабота врнежливо, од недела стабилно време

Поинтензивни врнежи на дожд помешани со град и засилен ветер се очекува утре и во четврток, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ). До петок не очекува слично време како и досега. Во текот на денот променливо облачно и врнежливо време, а во попладневните часови интензивни врнежи на дожд помешани со град и грмежи во северните и источните делови на Македонија. „Во сабота не очекува стабилизација, освен во западниот дел на Македонија каде не очекува локален дожд, а од недела веќе ќе имаме стабилно време. Температурата ќе се движи од…

повеќе...

Попладне повторно дожд, грмежи и град

Времето денеска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност со повеќе сонце во јужните делови од земјата. Попладне нестабилно, особено во северните и источните делови. На места со пороен дожд и  грмежи, а можна е и изолирана појава на град. Ќе дува слаб југозападен, а на местата со пороен дожд повремено засилен ветер. Максималната температура ќе се движи од 23 до 30 степени. Периодот на нестабилно време продолжува се до крајот на рабоната недела. Нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе биде претежно…

повеќе...

За викендов променливо време

За време на викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаби локални врнежи од дожд. Утре ќе дува умерен северен ветер. Во вторник попладне и во среда ќе бидеме под влијание на нов влажен бран. Врнежите од дожд и во наредниот период ќе предизвикаат прекинување на пролетната сеидба, расадувањето на тутунот и на градинарските култури на отворено. Ваквите временски услови се одличен предуслов за појава, развој и ширење на болести и штетници, па им се препорачува на земјоделците да го искористат секој момент…

повеќе...

Од утре освежување: Метеоролозите најавуваат дожд и пониски температури

Под влијание на влажен бран од Медитеранот утре и во петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, во јужните делови проследени со грмежи, се вели во вонредната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи. Пообилни врнежи се очекуваат во ноќта четврток спрема петок, кога се очекува за 12 часа локално да наврнат над 20 литри на метар квадратен. Температурата позначително ќе опадне, во петок ќе се движи од 16 до 22 степена, а потоа ќе биде во благ пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно…

повеќе...

Состојба со поплавите од синоќешното невреме во Скопје

Од дежурните екипи во Ј.П. „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека во текот на ноќта од сите критични места во градот (подвозници и сообраќајници), водата се повлекла и дека истите на споменатите места интервенирале со пумпи за црпење и вакум цистерни. Во моментов работат на црпење на вода и отпушување на канализации од приватни и деловни објекти претежно на територија на општина Центар. До 09:00 часот примени се околу 40-тина дојави и на истите интервенираат редоследно. Од одговорното лице за заштита и спасување при локалната самоуправа на Град Скопје…

повеќе...

Од денес пороен дожд и грмежи

Денес претпладне не очекува сончево време со умерена облачност, а попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 28 степени. Пообилни врнежи ќе има утре, среда , кога на места ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен и ќе дува засилен ветер. Потоа до сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд.

повеќе...

За Први мај, локален пороен дожд и грмежи

Утре претпладне ќе биде умерено облачно и топло со сончеви периоди, а околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.  Извесно преодно подобрување на временската состојба со посончево време ќе има во петок. Од сабота попладне се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни проследени со грмежи. Извор: Нет Прес

повеќе...

Облачно и врнежливо време

Времето во Македонија  ќе биде  облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во Охрид времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и со услови за грмежи. Температурата ќе се движи од 9 до 18 степени. И за наредните денови метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд, со максимална температура до 17- от степен.  WebOhrid    

повеќе...