Продолжува дождливото време

Продолжува периодот на променливо облачно време со чести врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално се очекува да наврнат поголеми количини на воден талог, а не е исклучена и изолирана појава на град.  Во Охрид ќе преовладува исто така обачно време со врнежи од дожд и со услови за грмежи. Максималната температура ќе достигне до 19-тиот степен.

повеќе...

Од утре посвежо, со грмотевици и дожд

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне со слаб јужен ветар. Максималната температура ќе се движи од 16 до 23 Целзијусови степени. Од утре попладне до петок ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи. Утре во јужните делови ќе има пороен дожд и грмежи. Врнежите на места ќе бидат пообилни (над 25л/м2), особено во среда, кога ќе има позначителен пад на температурата, па на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Постепено…

повеќе...

Утре поројни врнежи од дожд

Нов влажен бран ќе има за време на викендот кога се очекува на места врнежите да бидат пообилни. Утре попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа нов влажен бран ќе има за време на викендот кога се очекува на места врнежите да бидат пообилни.   Извор: Нет Прес

повеќе...

Подгответе се: Уште една недела исполнета со сонце, облаци и дожд

Стабилно и топло време ќе преовладува во текот на следните денови, најавуваат метеоролозите. Веќе од среда се очекува да има услови за нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, а нов влажен бран се очекува за време на викендот. За утре, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево и топло со температура од 16 степени во Маврово до максимална 25 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 22-от степен. Кон средината на оваа работна недела ќе има услови за дожд и температура…

повеќе...

Невреме го зафати Охрид

Денес во 16 часот Охрид го зафати големо невреме проследено со силен ветар, врнежи од дожд и грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи, уште утре не очекува променливо облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни проследени со ретка појава на грмежи. Во Македонија наредните денови ќе имаме стабилно и суво време, а од понеделник ќе има поголем пораст на температурата и ќе се движи околу 25-от степен, додека во Охрид ќе достигне до 18 °С. WebOhrid

повеќе...

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег кои не се проблем за сообраќајот има на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир, на Стража, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Смојмирово и Делчево. Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Ѓавато е намалена до 100 метри. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар…

повеќе...

АМСМ: Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Снежни врнежи со слаб интензитет има на Попова Шапка, Стража и Маврово, но не претставуваат пречка за нормални одвивање на сообраќајот. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на…

повеќе...

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

повеќе...

Врнежи од град – Охрид побеле за момент

По врнежите од град, денес во 14 часот, Охрид за момент побеле. Управата за хидрометеоролошки работи за денес најави претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Кон крајот на денот во северните делови на повисоките и на некои пониски места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер.  Наредните три дена во Охрид ќе преовладува облачно време со услови за врнежи од снег. Температурата ќе се движи од минимални -3 до максимални 4 степени. WebOhrid

повеќе...