Заплена на околу два килограми марихуана

Во вторникот околу 19,30 часот на крстосницата од регионалниот пат Гостивар-Дебар со магистралниот пат Гостивар, при вршење мотопатролна служба, полициски службеници од ПО-Маврово запреле ПМВ “Цитроен Ц2“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(28) од с.Долно Палчиште, тетовско, додека пак како сопатник во возилото бил А.Ј.(29) од с.Голема Речица, тетовско. При извршената контрола, во предниот дел на совозачкото место, во делот под маската, покриени со теписонот биле пронајдени две најлонски кеси со непозната тревкаста материја со вкупна тежина од околу 2 кг. По извршеното вештачење утврдено е дека се работи…

повеќе...

Непознат сторител препродавал дрога на наркозависници од Кичево

Полициската Станица Кичево поднесе кривична пријава против непознат сторител поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Засега непознатиот сторител, на почетокот на април оваа година, неовластено набавил едно пластично шише со метадон во течност како и наркотична дрога марихуана во вкупна нето маса од 30,24 грама и ги сокрил во тоалетот на угостителски објект во Кичево. Истите биле наменети за натамошна препродажба на наркозависници од Кичево. Предметите се пронајдени по претходно добиени оперативни сознанија по што…

повеќе...

Пронајдена дрога кај двајца скопјани во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Д.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции ипрекурсори“. На 17-ти август минатата година околу 16,00 часот кај авто камп „Градиште“ од страна на полициски службеници бил извршен преглед над пријавениот кај кого пронашле 2,46 грама марихуана. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање вопромет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 31-ви јули минатата…

повеќе...

Бугарска државјанка сакала да прошверцува хероин

Министерството за внатрешни работи, реализираше случај на недозволена трговија со хероин, при што запленети се 203,42 гр. хероин, наменет за нарко пазарот во западноевропските земји, а од слобода е лишено 1 лице, бугарска државјанка.Имено на ден 27.05.2015 година околу 18.00 часот на излез од Р.Македонија на ГП Табановце, се пријавило лицето С.П.С.(1976) од Благоевград, Р.Бугарија и истата со себе носела патна торба. При рутинска контрола од страна на граничните полициски службеници во соработка со царинските службеници на ПС за ГП Табановце преземени се оперативно тактички мерки за селектирање на патници…

повеќе...

Лица од Делогожда и Велешта затекнати при купопродажба на дрога во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги и психотропни супстанци и прекурсори“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(31),Е.З.(30) двајцата од Охрид, Ф.К.(27) од струшкото село Делогожда, А.Х.(21) и Б.И.(24), двајцата од струшкото село Велешта. По добиени оперативни сознанија, полициските инспектори ги затекнаа пријавените при купопродажба на опојна дрога марихуана што била претходно договорена да се реализира на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид во близина на брегот на Охридското езеро. Притоа, пронајдена е една сива најлонска кеса облепена со…

повеќе...

Кривична пријава за наркодилер од Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторенo казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(36) од Охрид. Пријавениот, на повеќе наркозависници од Охрид им вршел продажба на опојна дрога хероин но и посредување во набавка на опојната дрога. Г.А. хероинот што го поседувал од по 5 -10 грама, најнапред ги препакувал и во помали дози ги продавал на лица наркозависници од Охрид. Тој планирал со дополнително мешање и препакување да направи околу 50 помали паковки со хероин…

повеќе...

Кривична пријава за стружанец кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.У.(40) од Струга. На 27-ми овој месец, пријавениот, на лицето Д.Д. (43 ) наркозависник од Струга му продал помала количина опојна дрога хероин. Нивната средба се случила на пресекот на улиците „Маршал Тито“ и „Арсеније Јовков“ во Струга, по претходен меѓусебен телефонски договор. На местото на средбата, пријавениот Д.У. пристигнал со неговото патничко моторно возило марка „Форд Мондео“ со струшки…

повеќе...

Продолжува проектот „Превенција од зависности“ во основните училишта во градот

Со плански типизирани предавања, СВР Охрид ја продолжува реализацијата на проектот „Превенција од зависности“. Денес, на тема „Борба против дрога“, полициски службеници-едукатори ќе остварат видео презентации и разговори со учениците од основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, утре во подрачното основно училиште во населбата Рача како и во основното училиште „Григор Прличев“. Во текот на оваа недела, слични наменски предавања и видео презентации, СВР Охрид ќе оствари во основното и во подрачното основно училиште „Братство“ во Охрид. СВР Охрид, преку оделението за превенција во континуитет реализира превентивни едукативни проекти поврзани…

повеќе...

При претрес на дом на познат деликвент пронајдени оружје и дрога

Денес, по обезбедена судска наредба, а врз основа на претходни сознанија за постоење сомненија за сторени повеќе кривични дела, беше извршен претрес во домот на Б.К. (46) од село Рашче, скопско, при што се пронајдени и одземени: една автоматска пушка НН марка; три празни рамки за автоматска пушка; еден кундак; два автоматски пиштоли марка “Шкорпион“; две мали празни рамки за “Шкорпион“; една голема рамка со 14 куршуми за пиштол “Шкорпион“; една голема рамка за пиштол “Шкорпион“ со 11 куршуми калибар 7,65 мм.; еден пиштол марка “Том Фолион“ калибар 9 мм.…

повеќе...

Кривични пријави за лица кај кои била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги и психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.И. (24) од струшкото село Велешта и Т.Б.(20) од Турција на студиски престој во Струга. На 25 март оваа година, во куќа на улицата „15 корпус“ во Струга двајцата пријавени се затекнати при пакување опојна дрога хероин и марихуана наменета за натамошна продажба на наркозависници. При претресот во една од собите, на маса каде биле пријавените, забележана е истурена…

повеќе...