Во три одделни случаи запленето околу 12 килограми марихуана

Во рамки на оперативната акција “Мрежа“ за сузбивање на трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи реалзираше три одвоени случаи на недозволена трговија со дрога при што вкупно беа запленети скоро 12 килограми марихуана и поднесена е кривична пријава против осум лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик на Р. Македонија. Имено, во првиот случај на завчера (27.09.), околу 22,50 часот на патарината Тетово,…

повеќе...

Се обиделе да прокриумчарат разновидна стока вредна над 4.600.000 денари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против две лица од Скопје, Р.Б.(28) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, „повреда на право од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, „недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“ и „недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, односно стоки“ (чл. 60) од Законот за акцизи, како и против Б.А.(25) поради…

повеќе...

Кривични пријави за две лица за разбојништво и поседување дрога

Единицата за општ криминал -Одделение за имотни деликти со елементи на насилство – отсек за разбојништва до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против П.С.(24) од Скопје поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, „разбојништво“ предвидено и казниво по член 237 од КЗ на РМ и “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ , како и против И.П.(22) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело ,,разбојништво “, за што од страна на судија во…

повеќе...

Татко и син одгледувале „Канабис сатива“ за производство на марихуана

На ден 15.09.2015 г. полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово по предходно добиени оперативни сознанија дека татко и син се занимаваат со производство и недозволена дрговија со дрога, по издадена наредба од Основен суд Куманово, извршија претрес на дом и други простории во с.Табановце, Куманово, сопственост на Љ.Ј.(65). По извршениот претрес, во дворот се пронајдени и одземени вкупно 71 стебло од растението „канабис сатива“, околу 4 килограми наркотична дрога „марихуана“, едно кутивче со семки од растението „канабис сатива“, 1 (една) воздушна пушка и 1 (еден) куршум. Исто…

повеќе...

Во два случаи кривични пријави за дилери со дрога

СВР Скопје во два одвоени случаи до ОЈО – Скопје поднесе кривична пријава против З.Ј. (53) И М.Л. (31) и двете лица од Скопје, а поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено и казниво по чл. 215 од КЗ на РМ, за што од страна на Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.Во првиот случај пријавениот З.Ј. во текот на минатиот месец од засега непознато лице…

повеќе...

Фатен македонски државјанин во обид да прошверцува во земјава ресчиси 2,8 килограми хероин

МВР до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против Е.Р.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“ по чл.215 ст.1 од КЗ на РМ. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот изречена му е судска мерка притвор во траење од 30 дена. Имено на 27-ми овој месец на граничниот премин „Богородица“ при обид за влез на територијата на Р.Македонија од Р.Грција, се пријавил Е.Р. со ПМВ марка „Мерцедес МЛ“ со скопски регистарски…

повеќе...

Приведен охриѓанец кој нападнал полициски инспектор

Еден нападнат полициски службеник, пронајдени неколку опаковки со бела прашкаста материја и едно лице лишено од слобода, е епилогот од синоќешниот претрес во вилата „Пијано“ лоцирана на улицата „Абас Емин“ во Охрид. Полицискиот инспектор е нападнат кога во една просторија од вилата пронашол неколку опаковки со бела прашкаста материја сокриени во метална шина од преграда направена од кнауф. Во моментот лицето Џ.А.(43) од Охрид кој стопанисувал со вилата „Пијано“, побарал од полицискиот инспектор да не ги пријавува опаковките. Тоа било одбиено и при обид за продолжување на службените дејствија, Џ.А.…

повеќе...

Кривична пријава за двајца штипјани кои одгледувале „Канабис“

СВР Куманово поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово против лицата С.Ѓ.(59) и Т.Ѓ (37) и двајцата од Штип поради основано сомнение дека сториле кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. По претходно добиено оперативно сознание дека лицето Т.Ѓ (37) од Штип одгледува насади од растението канабис стаива, лоцирани во с.Татомир, Кратово, од страна на полициски службеници од ПС од ОН Кратово извесен временски период се превземани оперативно мерки при што на вчера (12.08.) во раните утрински часови на лице место се лишени…

повеќе...

Притворени прилепчанец и скопјанец кои продавале дрога на техно забави во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(30) од Прилеп и Ф.Ј.(21) од Скопје. Нив одредена им е мерка притвор до 30 дена. Пријавениот Г.С. пред околу една недела набавил поголема количина опојна дрога таблети „Екстази“, опојна дрога „Амфетамин“ и „Хашиш“ по што ги препакувал во мали количини со цел продажба на лица нарко уживатели од подрачјето на Охрид но и на други лица-туристи, а посебно на лица посетители на…

повеќе...

Во Радовиш откриен насад со „канабис сатива“

На 31.07.2015 година, во 17.20 часот по претходно добиени сознанија од страна на полициски службеници од НК за КР при ПС ОН Радовиш на земјениот пат кој води од с.Бучим према с.Кошево во ниско стеблеста жбунеста шума на површина од околу 50 м2 на ограден простор заштитени со плетена метална мрежа и покриени со зелена мрежа за заштита против град, беа пронајдени засадени стебла најверојатно од растението „Cannabis Sativa„. Истите беа засадени во 16 реда од по околу 8 и 9 стебла во ред , или вкупно 147 стебла од…

повеќе...