Груевски: Во моментов во Македонија се градат околу 230 километри патишта

Во моментов во Македонија се градат околу 230 километри, што автопатишта, што регионални патишта, што локални патишта и ангажирани се над 2500 работници, а тој број ќе расте во наредните месеци и години, изјави денес премиерот Груевски при неговата посета во охридско-струшкиот регион. „Градбата на автопатот Кичево-Охрид ќе значи, прво и основно за жителите кои што тука живеат, во Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца и околните населени места и тие најчесто го користат одејќи кон Скопје или Кичево, а ќе значи многу и за туристите, ќе значи и за градежниот сектор, за…

повеќе...

Груевски: Активностите со странските инвеститори се движат во добар правец

Премиерот Никола Груевски по денешната посета на охридско-струшкиот регион оцени дека активностите со странските инвеститори се движат во добар правец. Одговорајќи на новинарски прашања, Груевски најави дека ODV Електрик идниот месец планира да почне со градба на фабриката во ТИРЗ Охрид-Струга. „Фабриката треба да биде готова до април следната година. Таму се предвидени 1.000 директни вработувања“, истакна премиерот, додавајќи дека ODV Електрик стартуваше со одреден број вработени во браунфилд објект. Втората германска компанија е Костал која почна изработка на проект за адаптирање постоечки браунфилд објект. „По адаптирањето на просторот, од…

повеќе...

Пуштени во употреба реконструираниот пат Елешец-Елшани и новиот водоводен систем

Претседателот на Владата на Р. Македонија, Никола Груевски и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска свечено го ставија во употреба реконструираниот пат Елешец – Елшани во должина од 2 258 метри и новиот водоводен систем со нов резервоар за вода во село Елшани со капацитет од 100 метри кубни и нова водоводна мрежа во должина од 2 200 метри . Со ваквите инфраструктурни зафати Владата на Р. Македонија и општина Охрид битно допринесуваат во градење подобар живот во Елшани и создавање сериозни услови за развој на руралниот туризам. Премиерот Никола…

повеќе...

Свечено ќе биде пуштен во употреба реконструираниот пат Елешец – Елшани

Утре, 14-ти јуни(недела),  во охридското село Елшани, со почеток во 13 часот и 30 минути свечено ќе биде пуштен во употреба реконструираниот пат Елешец-Елшани. На свеченоста,  ќе присуствува и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски. Патот е во должина од 2. 258 метри и ширина во просек од 4 метри. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден “ од Струга,  а вкупната вредност е околу 7. 610.000 денари.

повеќе...

Необични туристи во Елшани

Охридското село Елшани веќе од поодамна е на мапата на европските и светски тур-оператори. Од година во година бројот на туристи кои го посетуваат селото се зголемува. Доаѓаат различни луѓе од различни места и со различни манири, но со една цел – да ги видат убавините на Елшани и на Езерото и Галичица, гледани и почувствувани во Елшани. Меѓу бројните гости доаѓаат Холанѓани, Израелци, Јапонци, Французи, Бугари, Срби, Словенци, Пољаци и други. И оваа година туристичката сезона во Елшани веќе започна. Секојдневно доаѓаат групи туристи кои го вкусуваат елшанското добредојде…

повеќе...

Тампон-банкини на патот Елешец – Елшани

Откако по четириесет години се реконструира и на ново се асфалтира патот Елешец – Елшани, деновиве надлежните ги тампонираа и проширените банкини. Со овој дополнителен проект, патиот доби нов лик, а и видлива и корисна проширеност со што и безбедноста ќе биде значително поголема. Од извори во Елшани додаваат дека се задоволни со реализација на овој капитален проект, но предупредуваат дека тампонирањето може да попушти пред првиот пороен дожд и затоа со поголемо внимание треба да се пријде кон цврстината на тампонот за да не дојде до несакани последици! „Впрочем,…

повеќе...

Започна реконструкцијата на патот Елешец-Елшани

Започна реконструкцијата на патната делница од афтокампот Елешец до село Елшани во должина од 2.258 метри. Градоначалникот Никола Бакрачески кој денес беше на увид истакна дека станува збор за втор крупен проект кој Општина Охрид го реализира со поддршка од Владата на Р. Македонија и Светска Банка. „Станува збор за пат во должина од 2. 258 метри и ширина во просек од 4 метри. Зафатот опфаќа и уредување на банкините. Патот ќе биде асфалтиран со високо квалитетен асфалт со дебелина од 7 см. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден…

повеќе...

Велигденска жива свирка среде село Елшани

Во недела на најголемиот православен христијански празник Велигден, во Елшани од 15:00 до 18:00 часот на селскиот новоуреден и асфалтиран плоштад ќе биде организирана жива свирка со оркестарот Елшански Мерак, кој ќе изведе дел од својот репертоар и избрани македонски песни и ора во духот на празнувањата и на празниците и традициите… „Во оваа пригода поканети се сите оние кои ги сакаат празниците и македонската ороводна песна. Христос Воскресе – Навистина Воскресе!“- велат од Здружението на граѓани „Родољуби Свети Илија“ од Елшани. WebOhrid

повеќе...

„Родољуби Свети Илија“ од Елшани апелира максимално да се прошират трите опасни кривини

Здружението на граѓани „Родољуби Свети Илија“ од Елшани ја изразува нескриената поддршка и благодарност до Локалната самоуправа на Охрид за Проектот реконструкција и асфалтирање на патот Елешец – Елшани кој конечно по речиси 40 години за првпат се случува. Истовремено, „Родољуби Свети Илија“ упатува апел до градоначалникот и до изведувачите да обратат поголемо внимание на трите опасни кривини на патот до Елшани, односно истите максимално да ги прошират во функција на безбедноста на патниците и на возилата. „Имено, се работи за трите многу опасни кривини: Осојник, Кај Спира и Долна…

повеќе...

Опасно свлечиште на патот Елешец – Елшани

Опасно свлечиште над кампот Елешец, на патот за Елшани ги демне и ги загрозува елшанци и сите други патници, жители и автомобили кои заминуваат за Елшани или доаѓаат оттаму. Ова место е веќе традиционална опасност последниве десетина и повеќе години, особено во вакви временски услови и време е надлежните да преземат нешто посериозно за трајно да се реши овој проблем кој, само по некоја чиста случајност, досега не направил поголема материјална или, недајбоже, човечка жртва. За да не дојде до такви несакани последици, елшанци замолуваат и барааат од надлежните итно…

повеќе...