Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на 123-та министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа. Во фокусот на оваа сесија посебен акцент беше ставен на активностите на Советот на Европа во обезбедување долгорочна ефикасност на Европската конвенција за човекови права, политиката кон соседните региони и соработката со Европската Унија. Во своето обраќање, министерот Попоски се осврна на реформите и идното делување на Советот на Европа. Во тој контекст ја истакна потребата од прилагодување на активностите на Организацијата во насока на изнаоѓање на одговор на бројните предизвици…
повеќе...Tag: еу
Церемонијална размена на знамињата на Република Македонија и на Европската унија
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. г. Аиво Орав, денеска извршија традиционална церемонијална размена на знамињата на Република Македонија и на Европската унија, во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, вила „Водно“. Церемонијалната размена на знамињата се одвива во рамки на планинарскиот марш, што се одржува во организација на Европското движење на Република Македонија и на Делегацијата на Европската унија во Скопје, како дел од активностите на одбележувањето на 9 мај – Денот на Европа. На учесниците на…
повеќе...Колумна: Европа денес – Македонија сега!
Повеќе од 20тина години ние Македонците ја живееме својата понова историја, независност, духовна и политичка самоопределба. Повеќе од 20тина години ја управувавме нашата непоколеблива мисија за пат кон Европа; нашата визија за патот до ѕвездите. Нашата цел да бидеме уште една ѕвезда на знамето на Европа затоа што и сонцето наше е ѕвезда која го заслужува европското небо. Повеќе од 20 години одговараме на потребните европски закони и прашалници и успеавме безмалку целосно да се прилагодиме на евробарањата и европостулатите. Се откажавме од многу национални белези за да бидеме „државно-европски…
повеќе...Охрид со низа активности го одбележа Денот на Европа
По повод Денот на Европа во Охрид се организираа повеќе активности. Во општинскиот Центар за услуги беше промовирана ЕУ инфо точка, односно европско катче, каде што граѓаните ќе имаат можност да ги добиваат сите информации кои што се однесуваат на Европската унија. Гости во нашиот град се амбасадорот на кралството Холандија Мариет Шурман и амбасадорот на Кралството Шведска Ларс Валунд. „На тој начин нашите граѓани од Охрид ќе бидат во тек со сите случувања кои што се случуваат во рамки на ЕУ, дали се тоа определени огласи, конкурси, информации и…
повеќе...Општина Охрид има потенцијал да ги користи европските фондови
По повод 9-ти Мај, Денот на Европа, градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со Амбасадорите на Кралството Холандија Н.Е. Мариет Шурман и Кралството Шведска Н.Е. Ларс Валунд. На средбата беше разговарано за актуелните состојби во Локалната самоуправа и заложбите на Еврпските земји за што поскорешен влез на Македонија во семејството држави членки на ЕУ. Во тој контекст беше најавено и интензивирање и продлабочување на соработката помеѓу Охрид и земјите на ЕУ во секоја сфера на општественото живеење, политичка, економска, културна и социјална. „Оваа Локална самоуправа ќе ги идентификува стратешките приоритети на…
повеќе...Бесими: Интеграцијата на РМ во ЕУ заедничка цел на сите политички партии
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими започнува нова традиција на европски појадок со дипломатскиот кор, а ја продолжува и старата на средби со поранешни вицепремиери за европски интеграции и двете во рамки на одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа. „Идејата е ова да стане пракса. Целта на ваков формат средби е фактот дека европската перспектива, односно интеграцијата на Република Македонија во ЕУ е заедничка цел и консензуално прашање на сите политички партии. Секако дека во секоја фаза секој од вицепремиерите врз основа на таа стратешка определба го дал…
повеќе...Честитка од Груевски до Барозо по повод Денот на Европа
По повод Денот на Европа , претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, упати честитка до претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Барозо, во која стои: „Почитуван господин Барозо, Дозволете ми во оваа пригода да Ви го честитам Денот на Европа – 9 Мај, денот кога се одбележува европското обединување чија цел е мир и благосостојба на граѓаните во Европа. На овој значаен ден се потсетуваме на европските вредности кои се темелат на обединувањето и взаемното почитување на различностите и солидарноста како мотив во меѓусебните односи. Сакам да истакнам…
повеќе...Промовирана иницијативата „Младите за Европа“ за подобро запознавање на ЕУ
Во рамки на одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и евроамбасадорот Аиво Орав денеска во МК-ЕУ инфо центарот во Скопје ја промовираа новата проект иницијатива „Младите за Европа“. „Идејата на оваа иницијатива е да се формира една рамка, односно мрежа на комуникација на младите во Република Македонија каде ќе се дебатираат европските вредноси во државата, односно еден нов имиџ на младите кон вредносите на ЕУ. Генерално, тоа ќе бидат дебати за се што е од значење за животот и иднината на младите…
повеќе...Бесими: Реализацијата на европската интеграција бара придонес на целото општество
Процесот на европска интеграција на Македонија не е исклучиво во надлежност на државните институции, туку на целото општество, на сите граѓани. Сите ние треба да дадеме придонес за да се исполни целта, порача вицепремиерот задолжен за европски интеграции Фатмир Бесими обраќајќи се на Конференцијата „Вградување на знаењето за ЕУ“ што се одржува денеска во Скопје. „Европската интеграција е важен, комплексен и релативно долг процес. Ние треба да градиме капацитети за да го спроведеме процесот на интеграција на Македонија во ЕУ. Но, исто така, тие капацитети треба да ги подготвиме да…
повеќе...Илегалната трговија со оружје е закана за сите држави независно дали се од ЕУ или од Западен Балкан
“Недозволената трговија со оружје претставува сериозна закана за сите држави од Европа, независно дали тие се дел од Европската Унија или се дел од Западен Балкан. Интензивирањето на заедничката соработка во овој дел може значително да влијае во зголемување на ефикасноста против овој вид на организиран криминал“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето денешно обраќање на Конференцијата на министрите за внатрешни работи на Салцбург Форумот што се одржува во Варшава, Полска. Министерката Јанкулоска која говореше во рамки на сесијата посветена на борбата против илегалната…
повеќе...