Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во рамки на дипломатската офанзива и проактивност во пресрет на Самитот на Европскиот совет, денеска во Брисел се сретна со првиот човек на Советот, Херман ван Ромпуј на кого му ги претстави напорите на Владата во однос на реформската агенда поврзана со Европската унија. Информациите од средбата говорат дека Ван Ромпуј покажал интерес за напорите и чекорите што ги прави Македонија во однос на евроинтеграциите, нагласувајќи дека за отворање на преговорите за членство е неопходна согласност од сите змеји-членки на Унијата. Тоа…
повеќе...Tag: еу
Орав: Ефикасна администрација клучен критериум за членство во ЕУ
Функционирањето на администрација е многу важен дел за политичките критериуми и останува приоритет за пристапување. Само ефикасна и функционална администрација може да осигура дека сите обврски за членство во ЕУ се имплементираат насекаде, изјави евроамбасадорот Аиво Орав на конференцијата „Пресретнување на предизвиците на јавната администрација“. Евроамбасадорот Орав истакна дека реформата во јавната администрација е втората најголема област на поддршка од ЕК преку ИПА и оти од 2009 до 2013 година се наменети 13,5 милиони евра, а реформата на јавната администрација останува приоритетна и во пакетот 2014-2020. „Реформата на јавната администрација…
повеќе...Попоски во Брисел: Македонија економски е на брза линија за пристап кон ЕУ, но политички е спречена
Има силна дискрепанца меѓу брза и спора линија за пристапување кон Европската унија, како на политичко, така и на економско ниво, а искуството последните години покажа дека нема секогаш координација меѓу нив. Оваа порака на денешната дебата по повод 12-тата конференција “Западен Балкан: Брза и спора линија” во организација на невладините организации “Пријатели на Европа” и “Конрад Аденаур Штифтунг” ја испрати македонскито министер за надворешни работи Никола Попоски. Попоски на дебатата на која присуствуваа и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак и други…
повеќе...Груевски: Самитот во Букурешт добра можност за економска соработка со други држави
Самитот е добра прилика за разгледување на можностите за економска соработка и пример за многу држави кои се посветени на реформите, оцени македонскиот премиер Никола Груевски во своето обраќање пред шефовите на влади на Самитот Централна и Источна Европа и Кина што се одржува во Букурешт. „Народна Република Кина со одличните економски резултати го покрена прашањето за поблиска соработка помеѓу Кина и регионот на Централна и Источна Европа, чекор на кој Македонија гледа како одлична можност за динамизирање и зближување на регионот на повеќе нивоа. Ваквата можност може да биде…
повеќе...Економските односи меѓу Македонија и Хрватска незадоволителни
Економската соработка меѓу Македонија и Хрватска ќе продолжи непречено и покрај фактот што со влегувањето на Хрватска во Европската унија по автоматизам престaна да важи Договорот за ЦЕФТА. „Соработка ќе продолжи да функционира согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а денеска заедно со министерот за економија на Хрватска, Иван Врдољак потишавме и Договор за измени и дополнувања на Договорот за билатерална трговија и економска соработка меѓу Македонија и Хрватска со кој се уредуваат сите одредби од договорот со европското законодавство“, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини по потпишувањето на договорот.…
повеќе...Пратениците Ѓорчев, Николоски и Шокароски учествуваат на Политичкото Собрание на ЕНП
Пратениците Владимир Ѓорчев, Александар Николоски и Харалампие Шокароски учествуваат на Политичкото Собрание на Европската народна партија (ЕНП) каде членуваат центар- десните сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ. Политичкото Собрание на ЕНП се одржува во Европскиот Парламент во Брисел. Во рамки на Политичкото Собрание ќе биде промовиран новиот Претседател на Европската народна партија Жозеф Даул кој доаѓа на местото на досегашниот Претседател на Европската народна партија Вилфред Мартенс. Г. Жозеф Даул досега беше шеф на пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот Парламент. Предвидена е пригодна средба на пратенците со г. Даул.…
повеќе...Груевски: Со динамика на реформите до членство во ЕУ
„Република Македонија ќе ја задржи динамиката на реформите и фокусот на работа, имплементација на најдобрите практики и така ќе продолжи да се движи по патот кон членството во Европската унија. Тоа е патот одреден во изминатите 20 години кој има консензуална општествена поддршка“. Ова го истакна премиерот Никола Груевски. Заеднички, посочи, ќе продолжиме по тој пат се додека не се постигне посакуваната цел. Тоа значи дека Македонија е подготвена и натаму да учествува во спроведувањето на европските вредности и стандарди, во збогатувањето на европскиот модел на живеење и во заедничкото…
повеќе...Груевски-Ховит: Пристапувањето на Македонија во ЕУ позитивно ќе влијае на државата и регионот
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (вторник, 29.10.2013 година) оствари средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот Парламент, г-дин Ричард Ховит. На средбата беше разговарано за европските интеграции на Република Македонија, активните реформи и мерки кои се преземаат во таа насока, за достигнување на стандардите, понатамошно унапредување на процесите, поголем интензитет во реформите каде се забележува помало придвижување, како дел од севкупниот интегративен процес, а во пресрет на подготовките на наредната Резолуција на Европскиот Парламент за Република Македонија која следи по објавувањето на…
повеќе...Министерот за надворешни работи, Никола Попоски се сретна со европратеникот Ричард Ховит
Денес Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски оствари средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, кој престојува во работна посета на нашата земја. Посетата на европратеникот Ховит е со цел да се согледа напредокот во европскиот интегративен процес на Република Македонија, во пресрет на подготовките на наредната Резолуција на Европскиот парламент за Република Македонија, која вообичаено се усвојува по објавувањето на есенскиот Извештај на Европската комисија. На средбата Министерот Попоски изрази благодарност за поддршката и конструктивниот пристап на Европскиот парламент и личниот ангажман…
повеќе...Груевски: И на Филе му е јасно дека не зависи од него Македонија да ги почне преговорите со ЕУ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, попладнево во зградата „Берлемонт” во Брисел одржа средба со комесарот за проширување на Европската комисија, Штефан Филе. Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, на средбата што траеше околу едне час, Груевски и Филе ги размениле информациите околу последнито извештај на Еврокомисијата за нашата земја и следните предизвици за Македонија на евроинтегративниот пат. „Најпрво му се заблагодарив на комесарот Филе за извештајот што го доби Македонија од Унијата и за трудот што тие како Комисија го вложиле за да ги…
повеќе...