Четвртиот по ред меѓународен фолклорен фестивал „Пображење“ Вевчани годинава ќе измине во знакот на научна трибина на тема „Регионалната етнологија и етничките карактеристики во Македонија во почетокот на 20 век“ и Нематеријалното културно наследство на Вевчани. Научната вечер ќе се оддржи утре во Домот на културата во Вевчани со почеток од 20 часот а ќе говорат Доц. д-р Даворин Трпевски од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет- Универзитет Св Кирил и Методиј- Скопје, м-р Ивона Опетческа Татарчевска етнокореолог виш соработник за фолклорни добра во Управата за заштита…
повеќе...Tag: фестивал
Со гала концерт на пијанистот Шилде ќе биде отворено првото издание на фестивалот Piano Summer Ohrid
Вечерва, 17-ти август во 19.30 во Св. Софија, во присуство на еминентни гости од странство, со гала концертот на реномираниот пијанист и професор Клаус Шилде, под чие водство ќе се одржи годинешната меѓународната летна академија ќе се отвори фестивалот PIANO SUMMER OHRID. „Со задоволство ги очекуваме сите љубители на пијано музиката.“– велат организаторите. Влезниците ќе се продаваат од 19:00 на лице место.
повеќе...Отворен фестивалот на вино и сирење
По неколкугодишна пауза, Охрид повторно е домаќин на Фестивалот на вино и сирење. Свеченото отворање беше синоќа на плоштадот Чинар. Пред многубројните посетители во пријатна атмосфера фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Охрид ,Никола Бакрачески. „Вкусовите и мирисот на сирењата кои ќе се понудат денес овде, постарите ќе ги вратат во времето на нивните баби и дедовци, кога сирењето се правело во домовите и во секој дом имало поинаков вкус, додека помладите генерации ќе имаат можност да ја пробаат ова здрава храна произведена на традиционален начин, таква како што…
повеќе...Во недела свечено ќе биде отворен фестивалот „Piano Summer Ohrid“
За прв пат во Охрид, од недела 17-ти до 27-ми август ќе се одржи фестивал од светски рамки и меѓународна летна академија „PIANO SUMMER OHRID“, во организација на здружението КЛАВИРСКО ЛЕТО, оформено од страна на македонски и странски државјани меѓу кои и реномирани уметници. Целта е како што велат организаторите, да се оствари контакт меѓу врвните светски музичари и младите таленти кои ќе имаат можност да ги прошират своите уметнички видици, а исто така со концертните настапи да се претстават во јавноста. На денешната прес-конференицја, која се одржа во ОМУ „Методи…
повеќе...Утре започнува фестивалот на вино и сирење
Утре вечер со почеток во 20 часот на плоштадот “Чинар“ односно некогашниот “Крушевска Република“ свечено ќе биде отворен Фестивалот на вино и сирење. Целта на случувањето е промоција на виното и сирењето како специфични македонски производи. „По неколку годишниот прекин на манифестацијата истата годинава е обновена со внесување повеќе иновации со намера да биде попривлечна за гостите. Покрај излагачи од југо западниот регион на Македонија кои беа присутни и во минатите изданија , годинава за прв пат свои штандови ќе имаат и производители од Ресен и Корча – Албанја. Со…
повеќе...Заврши второто издание на фестивалот ДРИМON – постави нови стандарди во културното живеење на Струга
Петдневно нурнување во изложби, работилници, предавања, уметнички, театарски и музички перформанси, филмови, музика ѝ се случи на публиката на второто издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“ во Струга кој се одржа од 23 до 27 јули на Летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Донесувајќи го мотото „Нурни длабоко“, фестивалот не само што суштински се занимава со аспектите на култрата, уметноста и на граѓанското (активистичко) делување, туку и на публиката ѝ претставува свежи и актуелни имиња од современата уметничка сцена. „Све(с)т во транзит“, „Кадарен рез“, „Проектирано живеење“, „Утрешниот…
повеќе...Трпејца пулсира – На зајдисонце
Третото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца од ден во ден е се поинтересно и со понудените содржини го привликува сè по голем број гледачи и директни учесници во низата бесплатни случувања. Денеска – недела, напладне на бисерната плажа во Трпејца ќе се одржи натпревар во фаќање риба на јадица. Учесниците заедно ќе подготвуваат чорба од риба. Вечерва во 20 часот и 30 минути „Кај бунарот“ во соработка со Кинотека на Македонија ќе биде прикажан македонскиот игран филм „МИС СТОН“. Овој филм на времето делумно е…
повеќе...За прв пат ќе се одржи „Piano Summer Ohrid“
За прв пат во Охрид, од 17-ти до 28- ми август ќе се одржи манифестација „Piano Summer Ohrid“. „Piano Summer Ohrid“ е фестивал, меѓународна летна академија по пијано и можност за вдахновувачки средби меѓу уметници и љубители на музиката од цел свет. Покрај летната академија која ќе биде под водство на пијанистот и професор, 90годишниот Клаус Шилде од Германија, учесниците и пријателите на овој фестивал ќе може да уживаат во разновидна дополнителна програма (концерти, пијано маратон и предавања) со реномирани концертни имиња од Јапонија, Германија, Русија, Јужна Кореја, Унгарија и Србија.
повеќе...Почнува „ДримON“
Све(с)т во транзит е насловот на тематската целина со која утре, (23 јули) во 17 часот на Летната сцена при Центарот за култура во Струга ќе биде отворено второто издание на Фестивалот за процесирање култура ДримON. Организаторите од Иницијатива за независен културен активизам (ИНКА) објаснуваат дека иницијалниот ден оди во потрага по проспективни рефлексии за иднината. Тие објаснуваат дека неслучајно одбрале иницијалниот ден преку насловот да го покани посетителот на задлабочување во раздвижените глобални состојби. „Светот преминува во ново доба во кое со подготвена свест треба да си го зачуваме…
повеќе...Sвездата на „Х Фактор” го најави најголемиот љубовен фестивал на Балканот!
Даниел Кајмакоски, победникот на овогодинешното издание на „Х Фактор” во соработка со белградскиот диџеј John Jogurt и дуото Calavera & Manya, ја сними химната за музичкиот фестивал Heineken Lovefest 2014, кој ќе се одржи од 7-ми до 9-ти Август во Врњачка Бања, Република Србија. Талентираниот Македонец, во чиј глас се заљубија сите земји од поранешните Ју простори, истакна дека му било чест да соработува со млади диџеи, како и дека му претставува особено задоволство да биде дел од проект кој ја слави љубовта. „Можам да кажам дека би беше особена…
повеќе...