ОУ „Братство Единство“ со освоени вредни награди на фестивалот „Преку иновација до подобра интеграција“

На Фестивалот на иновативни практики „Преку иновација до подобра интеграција“ кој беше организиран на 30ти јуни оваа година во Младинскиот културен центар во Скопје од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието ПМИО, беа презентирани иновативни практики од над 270 учесници и беа доделени вредни награди на наставници и училишта за успешно реализирани иновативни практики во наставата. Наставници од ОУ„Братство Единство“- Охрид со пет апликации за иновативни практики влегоа во финале и освоија втора награда за примена на иновативната практика во наставата „Систем за собирање на дождовница“. Преку иновативните практики…

повеќе...

Повеќе од 10 артисти ќе се запишат во програмата за 30 и 31 јули на плажата Парк во Охрид

GREEN BEACH FESTIVAL, грандиозниот фестивал на електронската музика и годинава е подготвен да ги пречека илјадниците фанови желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи на брегот на плажата Парк во Охрид. Во организација на Password Production и Octopussy Entertainment, седмото издание на Green Beach Festival ќе се одржува два дена и со повеќе светски етаблирани артисти кои покрај претставниците на домашната електронска музичка сцена ќе ја предводат програмата на 30 и 31 јули. Првиот светски познат гостин кој го потврди својот настап на 30 јули на Green Beach Festival…

повеќе...

Во четврток свечено ќе биде отворен Балкански фестивал на народни песни и игри 2016

Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, од 7-ми до 10-ти јули ќе го одбележи 55-то јубилејно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите. Свеченото отворање на фестивалот на 7-ми јули (четврток) во 21.00 часот, со програмата на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ”. Покровител на фестивалот е Собранието на Република Македонија, а свечено ќе го отвори претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.  Програмските придобивки, квалитетот на…

повеќе...

Заврши „КанеоФест“ 2016

Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа втората(поп) вечер од фестивалот „КанеоФест“2016, со што фестивалот беше затворен. На фестивалот се натпреваруваа изведувачи на новокомпонирани, дотогаш неизведени поп мелодии и богат ревијален дел кој за посетителите приреди незаборавна вечер. Инаку, фестивалот „Канеофест“, годинава се одржа по 15-ти пат, а веќе 5 години е во организација и покровителство на Телевизија Морис од Охрид. А. Андриоски

повеќе...

Свечено отворено 15-то издание на „Канеофест“ 2016

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ синоќа свечено беше отворено петнаесеттото издание на фестивалот „Канеофест“ 2016, кој веќе 5 години е во организација и покровителство на Телевизија Морис од Охрид. На првата фестивалска фолк вечер беа изведени 22 нови композиции. Вечерва ќе биде посветена на поп- музиката и богат ревијален дел кој за посетителите ќе приреди незаборавна вечер. Фестивалот е поддржан од Општина Охрид. WebOhrid/А.Андриоски

повеќе...

Започна „Баскерфест“ 2016 во Охрид

По трет пат во Охрид, од вечерва до 3ти јули (недела) гостува најпознатиот и најпосетуваниот уличен фестивал во регионот „Баскерфест“. Дваесетина изведувачи со атрактивни жонглериски акробации, на градскиот плоштад, малиот плоштад, плоштадот кај чинарот и низ охридската чаршија со своите несекојдневни перформанси, овој фестивал ги забавува охриѓани и туристите кои престојуваат во нашиот град. Годинава пред охридската публика ќе се претстават улични уметници од Бразил, Шпанија, Јапонија, Хрватска и Македонија. WebOhrid/ А.Андриоски

повеќе...

Утревечер по 15-ти пат започнува „Канеофест“ 2016

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ утревечер, со почеток во 21:00 часот свечено ќе биде отворено петнаесеттото издание на фестивалот „Канеофест 2015“, кој веќе 5 години е во организација и покровителство на Телевизија Морис од Охрид, а со кој ќе започнат и фестивалските денови во Охрид. „Од 2013 година фестивалот разви две фестивалски вечери, односно дадовме простор и за звуците на новокомпонираните фолк мелодии и токму фолклерите ќе го отворат овогодинешното издание на први јули во НУЦК „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот, а фестивалот ќе заврши наредниот…

повеќе...

По трет пат „Баскерфест“ во Охрид

Уличниот фестивал „Баскерфест“ по трет пат ќе се одржи во Охрид. Почнувајќи од 1ви па се до 3ти јули, Охрид ќе пулсира во духот на уличната уметност. Артистите на „Баскерфест“ на три локации во Охридската чаршија на охриѓани и туристите ќе им ја доловат магијата на уличните танци, пантомима перформанси, уличен театар, ликовни изложби, жонглери, акробати, танчери, музички настапи и друго. Овој фестивал во Македонија се одржува 11 година по ред, а Охрид е трета година дел од овај мултикултурен уличен фестивал.

повеќе...

Роџер Санчез, ѕвездата на светската денс сцена доаѓа на Д Фестивал во Дојран

Амбасадорот на денс музиката и „Греми“ наградуваниот продуцент и диџеј РОЏЕР САНЧЕЗ го потврди својот настап на главната бина на Д ФЕСТИВАЛ! Еден од водечките светски артисти во денс и хаус музиката со статус „господар на жанрот“, на големата сцена на Д ФЕСТИВАЛ ќе го претстави својот секогаш актуелен звук поради кој стекна армија фанови, меѓу кои и останатите ѕвезди од сцената кои го направија познат и како „DJ’s DJ“ и „Producer’s producer“. Минатата година се покажа како една од најкреативните и најактивните години за Роџер Санчез, продолжувајќи го успехот…

повеќе...

Канческа Милевска: „Битола Шекспир фестивал“ е нов македонски бренд

Интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“ е резултат на нашите заеднички заложби, Република Македонија да ја претставиме пред светот, но и светот да го донесеме во Република Македонија, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на денешната прес-конференција во Битола во пресрет на четвртото издание на фестивалот кој почнува утревечер. Според Канческа Милевска, „Битола Шекспир фестивалот“, низ своите четири изданија, успеа да се етаблира како фестивал кој ги обединува најдобрите остварувања на театарските куќи од светот кои презентираат свежи и смели пристапи кон творештвото на најголемиот драмски автор на сите времиња. „Во…

повеќе...