Ставрески: Aнглиските компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Компании од информатичката технологија, турзмот, спа-туризмот и автомобилската индустрија во Велика Британија пројавија интерес за инвестирање во Македонија на одржаните бизнис форуми. Со дел од компаниите контактите се во почетна фаза, со дел имало и претходни средби, а вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески очекува дека наредната година дел од нив ќе направат реална инвестиција во Македонија.  „Во изминатите четири дена ги посетивме четирите главни градови во Велика Британија – Лондон, Лидс и Ливерпул со дополнителни посети во Манчестер при што беа презентирани инвестициските можности за Република Македонија да…

повеќе...

Работилница за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Се известуваат сите заинтересирани граѓани, земјоделци и приватни стопанственици, хотелиери и пошироката јавност дека на 19 Јули (Петок) со почеток во 11:00 часот во Големата Сала на Општина Охрид ќе се одржи едукативно информативна работилница за можностите за искористување на средствата од ИПАРД програмата како и за средствата од Агенцијата за рурален развој во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, а во соработка со Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година.…

повеќе...

Продлабочување на соработката на Македонија и Светска банка

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и новиот извршен директор на Холандска хонституенца на Светската Банка, Франк Химскерк  денеска на средба во Владата  разговараа за можностите за соработка на идни проекти помеѓу СБ и Република Македонија. Двајцата соговорници изразија задоволство за досегашната плодна соработка и подготвеност за нејзино продлабочување и зголемување на бројот на заеднички активности и проекти во Република Македонија, соопшти по средбата кабинетот на вицепремиерот. Пред претставникот на СБ, Пешевски ги претставил актуелната политичка и економска состојба, активностите и мерките кои ги презема Владата за подобрување на животниот…

повеќе...

Евросистемот и Народната банка на Македонија го завршија Проектот за соработка финансиран од ЕУ

Европската централна банка (ЕЦБ) и Народната банка на Република Македонија (НБРМ) го завршија Проектот за соработка чијашто цел беше да се помогне на НБРМ да ги унапреди подготовките за приклучување кон Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), откако земјата ќе пристапи кон Европската Унија. Со средства во износ од 405.000 евра од ЕУ и 45.000 евра од НБРМ, деветмесечниот проект за анализа на потребите, којшто започна во октомври 2012 година, беше координиран од страна на ЕЦБ и спроведен во соработка со централните банки на Австрија, Бугарија, Естонија, Германија, Ирска, Италија,…

повеќе...

Исплатeни 338 милиони денари субвенции за земјоделците

Министерството за финансии денеска исплати 338 милиони денари на 9.055 земјоделци за повеќе мерки. Како што се наведува во соопштението, за продадени градинарски култури во преработувачките капацитети исплатени се 44,2 милиони денари на 1.541 земјоделец. За градинарско производство исплатени се 26,9 милиони денари на 1.347 лица. За контролирани услови на домати и пиперки исплатени се 9,4 милиони денари на 68 земјодлеци. За житни култури со семенски материјал исплатени се 41,5 милиони денари на 615 земјодлеци. За оризова арпа исплатени се 11,2 милиони денари на 643 земјоделци, додека за мерката одгледување…

повеќе...

Како да препознаете сомнителни „зделки“ и трансакции при прометот на недвижности

Со цел подигнување на јавната свест и превентивно делување за спречување на перење на пари кај прометот на недвижности, Управата за јавни приходи изготви Упатство наменето за сите правни и физички лица кои вршат услуги на промет на недвижности и кои имаат законска обврска да ги преземат сите мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Покрај надлежните институции, агенциите за недвижности имаат значајна улога во раното препознавање и спречување на перење на пари, бидејќи прометот со недвижности е еден од преферираните начини за прикривање на…

повеќе...

Министерството за финансии им исплати 328,8 милиони денари на 3.397 сточари

Министерството за финансии денеска исплати 328,8 милиони денари (5,3 милиони евра) на 3.397 земјоделци за поддршка на сточарството. За одгледување овци се исплатени 177.256.598 денари на 871 сточар, за заклани гоеници 89.427.384 денари на 154 лица, за одбележани грла говеда 56.539.204 денари на 2.182 лица и за одгледување кози 5.568.240 денар на 190 сточари. Со исплатата на субвенциите Владата и Министерството за финансии, како што стои во соопштението, остануваат посветени на подигнување на овој клучен сектор за македонската економија.

повеќе...

Министерството за финансии исплати 254 милиони денари субвенции

Министерството за финансии денеска исплати 254.430.205 денари за субвенции за повеќе земјоделски гранки. Исплатени се 85 милиони денари за мерката одржување на постоечки лозови насади, 2,9 милиони денари за нови лозови насади, како и 84 милиони денари за тутун за реколтата 2011. За одржување на овошни насади исплатени се 15 милиони денари, како и 9,8 милиони денари за нови овошни насади, додека за поддршка на градинарството 13,5 милиони денари. Исто така, исплатени се субвенции за одгледување на ориз, сончоглед, пченка и фуражни култури, за кравјо млеко, обележани грла говеда и…

повеќе...

Намалени паричните надоместоци на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“

Поради лошата финансиска состојба на Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид донесени се предлог мерки од страна на Управниот Одбор на Ј.П. „Билјанини Извори“ со цел санирање на последиците од лошото финансиско работење на претходното раководство. За таа цел, денес на состанок на Управен Одбор  на Ј.П. Билјанини Извори – Охрид на предлог на Претседателот на Управниот Одбор м-р Љупчо Танески изгласана е Одлука за намалување на паричниот надоместок на Претседателот и членовите на Управниот и Надзорниот одбор . Врз основа на донесената Одлука, Претседателот на Управен Одбор ќе зема паричен…

повеќе...

Инвестициските потенцијали на Македонија презентирани во Новосибирск

Владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ги презентираше инвестицискиte потенцијали на Македонија во рускиот град Новосибирск. На бизнис форумот локалните компании беа запознати со исклучително поволната бизнис клима за водење бизнис, поткрепена со најсниски даночни стапки во Европа, како и погодностите кои за инвеститорите ги нудат технолошко-индустриските зони. Интерес пројавиле за земјоделството, производството на машини и туризмот. Новосибирск е третата дестинација во рамки на роуд-шоуто во Руската Федерација, по Татарстан и Екатеринбург. Вчера делегацијата одржа бизнис-форум и пред бизнисмените од Екатеринбург. Сите области се карактеризираат…

повеќе...