Кирил Миноски е новиот министер за финансии

Кирил Миноски е новиот министер кој ќе раководи со Министерството за финансии. На оваа функција доаѓа од позицијата директор на Управата за јавни приходи. Собранието на Република Македонија попладнево со 67 гласови „за“ и 19 „против“ за нов министер за финансии го избра Миноски, а тој веќе ја даде и ја потпиша свечената изјава. Премиерот Емил Димитриев го предложи Миноски на местото министер за финансии по оставката од здравствени причини на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Инаку, Миноски е доктор на економски науки. Има 17-годишно искуство работа на…

повеќе...

Отворени денови на УИПР

Министерството за финансии спроведува нов циклус средби со компании и со физички лица на кои им е потребна помош во постапката за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. Во рамките на овој проект, значителен број компании успешно ја завршија постапката за приватизација и земјиштето на кое се лоцирани нивните производствени и административни капацитети сега е во нивна сопственост. За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани физички и правни лица во Република Македонија кои имаат проблеми од имотно-правен карактер, во периодот од 1 до 10 март 2016 година, да се…

повеќе...

Од утре почнува караванот „Купи куќа, купи стан“

Од утре стартува Караванот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на кој низ 30 општини низ Македонија ќе се одржат презентации за проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“. Презентации утре ќе се одржат во 17 часот во театарот во Гевгелија, Домот на културата во Валандово и во општината во Дојран. Караванот секоја недела ќе посетува по повеќе општини меѓу кои Велес, Свети Николе, Пробиштип, Охрид, Струга, Ресен, Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш,…

повеќе...

Финансиска поддршка на микро и мали компании

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски на прес конференција информира за новата мерка која што дел од Оперативниот план на активни мерки и услуги за вработување за 2015 година “Финансиска поддршка на микро и мали компании” која треба да даде дополнителна финансиска поддршка на најмалите компании да им помогне да отворат нови работни места. За реализација на оваа мерка за 2015 година се предвидени 18.400.000 денари за отворање на 200 нови работни места. „Очекуваме со завршувањето на јавниот повик кој…

повеќе...

Владата исплати 35 милиони денари субвенции за земјоделците

Владата исплати 35 милиони денари субвенции по повеќе основи на 809 земјоделци. Како што соопшти денеска Министерството за финансии, за произведено и продадено млеко исплатени се 12,8 милиони денари субвенции на 478 сточари, при што висината на субвенцијата изнесува 3,5 денари по литар. Дополнителни 9,8 милиони денари или 9.000 денари по хектар субвенции се исплатени на 256 земјоделци за обработлива земјоделска површина за полјоделски култури. За одржување постоечки лозови насади, Владата исплати 6,6 милиони денари на 63 лозари. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 40 илјади денари по хектар. Исплатени…

повеќе...

Поголема финансиска помош од државата за децата од СОС Детско село

Државата финански ќе помага и поддржи 28 деца и млади на 14-годишна возраст без родители и родителска грижа сместени во четири станбени единици за организирано живеење со поддршка. За реализација на оваа помош и поддршка денеска беше потпишан Меморандум меѓу Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско село. За оваа намена МТСП ќе издвојува по три милиони денари годишно. Претходно кон крајот на МТСП и Владата се обврзаа на целосна финансиска подршка на сите СОС згрижувачки семејства, тогаш вкупно 12, за што се издвојуваат околу шест милиони денари…

повеќе...

Исплатени над 95 отсто од годинашните земјоделски субвенции

„Преку 95 отсто од годинашните субвенции се реализирани, забрзано се работи и на обесштетувањето од поплавите, а интересот за ИПАРД евидентно се зголемува“, рече денеска директорката на Платежната агенција Билјана Вуковиќ. „Од субвенциите за исплата останува уште многу мал процент. Тоа се главно не повеќе од 500 барања за кои се неопходни дополнителни проверки поради несовпаѓање на пријавените површини со оние во регистрите или поради разликите по извршената контрола на терен“, истакна Вуковиќ на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања. Обесштетувања од поплавите досега се исплатени во неколку општини. – Како…

повеќе...

Издадена 14. емисија обврзници за денационализација

Државата денес ја емитуваше 14. емисија обврзници за денационализација во износ од 9.500.000 евра. Министерството за финансии информира дека со 14. емисија се опфатени сите правосилни решенија за денационализација од 1 февруари 2014 година до 31 јануари 2015 година, за кои како надомест се доделени обврзници. Централниот депозитар за хартии од вредност ќе им достави на сопствениците на обврзниците известување за личниот износ на емитувани обврзници, на домашна адреса. Тргувањето со обврзниците за денационализација се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки…

повеќе...

Велосипедот стана службено возило на Министерството за финансии

Грижејќи се за поздрава животна средина, но и за здравјето на своите вработени Министерството за финансии за службени потреби почна да користи велосипеди. По примерот на Гугл, вработените од Министерството своите работни задачи низ градот отсега натаму ќе ги извршуваат на велосипед. Вработените со голем ентузијазам ја прифатиле идејата, па наскоро низ скопските улици ќе можат да се видат велосипедите со таблички на Министерството за финансии.

повеќе...

Охридски „Водовод“ успешно ја консолидира финансиската состојба

Работната единица „Водовод“ која е дел од Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, од доаѓањето на новото раководство во месец април 2013 година до денес, успешно ја консолидира наследената лошa финансиска состојба, информираше денес на прес-конференција, директорот на МЈП „Проаква“- РЕ Водовод, Томе Паскалоски. „Состојбата која ја затекнавме пред две години беше финансиски катастрофална, наидовме на една несоодветна неликвидна фирма со голем долг кон добавувачите, со блокирана жиро-сметка, над 100 милиони денари, со неможност за набавка на репроматеријали и материјали за тековно одржување и оперативно водење на фирмата, од причина што на…

повеќе...