Јанакиески: Голем интерес за гасификацијата на Скопскиот регион

Голем број компании се заинтересирани за проектот за изградба на дистрибутивна мрежа на природен гас во Скопскиот регион. Гасоводната мрежа ќе се гради по принципот на јавно-приватно партнество, а се проценува дека ќе чини околу 100 милиони евра. „Се уште е рано да очекуваме поднесување на документација бидејќи тоа треба да се случи во мај. Има голем интерес. Сите наши економски промотори и амбасади се вклучени во анимирање на компаниите. Очекувам дека ќе има поголем број компании кои ќе достават апликации за да се квалификуваат во вториот круг што би…

повеќе...

ДЗС: Пораст на бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 746 545 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува пораст од 1.3%. Во бруто-домашната потрошувачка, нето-увозот учествуваше со 29.5%, додека бруто-домашното производство со 70.5%. Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2013 година, во Република Македонија, вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 21.459 мил.nm3, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пораст од 64.6%. Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски…

повеќе...

Во месец октомври пораст на потрошувачката на електрична енергија и природен гас

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 668 003 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува раст од 5.4%. Во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествуваше со 33.3%, додека бруто-домашното производство со 66.7%. Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013 година, во Република Македонија, вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 4.316 мил.mn3 што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува раст од 16.7%. Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски…

повеќе...

Премиерот Никола Груевски се сретна со претседателот на руската компанија Газпром, Алексеј Милер

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес оствари средба со претседателот на руската компанија Газпром, г-дин Алексеј Милер. На средбата беше разговарано за досегашната и за понатамошната соработка помеѓу двете страни и нејзиното унапредување и развивање. Соговорниците разговараа за понатамошната реализацијата на проектот Јужен Тек и конкретните чекори за негова операционализација, при што беше истакнато дека по ратификацијата на потпишаниот договор за вклучување на Република Македонија во Јужен Тек, ќе се премине кон формирање на мешовито претпријатие помеѓу двете страни согласно договорот кое ќе ги спроведе понатамошните чекори…

повеќе...

Oбјавен договорот со Руската Федерација за „Јужен тек“

Министерството за финансии денеска на својата веб страница (http://www.finance.gov.mk/files/u1/Spogodba_so_RF_za_Juzen_Tek.pdf) го објави договорот со Руската Федерација за вклучување на Република Македонија во гасоводниот проект „Јужен тек“. Со договорот се обезбедуваат сигурни количини гас за Македонија, што значи дека ќе се изгради крак кој ќе води кон земјава, што е единствен начин на дистрибуција на поголеми количини гас. Кракот кон Македонија ќе доаѓа од Србија или од Бугарија, што доплнително ќе биде договорено. Македонија договорот со Руската Федерација го потпиша на 23-ти овој месец во Москва, а двете страни оценија дека тој…

повеќе...