Утре бесплатен паркинг во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден, донесе одлука утре користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници. „Убедени сме дека граѓаните на Охрид и сите гости ќе ја поздрават оваа одлука која е донесена се со цел ЈП „Билјанини Извори“ да се приклучи во чествувањето на големиот празник секако промовирајќи ги нејзините христијански вредности.“- велат од претпријатието. ЈП „Билјанини Извори“ им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и…

повеќе...

СВР Охрид со превентивни мерки во текот на празничниот продолжен викенд

Во текот на празничниот продолжен викенд, СВР Охрид ќе презема ефективни, пред се превентивни мерки, со цел зачувување на јавниот ред и мир и подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот. Мерките на полициските службеници ќе се насочат кон учесниците во сообраќајот што ги кршат сообраќајните правила и прописи и не ги почитуваат законските одредби од Законот за безбедност во патниот сообраќај. Мерки, посебно ќе се преземаат кон сторителите на казнени дела, со цел елиминирање на можностите за нарушувања и загрозување на јавниот ред и мир и вршење имотни деликти.…

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот со апел да се почитуваат сообраќајните правила

Со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид, во пресрет на Велигденските и првомајски празници, од  Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот со максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. „Во услови кога во Охрид веќе бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, да се користи безбедносниот појас,…

повеќе...

Се уредуват градските гробишта

Во пресрет на Велигденските празници ЈП „Градски Гробишта“ темелно го уредува просторот во градските гробишта. Тоа е практика која започна да се применува со доаѓањето на новото раководство. СЕГА ПРЕТХОДНО

повеќе...

Охрид промовиран на Саемот во Ниш

Делегација на општина Охрид, предводена од заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев и претставници на Секторот за туризам и ЛЕР, деновиве оствари уште една успешна и забележителна презентација на мегународните саемски манфестации. Од 25 до 26 април, на саемот за туризам во Ниш, Република Србија, претставниците на општина Охрид ја претставија туристичката понуда и туристичкиот потенцијал со кој располага градот. На саемот беа промовирани природните и културни вредности застапени во многубројните брошури и проспекти односно, туристички презентативен материјал со кој располага општина Охрид адаптиран за светските туристички пазари. Саемското…

повеќе...

Охрид промовиран во Србија

Активностите за промоција на Охрид како туристичка дестинација продолжуваат. Вечерва во Ниш, Република Србија, делегација предводена од заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев и претставници од Секторот за туризам и локален економски развој, пред претставници на туристичките агенции, туроператори, медиуми, новинари и претставници на туристичките комори и општини од централна и јужна Србија, ги презентираа туристичките потенцијали на градот. Преку организирањето на „Охридска вечер“, присутните имаа можност да се запознаат со охридската традиционална кујна. Целта на настанот е промоција на Охрид на туристичкиот пазар во централна и јужна Србија,…

повеќе...

Утре ќе биде промовирана Студијата за интегрирана заштита на старото градско јадро

Во Куќата на Уранија, утре со почеток во 11:oo часот ќе биде промовирана Студијата за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид. На промоцијата покрај претставници на Општина Охрид и Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен Музеј, ќе присуствуваат и гости од француската амбасада, општината Каен од Нормандија и Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) .

повеќе...

Презентација на новото улично осветлување во градот Охрид

Компанијата ИЦС Системи Карлови Вари Чешка Република, утре во Охрид ќе одржи „Презентација на новото улично осветлување во градот Охрид“, со почеток во 10:00 часот. На настанот ќе се обратат менаџери од компанијата од Чешка, Амбасадорот на Чешка Република во Македонија и радоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. ИЦС Системи во осветлувањето во Охрид инвестира над 3 милиони и 500 илјади евра. Заштедите во потрошената електрична енергија изнесуваат над 50 000 евра месечно, а фирмата планира нови инвестиции во Македонија. Набавката на потрошен материјал фримата ќе ја врши од македонски компании што…

повеќе...

Голема туристичка промоција на Охрид во Виена

Во рамки на активностите за промовирање на Охрид како најатрактивна туристичка дестинација во регионот, утре ( 22ри април), градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески заедно со Амбасадата на Р.Македонија во Виена и почесниот конзул на Р. Македонија во Австрија, Сузан Родлер, во Виена организираат голема туристичка промоција на Охрид. На случувањето се очекува да присуствуваат повеќе од 150 гости, претставници на најголемите туроператори, туристички агенции и новинари за туризам во Австрија. Присутните на настанот преку видео презентација ќе се запознаат со туристичката понуда на градот која изобилува со природните, културни…

повеќе...

Основци од „Братство-Единство“ во посета на Турција

Директорот на ОУ „Братство – Единство“, Охрид, Муамер Доко, заедно со наставниците од училиштето Емилија Паункоска, Бурим Хидри и Ајнет Пашо, како и ученици од училиштето, деновиве се во посета на Република Турција, односно во градовите Текирдаг и Черкезкој. Тие, со 18 ученици од трите националности, со мултиетничко оро ќе присуствуваат на Детскиот фестивал кој ќе се одржи на 23ти април (сабота), со што ќе го претстават училиштето, градот Охрид и нашата држава. Во рамки на посетата, по повод 23ти април, а на покана на градоначалникот на општина Черкезој, ќе остварат средби со градоначалникот и заменик…

повеќе...