Се гради нов тротоар кај детската градинка „Расадник“

Привршуваат активностите за изградба на тротоар во непосредно близина на детската градинка „Расадник”. Новоизградениот тротоар ќе овозможи нормално движење на пешаците во овој дел од Охрид. Изведувач на активностите што започнаа во текот на вчерашниот ден е ЈП „Градски гробишта“.

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ со бројни активности продолжениот викенд

Во продолжениот викенд кога на охридското крајбрежје престојуваа огромен број на туристи, екипите на „Јавна хигиена“ и „Услужна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ беа максимално ангажирани со продолжено работно време и ангажираност на расположивата механизација и ресурси, информираат претпријатието. „Се расчистуваа локациите каде се одржуваа најразлични манифестации и концерти, како и фреквентните улици во центарот на градот, а комуналниот отпад од контејнерите од одредени делови од градот се подигнуваа и до 5 пати во денот.“- додаваат оттаму.

повеќе...

Се расчистува патот до Скребатно и дворот од Историски архив

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваат патниот правец с.Лескоец, кај Скребатско Маало до с.Скребатно. „Ангажирани се 4 работници кои ги отстрануваат гранките од дрвјата и жбунестата вегетација која го попречува нормалното движење на пешаците и возилата, а тревата се коси.“– информираат од претпријатието. Дворот од историскиот архив лоциран на ул.„Никола Карев“ хортикултурно се уредува од обраснатата трева, а крошните од дрвјата се уредени. Градскиот парк тековно се одржува со косење на тревните површини и поинтензивно наводнување заради високите температури, додаваат оттаму.

повеќе...

Бројни активности на ЈП „Градски Гробишта“

Екипи на ЈП „Градски гробишта” изминативе денови работеа на неколку локации во Охрид. Во завршна фаза се активностите за изградба на тротоарот на ул. „15ти Корпус“ на потегот од поранешната фабрика ”Застава” до бензиската Макпетрол. При овој зафат се направени околу 300 метри пешачка патека – тротоар од бекатон плочки оивичени со рабници. Се сведуваат кон крај и работните задачи коишто ги изведува градежната оператива на ова претпријатие на раскрсницата пред населбата Рача, каде што се поставени коловозни рабници, изработени се неколку пешачки острова, пешачка патека, а од наредната недела…

повеќе...

Делегација на општина Охрид во посета на неколку градови во Русија

Делегација на општина Охрид, составена од заменик градоначалникот Ангел Јанев, советникот Јован Стојаноски и Горан Устијаноски, капетан од Охридската капетанија ги посети градовите Твер, Подолск и Москва во Русија. При посетата на Твер, каде свечено беше одбележана 880 годишнината од основањето на градот, охридскста делегација се сретна со градоначалникот Корозин Александар Борисович, на која се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка. Посебно беше потенцирано дека има можности за поблиски врски меѓу охридскиот Факултет за туризам и угостителство и Тверскиот универзитет, со размена на студенти и професори, како и реализирање на…

повеќе...

Охрид во знакот на мултимедијалните атракции на „Баскерфест“

Охриѓани и туристите синоќа уживаа во бројните атракции на годинашното, второ издание, на „Баскерфест“, што се одржуваа на Градскиот плоштад и плоштадот „Чинар“, со почеток во 19 часот. На градскиот плоштад први настапија членовите на бендот „Barbarossa“ кои со нивниот музички перформанс ја загреаа атмосферата, а по нив следеа акробациите на жица на светски познатиот артист Chris Bull. По завршувањето на точката на Chris Bull настапија „Mostacho“, „Denda Jorge Martin“, жонглерите „Spinus“,  „Carota Payaso“, „Parkur“, фајар шоуто на „Golden Branch“ и за крај на првиот ден од „Баскерфест“ на Градскиот…

повеќе...

Oхрид повторно промовиран во светските туристички магазини и списанија

По одржувањето на промотивната тура Охрид 2015 позитивните ефекти од настанот со несмален интензитет се чувствуваат и денес. По објавените репортажи во словенскиот и турскиот магазин “Ревија Хоризонт“ и “Глобер“, Охрид повторно се најде во реномираното списание… Кликнете тука…

повеќе...

ЦЕИ Министерски состанок во рамки на Македонското претседателство

На 15-ти јуни (понеделник) во Охрид ќе се одржи Министерски состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ), во рамки на овогодинешното претседавање на Република Македонија со ЦЕИ. На Состанокот ќе присуствуваат министри за надворешни работи и шефови на делегации од државите членки на ЦЕИ како Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Унгарија, Италија, Словенија и Украина, а поканети се и специјални гости од Европската Унија, Европската банка за реконструкција и развој, Секретаријатот на…

повеќе...

Изложба на украсни птици во Охрид

Во организација на Здружението за заштита и одгледување на украсни птици „Дијамантски петел“ денес во холандскиот парк во Охрид се одржа манифестацијата „Шарен цвет“. Изложбата на украсни птици се реализира по втор пат со тенденција да прерасне во традиционален настан. На случувањето, со свои уметнички креации учествуваа учениците од основните и средните училишта како и најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“. Целта на случувањето е да се пробуди интересот кај најмладите за украсните птици како и за останатите птици и животни. Манифестацијата е под покровителство на општина Охрид, а ќе трае во текот на целиот ден. WebOhrid

повеќе...

Продолжува објавувањето репортажи за Охрид во реномирани магазини

Магичната Македонија, посебно Бисерот на Балканот – Охрид, на новинарот од Холандија Лео ван Маревијк му оставија голем впечаток за да ја напиша репортажата за Македонија и Охрид во еден од најпознатите и најреномирани магазини во Холандија – Магазинот АД. По престојот во прекрасниот Охрид, воодушевен од убавините на градот и природното и култуно наследство, своите впечатоци преточени на хартија, во овој магазин беа презентирани пред бројните читатели во Холандија. Покрај убавините на градот и туристичкиот потенцијал, во репортажата која опфаќа три страници во магазинот, потенцирано е дека Охрид е…

повеќе...