Протест: Во одбрана на Лагадин, во одбрана на Охрид

Утре, 4 август (петок) во 12 часот пред градилиштето на спорниот хотел во населба Лагадин и во непосредна близина на планираната локација за скандалозната Медитеранска плажа, група револтирани граѓани ќе го „чествува“ Илинден со „пригоден“ протест за одбрана на Лагадин и охридското крајбрежје од понатамошна урбанизација и девастација. И покрај тоа што повод за овој мирен протест е изградбата на спорниот хотел, протестот има за цел да го сврти вниманието на институциите и на јавноста кон сите обиди за уништување на крајбрежјето, езерото и Националниот парк Галичица, кои најчесто се…

повеќе...

Поставен камен темелникот за затворениот градски пазар

Денес со пригодна свеченост беше поставен камен темелникот на објектот за новиот градски затворен зелен пазар. Обраќајќи се пред присутните, градоначалникот Никола Бакрачески, испрати искрена честитка до првиот човек на АД „Илинден“ Радован Трајковски, за неговата храброст да инвестира во овој капитален објект за Охрид. „Непроценливо е чуството да бидеш дел од тимот кој што ги реализира проектите, капиталните инвестиции што генерации наназад ги ветуваа, но не успеаа да ги исполнат. Трудот кој што сите поединечно, но и како тим го вложивме, денес, го здогледува светлото на денот. Со оваа капитална…

повеќе...

Охридскиот пазар на нова – привремена локација

Охридскиот градски пазар се наоѓа на нова – привремена локација. Поради подготовки за изградба на нов затворен Градски пазар, на просторот на кој до вчера беше стариот пазар,  тезгите мораше да бидат преместени на друга соодветна локација. Како најблиска можна локација беше избран поранешниот паркинг кој е во непосредна близина. WebOhrid

повеќе...

Во декември издадени 333 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2016 се издадени 333 одобренија за градење што е за 0.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 433 793 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 199 (59.8%) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11.7%) за објекти од нискоградба и 95 (28.5%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 333 објекти,…

повеќе...

Во октомври издадено 291 одобрение за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2016 се издадени 291 одобрение за градење што е за 10.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 824 182 илјади денари што е за 44.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (64.3%) се наменети за објекти од високоградба, 36 (12.4%) за објекти од нискоградба и 68 (23.3%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 291 објект,…

повеќе...

Лице од струшко Биџево заработи кривична пријава поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (56) од струшкото село Биџево. Пријавениот, во текот на август оваа година, без одобрение за градење, продолжил со градба на туристичко-угостителски објект во место викано „Еленско“ во близина на хотелот „Макпетрол“ кај струшкото село Калишта. Се работи за доградба на 11 единечни објекти, бесправно започнати со градба во 1993 година кои пријавениот сакал да ги догради и да прикаже дека се изградени пред 2011 година со цел да ги легализира…

повеќе...

Во јули издадени 256 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2016 година се издадени 256 одобренија за градење што е за 28.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 462 458 илјади денари што е за 37.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 (70.7%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (9.4%) за објекти од нискоградба и 51 (19.9%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 256 објекти,…

повеќе...

Кривични пријави за стружани кои бесправно граделе во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј. (77) од Охрид, и против З.И. (49) и Н.Д. (50), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на месец мај 2016 година, без поседување на одобрение за градба издаден од надлежен орган, на имот сопственост на првопријавената на ул. „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид извршиле доградба на објект во кој инвеститор била првопријавената, а додека второ и третопријавените биле изведувачи. Од страна на градежен инспектор од Охрид констатирано е истото за што е…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Пештани поради узурпација на недвижност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правното лице ТДГПТУ „Толески Никола Дебој Инженеринг“-Охрид и против Н.Т. (59) од с. Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“. Во текот на 2016 година пријавените без одобрение за градење на земјиште во сопственост на Р. Македонија, а дадено на користење ЈУ Национален парк-Галичица, во центарот на с. Пештани изградиле бетонска ограда. Наведеното е констатирано од градежен инспектор од Охрид и за истото е донесено решение за отстранување на градбата.

повеќе...

Кривична пријава за стружанец кој бесправно градел

ПС Струга поднесе кривична пријава против И.Г.(31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во текот на јуни месец 2016 година, на катастарска парцела во Калишта – Струга на м.в. Еленско во сопственост на Р. Македонија, без одобрение за градба изградил објект од челична конструкција. Од страна на градежен инспектор на oпштина Струга составен е записник и донесено е решение со кое се наредува отстранување на градбата која се гради без одобрение.

повеќе...