Настаните со светско реноме ветуваат плодна туристичка сезона во Охрид

И покрај политичката криза, Охрид очекува плодна туристичка сезона и продолжување на трендот на пораст на туристичкиот промет во однос на изминатите години, онака како што се стартуваше во првото тримесечје од 2016 година. Музичките настани со светско реноме кои годинава ги поддржува општина Охрид, а кои ќе се случаат ова лето се очекува само во еден викенд да донесат над 15 000 нови гости на охридската ривиера. За вакви настани како и за состојбите во туризмот се разговараше на осмиот по ред состанок на Локалниот економски совет со кој…

повеќе...

Соработката со Франција ќе се проширува и во областа на туризмот

Успешната соработка меѓу Република Македонија и Република Франција и натаму ќе се продлабочува со нови содржини, од кои дел ќе се реализираат во Охрид- беше речено на денешната средба на Градоначалникот Никола Бакрачески и Претседателот на Советот на Општина Охрид Гордана Коњаноска со француска делеација, предводена од Изабел Марки Барбо, директор на Францускиот институт и советник за култура во Амбасадата на Франција во Македонија. Покрај успешната реализација на Фестивалот на францускиот филм и соработката со Фестивалот „ Охридско лето“ , на денешната средба, беше најавено проширување на соработката во областа…

повеќе...

Охриѓанки првенци на генерација во „Јахја Кемал“

Во домот на култура во Струга, приватното средно училиште „Јахја Кемал“, вечерва го одбележа доделувањето на дипломите. На пригодната свеченост збогатена со мултикултурна уметничка програма, свое обраќање имаше директорот на училиштето, Исмаил Ердил, кој на матурантите им поска успех и во понатамошното школување. Во рамки на манифестацијата беа доделени и признанија за ученици кои постигнале успех на некои од општинските, регионалните, државните и меѓународните натпреварувања. Исто така беа прогласени и првенците на генерацијата, а тоа се Софија Димоска и Сања Симоновиќ и двете од Охрид. Софија и Сања, во своите…

повеќе...

Охрид домаќин на македонско – чешки бизнис форум

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески , денеска прими висока делегација предводена од директорот на Одделот на канцеларијата на чешкиот претседател, Јиндриц Форејт , амбасадорот на Р. Чешка во Р. Македонија, Мирослав Рамеш и економски советници од чешката влада. Повод за работната средба беше македонско – чешкиот Бизнис Форум што на 9-ти и 10 јуни се одржува во Охрид а на кој ќе учествуваат, претседателот на Р. Чешка , Милош Земан, претседателот на Р. Македонија Ѓорге Иванов , познати чешки бизнисмени и новинари од најпознатите медиуми од оваа земја. Градоначалникот, Бакрачески…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ќе учествува на глобалниот состанок на градовите со езера

Градоначалникот нa Охрид, Никола Бакрачески ќе учествува на Третиот глобален состанок на официјалните делегации на членките на Европската мрежа на езера што утре (28 мај) се одржува во Исео – Италија како дел од фестивалот на европски езера. Во текот на утрешниот ден градоначалникот Бакрачески ќе има работна средба и со партнерите од Проектот LAKTIVE TOURISM, во кој Општина Охрид е значаен партнер. Овој европскиот партнерски проект на 5 европски држави, членки на Европската мрежа на езера (Италија, Словенија, Шпанија, Ирска и Македонија- Општина Охрид), како и два туроператори и…

повеќе...

Охрид е безбедно место и сите туристи треба без размислување да го посетат

Охрид е безбедно место за сите туристи а политичките лидери во земјава итно да ја разрешат политичката криза во Македонија која има влијание врз туризмот, порачаа од Охрид градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорот на кралството Холандија во Р. Македонија, Вилем Воутер Пломп кој е во еднодневна посета на нашиот град. „Се надеваме дека бројот на холандски туристи ќе го прати растечкиот тренд кој што го имаме изминативе години и од година во година ќе биде се поголем и поголем и тоа е јасна порака не само до граѓаните на Холандија…

повеќе...

Средба помеѓу градоначалникот Бакрачески со холандскиот амбасадор Пломп

Градоначалникот, Никола Бакрачески денеска оствари работна средба со амбасадорот на кралството Холандија во Р. Македонија, Вилем Волтер Пломп кој денеска престојува во Охрид. На состанокот што се одржа во кабинетот на Градоначалникот се разговараше за Стратегијата за развој на Охрид со акцент на туризмот при што беа разгледани аспектите и моделите кои битно влијаат на туристичкиот раст и развој на градот. Градоначалникот Бакрачески истакна дека воспоставувањето на директните авио линии од и до охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ како и инфрструктурните проекти пред се изградбата на автопатот до Охрид што…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Денот на Светите Кирил и Методиј

По повод одбележувањето на 24.Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот Никола Бакрачески, упати празнична честитка. -Нека ни е честит Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј кое нè обврзува да продолжиме да ги промовираме нивната мисија на учење и традицијата која се темели на мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста. Кирил и Методиј , веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет,…

повеќе...

Се реконструираат улици и потпорни ѕидови во стариот дел на Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска беше на увид на градежните активности кои се завршени или во тек на улиците „Кирил и Методиј“ „Кузман Капидан’“ и „Илинденска“ во стариот дел на Охрид, а кои се однесуваат на реконструкција и санација на плочникот и потпорните ѕидови. Градоначалникот најави дека во насока на одржување и зачувување на автентичниот изглед, активностите за реконструкција и преуредување на камените и гранитни коцки и санација на потпорните ѕидови наредниов период ќе продолжат речиси низ сите останати улици во старото градско јадро. На задоволство на жителите на…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод Националниот ден на Власите

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески упати честитки до сите припадници на влашката етничка заедница во Охрид и Република Македонија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите. „Ми причинува задоволство да истакнам дека со одбележувањето на овој празник се уважува големиот, културен и општествен придонес на влашката заедница. Нивната култура, традиции и обичаи си имаат свој дел, своја улога и своја историја инкорпорирани со историјата и културата на Охрид и Република Македонија. Вредностите кои ги негуваат Власите претставуваат значаен дел во севкупните заложби за зачувување на вредностите на нашето…

повеќе...