Градоначалникот Бакрачески се сретна со жителите од УЗ Стар град

Како добра практика за подобра комуникација со граѓаните, која градоначалникот Никола Бакрачески ја применува од неговото доаѓање за градоначалник, вечерва, тој оствари средба со жителите од УЗ Стар град. Ваквите средби претставуваат извор на идеи и проекти кои се од круцијално значење за жителите, како и можни решенија за нивните проблеми од секојдневието. На ваквите средби покрај градоначалникот и неговиот тим од Локалната самоуправа, присуствуваат и сите директори од Јавните претпријатија кои произлегуваат од Локалната самоуправа. Овој начин на работа на градоначалникот придонесува за реализација на приоритетните проектите, како и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод Меѓународниот ден на бошњаците

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, по повод 28 Септември- Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на Бошњачката етничка заедница во Охрид и во Република Македонија. „Припадниците на Бошњачката заедница се значаен дел во Охрид и Република Македонија , и со одбележувањето на овој ден се афирмира идентитетот и културата на оваа заедница која е дел од нашето мултиетничко општество. Во нашиот богат и единствен мултикултурен мозаик неизбришливо е присуството на Бошњачката заедница која со својата традиција и култура го збогатува нашето секојдневие и разноликост. Бошњаците како и припадниците…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод верскиот празник Курбан Бајрам

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод верскиот празник Курбан Бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед, во која посакува, празникот да го прослават во кругот на семејствата, роднините и пријателите, во хармонична и весела атмосфера, во духот на спокојството и меѓусебна солидарност. „Празнувањето на Курбан Бајрам, поминете го со пораки за добро здравје , среќа и бериќет во семејствата . Вашите мисли и срца нека бидат свртени кон мирот, радоста и заедништвото, како основни вредности за меѓусебно почитување и квалитетен соживот. Во духот на празникот, споделете ја среќата и радоста…

повеќе...

Усвоена физибилити студијата за изградба на марина на малото пристаниште во Охрид

Изгласувањето на точката за прифаќање на физибилити студијата за јавно приватно партнерство за изградба и управување со “мала марина“ на локација мало пристаниште, на денешната седница на Советот на општина Охрид, предизвика најмногу дискусии меѓу советниците и претставниците на локалната власт. Градоначалникот Никола Бакрачески, истакна дека ги разбира различните ставови во однос на оваа тема, но потсети дека Локалната самоуправа се води од законски прецизни и научно издржани анализи во спроведувањето на процедурите за сите проекти кои ги отпочнува: „За жал и денес како многу пати досега имавме доста произволни…

повеќе...

Швајцарски искуства за развој на охридскиот туризам

Се зацврстува соработката помеѓу Локалната самоуправа и швајцарската Влада во делот туризмот. Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и швајцарската фондација SWISSCONTACT, денес потпишаа градоначалникот Никола Бакрачески и директорката на програмата „Зголемување на пазарната вработливост“, Розанди Лоу. На чинот на потпишувањето присуствуваше и амбасадорот на Швајцарија во Р. Македонија, Н.Е. Стефано Лазарото. Според градоначалникот Никола Бакрачески меморандумот за соработка е исклучиво важен документ поврзан со развојот на туризмот и користењето на швајцарските искуства во овој бизнис сектор. „Крајната визија на ваквата соработка треба да биде целосно искористување на богатите културни…

повеќе...

Започна израдбата на фабриката на „ОДВ ЕЛЕКТРИК“

„Упатувам благодарност до градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој континуирано лобираше и не потсетуваше токму тука да се донеси некој инвеститор кој ќе инвестира и ќе отвори нови работни места“– истакна во своето обраќање , премиерот Никола Груевски по повод почетокот на изградбата на фабриката од германската компанија „ОДВ- Електрик“ во Технолошко – индустриската развојна зона во Струга. На свечениот чин покрај Премиерот Груевски присуствуваа и Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо, директорот на „ОДВ Електрик“ Лудвиг Батон и германската амбасадорка Кристине…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески се сретна со германската амбасадорка Алтхаузер

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше офицјална средба со амбасадорката на Германија во Република Македонија Кристине Алтхаузер. На средбата се разговарало за продлабочување на досегашната соработка, реализираните и проектите за идниот период кои се поддржани од германската амбасада. „Искрено и благодарам на амбасадорката Алтхаузер за посетата на Охрид и за поддршката што нивната амбасада ја дава за развојот на Охрид. Започнавме со проектот за обнова и реконструкција на детското игралиште кај каналот Студенчишта, со одобрување на нивни грант од речиси 8 илјади евра. Реконструкцијата се одвива со забрзана динамика и очекуваме…

повеќе...

Одбележан „Денот без автомобили“ во Охрид

Во рамки на Европската недела на мобилност која се одржува под мотото „Избери, промени, комбинирај“, општина Охрид го одбележа „Денот без автомобили“. По тој повод градоначалникот Никола Бакрачески, денес, на своето работно место пристигна на велосипед. Пред зградата на општина Охрид во соработка со СВР Охрид беше организиран настан за афирмација на намалувањето на употребата на автомобили, а пред присутните градоначалникот порача: „Дали можете да си замислите голем град како Париз без еден единствен автомобил на улиците? Тешко е да се замисли, но така ќе биде во Париз . Ако…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески во посета на Воден во Грција

Соработката со грчкиот град Воден која на градот Охрид му отвора можност за заедничко аплицирање до 530.000 евра кои стојат на располагање како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка на општините од пограничните региони на земјите кои граничат со Е.У. од денес почна да се спроведува на највисоко ниво. Градоначалникот Никола Бакрачески денес ја имаше првата официјална средба со градоначалникот на Воден Јану Димитриос, а присуствуваше и на официјалната прзентација на проектот ”Вотернет” кој двата града го спроведуваат преку високообразовните установи ФТОН од Охрид и Универзитетот ”Аристотел” од Солун.…

повеќе...

Партерно се уредуваат чешмите во Лешани

Партерно се уредува чешмата која што се наоѓа на плоштадот во селото Лешани, така што се изгради настрешница од метална конструкција покриена со шиндра и се санира оградата, информираат од Општина Дебрца. Исто така ќе се постават и дрвени клупи со што ќе се добие ново уредено катче за најмладите. Чешмата кај чинарот  ќе биде партерно уредена, со што ќе се поплочат патеки со травертин,ќе се постават дрвени клупи и ќе се уреди изворот, додаваат оттаму.

повеќе...