Градоначалникот Бакрачески оствари средба со жителите од УЗ „Даме Груев“, „Билјанини извори“ и „Лескајца”

Нови идеи и нови проекти кои ќе бидат реализирани во наредната година, е резултатот од денешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески и жителите од УЗ „Даме Груев“ , „Билјанини Извори“ и „Лескајца“. Покрај градоначалникот Бакрачески на средбата беа и претставници од стручните служби на Локалната самоуправа и директорите на јавните претпријатија. Граѓаните од овие урбани заедници, изразија огромно задоволство поради вакви средби кои станаа практика на Локалната самоуправа, средби преку кои се реализирани голем број на прокти и преку кои се решаваат приоритетните проблеми на жителите. Како главни барања кои…

повеќе...

Започнува новиот циклус на средби со урбаните и месните заедници

Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со претставници од стручните служби на општина Охрид како и претставници од Јавните прептријатија кои се под општина Охрид, од понеделник (07.11.2016) година, го стартуваат новиот циклус на средби и посети на урбаните и месните заедници. Со почеток во 17 часот во голема сала на општина Охрид, ќе се оствари средба со жителите од урбаните заедници „Билјанини извори“, „Даме Груев“ и „Лескајца“. Во вторник (08.11.2016) со почеток во 17 часот, исто така во голема сала ќе се оствари средба со жителите од УЗ „Кошишта“, „Железничка“ и…

повеќе...

Основците од „Григор Прличев“ добија современ кабинет по биологија

Во рамките на работната посета на Охрид, Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер и градоначалникот Бакрачески, го посетија реновираниот кабинет по биологија во ОУ „Григор Прличев“, заеднички проект на Германската амбасада и Општина Охрид. Заблагодарувјќи се на градоначалникот Бакрачески за срдечниот прием, Алтхаузер во оваа прилика истакна: „Верувам дека новите наставни материјали и помагала уште повеќе ќе ги мотивираат децата да учат и да ги истражуваат тајните на биологијата и другите природни науки, што можеше да се види од љубопитноста во нивните очи. Материјалните средства се една работа, а духот на училиштето…

повеќе...

Заврши ревитализацијата на манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид

Со пригодна свеченост денеска беше одбележано завршувањето на седумгодишниот проект за конзервација и ревитализација на манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид. Станува збор за исклучително важен проект спроведен со грант на Фондот за културна заштита на Амбасадата на САД, со кој е возобновен сјајот на еден од најзначајните средновековни споменици во Република Македонија, но и еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во светски рамки. Kонзерваторскитe зафати се изведени со највисоки конзерваторски стандарди и со примена на најсовремени техники и материјали. Поставен е и нов покрив, нов дренажен систем,…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до сите Македонци и граѓани на Република Македонија. „Славејќи го и одбележувајќи го 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, и денес после 123 години со нескриена восхит се сеќаваме на младите, храбри и одважни луѓе: Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, кои го поставија темелникот на сите слободарски борби на македонскиот народ. Слободарските идеали, храброста и пожртвуваноста, патриотизмот и херојството на македонскиот народ, преку…

повеќе...

Со свеченост ќе се одбележи 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Со пригодна свеченост, што ќе се одржи утре, општина Охрид ќе се вклучи во одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. На настанот ќе се обрати градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, а ќе се одржи и културно – уметничка програма. Настанот е закажан за 12 часот во голема сала на општина Охрид. Се покануваат сите охриѓани да го проследат овој свечен настан.

повеќе...

Градоначалникот и најблиските соработници донираа производи за помош на ранливите категории на граѓани

Со купување на прехранбени производи за ранливите катогории на граѓани, градоначалникот Никола Бакрачески и неговите најблиски соработници, се вклучија во одбележувањето на 16 октомври, Светскиот ден на храната и неделата на борба против гладта. Бакрачески во оваа пригода ги истакна програмите кои Општина Охрид и Советот ги реализираат во социјалната сфера, а посебно за оваа кампања истакна: „Општина Охрид заедно со општинската организација на Црвениот Крст, по четврти пат се вклучи во кампањата, со цел да се подигне свесноста за солидаризирање и помагање на ранливите категории на граѓани. Ги повикувам…

повеќе...

Интензивно се работи на санација на културниот дом во Лешани

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета селото Лешани каде интензивно се работи на санацијата на Културниот дом. Се работи за темелна санација на стариот Културен дом во Лешани, кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ “ДЕБРЦА” – с.Белчишта, реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Во рамките на објектот ќе има посебно одвоен простор кој ќе биде на располагање за локалното население. Инаку од пожарот што во ноември 2011 година го зафати Културниот дом ,…

повеќе...

Во Охрид се одржува работилница „Изградба на еколошката отпорност кај локалните заедници“

Во хотел Гранит, денес, започна тродневната регионална работилница, која е во организација на Регионалниот центар за животна средина за цетрална и источна Европа, а е дел од CRESSIDA проектот. Работилницата ја отвори градоначалникот Никола Бакрачески, кој на учесниците им посака топло добредојде и успешна работа. „Регионалната работилница, уверен сум дека ќе придонесе за размена на искуства во управувањето со меѓународните речни сливови каков што е случајот со реките Дрим и Дрина.Пилот проектите на општините вклучени во проектот, ќе помогнат за регионално вмрежување и изнаоѓање заеднички применливи решенија за управување со…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи регионална работилница „Изградба на еколошката отпорност кај локалните заедници“

Регионалниот центар за животна средина за Центална и Источна Европа (РЕЦ) организира Регионална работилница во рамки на проектот CRESSIDA на тема „Изградба на еколошката отпорност кај локалните заедници“. Работилницата е во рамки на проектот „CRESSIDA – Градење на локални одрливи и отпорни заедници, во рамки на меѓународните водени текови, како што е Дримскиот речен слив”, која ќе одржува од 12ти до 14ти октомври во Охрид. Работилницата официјално ќе биде отворена со воведно обраќање од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески.

повеќе...