Од март 2013 година на сила се воведените засилени мерки за контрола на афлатоксинот со задолжително лабораториско испитување на пченката и производите од пченка на граничните премини и во внатрешниот промет, како и наредбата за задолжително земање на мостри за испитување на афлатоксин кај увозното млеко и производите од млеко по потекло од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и од Косово. Сурово млеко од Република Словенија во земјава не се увезува, односно, во Република Македонија од оваа земја се врши само увоз на термички третирано млеко и производи од млеко…
повеќе...Tag: граница
Запленети 1200 пара фалсификувани патики
Царинските службеници на граничниот премин Богородица привремено задржаа 1200 пара патики поради сомневање дека се фалсификат. На 24 јануари, околу 20 часот, на Царинска испостава Богородица со транзитна декларација пријавени се обувки со потекло од Кина, натоварени во товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. Стоката која требало да транзитира низ територијата на Република Македонија била наменета за фирма увозник од Косово. При спроведената контрола, во возилото меѓу пријавените обувки, царинските службеници пронајдоа 1200 пара брендирани патики за кои постои сомневање дека се фалсификати. Доколку производите…
повеќе...Запленети дезодоранси, тоалетни води и 124 чека на Богородица
На граничниот премин Богорoдица, вчера, во два одвоени случаи привремено се задржани приближно 15 илјади парчиња дезодоранси и тоалетни води и 124 чека со вредност од 1.443.565 евра. На 20 јануари 2014 година во 13 часот на граничен премин Богордица за транзит низ државата се пријави лице со турско државјанство. Лицето управувало товарно моторно возило со турски регистарски ознаки натоварено со збирна стока од Турција. Стоката која требало да транзитира низ Република Македонија била наменета за фирма увозник од Косово. Со транзитна декларација пријавени биле козметички препарати – 14.776 парчиња…
повеќе...Откриени два килограми хероин на граничниот премин Богородица
Царинските службеници од граничниот премин Богородица – автопат спречија обид за нелегално пренесување на 2 кг високо квалитетен хероин. Денес (06.01.2014година) околу 05:30 часот, за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица се пријави автобус на транспoртната фирма од Истанбул, Турција. При детален прегледот на патниците од автобусот кај една патничка албански државјанин, на нејзиното тело, поточно над стомакот се откриени 7 (седум) пакетчиња со непозната прашкаста материја со светло кафена боја со тежина околу 2000 грама. По извршеното тестирање на пронајдената светло кафена материја со тестери за дрога…
повеќе...Македонија и Србија со заеднички контакт центар за полициска соработка
Македонската и српската полиција добија заеднички контакт центар за соработка на граничниот премин Табановце. Центарот, ќе овозможи поблиска соработка и размена на информации на полициските службеници како и полесно разрешување на евентуални спорни ситуации. Министерката за внатрешни работи на Република Македонија Гордана Јанкулоска и српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кои го пуштија во употреба контакт центарот, потпишаа и протокол за полициска соработка за време на туристичката сезона. „Заедничкиот контакт центар очекуваме да даде придонес во зголемување на ефикансноста на двете држави, посебно ако се земе предвид…
повеќе...Пресечен уште еден меѓународен нарко-канал, запленети речиси 140 килограми марихуана
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Царинската Управа на Р. Македонија –специјални царински мобилни единици реализира случај на недозволена трговија со наркотична дрога – марихуана со висок квалитет, при што запленети се 138,936 килограми марихуана со што е пресечен меѓународен нарко-канал од Р.Македонија преку Р.Бугарија до западноевропските земји. По спроведена повеќемесечна истрага раководена од надлежен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во која се применети посебни истражни мерки, вчера (17.12.) околу 10,30 часот на ГП “Делчево“ на излез од Р.…
повеќе...Откриена марихуана во тетрапак сокови
Царинските службеници спречија обид за шверц на марихуанa сокриена во тетрапак сокови. Вчера, 12 декември, околу 11:30 часот, на граничниот премин Табановце, за излез од државата се пријави автобус со македонски регистарски ознаки сопственост на превозната компанија oд Скопје, кој сообраќал на вонредна линија Тетово-Берлин. При царинската конторла, и покрај тоа што сите патници одговориле дека немаат ништо за пријавување, поради сомнително однесување селектирано е за контрола лицето Г.Д. – македонски државјанин. При прегледот на неговата патна торба, покрај личната гардероба пронајдена е и најлон кеса со јадење и 2…
повеќе...Запленети 24 илјади швајцарски франци на скопскиот аеродром
Царинските службеници на аеродромот Александар Велики во Скопје, спречија обид за нелегално внесување во државата на 24 илјади швајцарски франци. Вчера, околу 17 часот, на Аеродром Александар Велики во Скопје, за влез во Република Македонија, се пријави патничка во инвалидска количка, со иницијали С.И., придружувана од нејзиниот сопруг, двајцата македонски државјани, кои пристигнале со лет од Цирих. И покрај тоа што се определиле за зелен канал, каде поминуваат патници кои немаат ништо за пријавување, царинските службеници ги селектирале за детален преглед. При прегледот, во рачната чанта на патничката и во…
повеќе...Триесет милиони евра од ЕК за Македонија за реформите и за меѓугранична соработка
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија Александра Кас Грање денеска потпишаa спогодби за финансирање меѓу Владата на Република Македонија и Европската Комисија во висина од околу 30 милиони евра. ЕК со овие средства ќе поддржи продолжување на реформите и осум проекти за прекугранична соработка на Македонија со Грција. Бесими и Кас Грање ги потпишаа Спогодбата за финансирање меѓу Владата на РМ и ЕК за Националната програма за Компонентата за помош во транзиција и институционална надградба за 2012 година, во рамките на…
повеќе...Спречен обид за шверц на накит
Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за нелегално внесување на околу 1500 парчиња накит Swarovski. На 18 ноември 2013 година, околу 9 часот наутро, на граничниот премин Деве Баир за влез во државата се пријави патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управуван од бугарски државјани, а како сопатник патувала и осомничената во случајот, исто така бугарска државјанка, со иницијали И.А. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават, патниците изјавиле дека немаат ништо за пријавување и дека патуваат туристички во Скопје каде ќе останат…
повеќе...