Министерството за внатрешни работи откри огромна количина на криумчарени обувки. Во соработка со Царинската управа во натамошна постапка ќе се утврдува дали запленетите обувки се оригинали или фалсификати и кои стои зад нивниот увоз во Република Македонија, односно дали истите биле наменети за нивна продажба во земјава или за натамошен извоз. Случајот е откриен откако патрола на мобилната единица “Алфа” запрела возило на патот кој води од с.Визбегово кон Шуто Оризари, при конторла на возилото алфите забележале неколку кутии со обувки кои веројатно биле земени како мостри, веднаш потоа…
повеќе...Tag: граница
Спречен обид за шверц на 70 илјади евра
Царинските службеници на граничен премин Богородица во средата спречија обид за нелегално внесување на 70 илјади евра. На 13 Ноември околу 14:30 часот за влез во Македонија се пријави патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од грчки државјанин со иницијали М.П. со кој патувале неговата сопруга и ќерка. На прашање дали имаат да пријават нешто за царинска контрола, возачот и патниците во возилото одговориле дека немаат ништо за пријавување. Поради основано сомневање во одговорот, царинските службеници извршија контрола на возилото при што на задното седиште, во црна ташна пронајдени…
повеќе...Американската амбасада донираше софистицирана опрема за граничната полиција и царинската служба
Денес се одржа свечено предавање на опрема на Граничната Полиција при Министерството за внатрешни работи и Царинската управа при Министерството за финансии, што е обезбедена преку Програмата на Амбасадата на САД за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS). На свеченоста свое обраќање имаа Американскиот Амбасадор Пол Волерс, регионалниот EXBS советник Џорџ Кларк, Министерката Гордана Јанкуловска и Директорот на Царинска управа Ванчо Каргов. „Токму безбедноста на границите е еден од приоритетите кои што ги имаме особено заради глобалниот развој на настаните и бројните конфликти што резултираа со значителни миграциони бранови“, –…
повеќе...Спречен обид за шверц на лекови
На 1 ноември 2013 година (петок), царинските инспектори од специјалната оперативна единица на граничниот премин Блаце при извршена контрола на товарно моторнo возило-комбе спречија обид за шверц на лекови. Царинските инспектори при вршење на контрола на обиколницата околу Скопје во правец кон Тетово, на 01.11.2013 година околу 16:45 часот сопреа товарно возило-комбе со косовски регистарски ознаки управувано од косовски државјанин со иницијали А.Ѓ. Лицето започнало транзитна постапка за лекови наменети за фирма увозник од Косово, низ Република Македонија во 15:34 часот од граничниот премин Богородица кон граничниот премин Блаце. Првична…
повеќе...Запленето огнено оружје и муниција на Деве Баир
На граничниот премин Деве Баир вчера, царинските службеници спречија обид за шверц на поголема количина огнено оружје, муниција и распрскувачки материи. Вчера 13.10.2013, околу 15:00 часот, за излез од Република Македонија на граничниот премин Деве Баир се пријави патничко моторно возило марка „Опел Астра“ со грчки регистарски ознаки управувано од албански државјанин. При преглeдот на возилото во фабричките шуплини од левата и десната страна на задните врати под тапацирот, како и во багажниот простор исто така под тапацирот, царинските службеници пронајдоа> · 8 автоматски пушки, ·…
повеќе...Запленето поголемо количество шверцувана стока вредна околу 500.000 денари
Регионалниот центар за гранични работи-Север, завчеравечер (10 октомври) реализираше случај на кримчарење со текстил при што беа запленети околу 3254 парчиња разновиден текстил натоварени на четири коњи со вредност на стоката од околу 450 000 до 500 000 денари. Во врска со случајот РЦ за ГР Север до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, ќе поднесе соодветна пријава против НН сторител, поради постоење на основано сомнение дека извршило кривично дело „криумчарење“. Имено, по предходни оперативни сознанија и изготвен план за постапување на службите на м.в. “Широка ливада“, атар…
повеќе...Пронајдени и одземени 15 килограми марихуана во атарот на Љубаништа
Во акција за сузбивање на прекуграничниот криминал изведена синоќа во атарот на селото Љубаништа, охридската гранична полиција пронајде и одзеде околу 15 килограми опојна дрога марихуана. Акцијата на граничната полиција, синоќа околу 21 часот се реализира со поставување на полициска заседа во приграничното планинско подрачје на илегална патека која од албанска територија води кон територијата на Република Македонија и излегува на регионалниот пат Св.Наум-Охрид. Девет паковања марихуана завиткани во црна најлонска кеса, граничните полициски службеници пронајдоа синоќа додека седум паковања се пронајдени денес сокриени во автомобилска гума оставена во…
повеќе...Спречен шверц на околу 500 свечени фустани за Германија
Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за шверц на голема количина свечени фустани. На 21.09.2013 година во 02:00 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица, пристигна патничко моторно возило со германски регистерски таблички, управувано од турски државјанин придружуван од сопатник германски државјанин. При рутински преглед на возилото, царинските службеници забележаа дека истото е полно со картонски кутии со стока, која лицата воопшто не ја пријавиле за царинска контрола. При детален преглед, пронајдени се вкупно 480 непријавени свечени фустани, спакувани во 18 картонски кутии, сместени во…
повеќе...748 штеки цигари запленети на аеродромот во Скопје
Царинските службеници на Аеродоромот „Александар Велики“ – Скопје, утрово спречија обид за шверц на 748 штеки цигари. Околу 05:00 часот на скопскиот Аеродром Александар Велики царинските службеници во соработка со граничната полиција, при вршење на редовна контрола на стоки и патници за летот на релација Скопје – Лондон Лутон, кај четворица македонски државјани пријавени за излез од државата открија поголема количина цигари од различен бренд. На прашањето дали имаат нешто да пријават четворицата патници, сите со двојно државјанство и носители на бугарски пасоши, одговориле негативно. По барање на царинските службеници…
повеќе...Укинат надоместокот за граѓани и возила од Косово
Започнувајќи од 00:00 часот синоќа (15 септември), повеќе не се наплаќа надомест при влез на територијата на Репблика Македонија на граѓани на Косово и за сите видови на возила регистрирани во Република Косово. Министерството за трговија и индустрија на Република Косово донеесе Одлука за укинување на Одлуката за забрана на увоз на сите стоки со потекло од Република Македонија која влезе во сила на 15 септември 2013 година во 00:00 часот. Со тоа престанува да се применува Одлуката на Владата на РМ за воведување на паричен надомест за влез на…
повеќе...